3ЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола, а три изгаснати
1Клековски: Ги мобилизираме сите надлежни институции за координиран одговор на западнонилската треска
КултураПочнува четвртото издание на Фестивалот на нем и класичен филм во Кинотека„Андалузиски пес“ во режија на Луис Буњуел, едно од највлијателните дела во историјата на кинематографијата денеска ќе го отвори четвртото издание на Фестивалот на нем и класичен филм во Кинотека на Македонија.Како што информираат од Кинотека, проекцијата на филмот има музичка придружба во изведба на пијанистот Милош Станојевиќ, еминентен српски пијанист и добитник на повеќе награди на државни натпревари во Србија. Дел од програмата на четвртото издание на Фестивалот кој ќе трае до 16 септември се и „Дискретниот шарм на буржоазијата“, „Алиса во земјата на чудата“, „Раскажување“, „Жан Мари Штрауб и Даниел Хује работат на филм заснован на фрагментот од романот на Франц Кафка „Америка““, „Изразот на рацете“, „Времето проаѓа низ градот“, „Убавицата“, „Како да се живее во Фрг“, „Разговорот“, „Пристаниште“, „ МАРШ! МАРШ! ТРА-ТА-ТА!“, „Писмо“, „Кога бев дете“, „Девојката и ехото“ и „Уцена“, Реализацијата на Фестивалот на нема и класичен филм е поддржана од Амбасадата на Шпанија во Македонија, од српскиот културен центар во Скопје - „Спона“, Гете-институт Скопје, ФАМЕ’С Институт./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре пороен дожд и грмежи, па пеколни температуриПо топлото и сончево време, во Македонија следува краткотрајна нестабилност, по која од четврток се очекува нов период на многу високи температури.Според прогнозата на управа за хидрометеоролошки работи, во текот на утрешниот ден на места ќе има услови за појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Нестабилноста ќе биде локална, а во среда услови за развој на нестабилност ќе има претежно во планинските региони. Но, заладувањето ќе биде краткотрајно. Од четврток следува период на многу топло време, а особено високи температури се очекуваат во текот на викендот, кога дневните температури на места би можеле да надминат 40 степени целзиусови.Тагови: дожд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРазрешениот министер Љутков стана национален координатор за култураЕкс-министерто за култура Зоран Љутков нема да се врати во Драмскиот театар, туку ќе продолжи да биде дел од владиот кабинет, потврдуваат од владата.Неговата нова позиција е национален координатор за култура. -Неговото докажано искуство, пред се како докажан актер е предност и додадена вредност во владиниот кабинет – велат од владата за Канал 5. Љутков беше минстер од формирањето на владата во 2024 година, а функцијата ја напушти во рамки на реконструкцијата на владиниот состав кога на негово место беше избран дотогашниот заменик-министер Седат Сулејмани.Тагови: Зоран Љутков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола, а три изгаснатиПет пожари се активни до 13 часот, два се ставени под контрола, а три се изгаснати, информираше ЦУК. Активни пожари има во општина Студеничани кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер каде гори мешана шума, во општина Македонски Брод кај селата Драгов Дол и Локвица, опожарена е ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Во општините Велес кај село С’лп и селата Добрино и Тисовица во општина Зелениково, каде гори ниска вегетација, дабова и габерова шума и квалитетна дабова шума. Мешана шума гори на просторот меѓу општините Јегуновце, Желино и Сарај, а во општина Штип во населба Балканска каде гори ниска вегетација. Тагови: ЦУК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter