Почнува Балканската лига во хокеј на мраз - Канал 5

Почнува Балканската лига во хокеј на мраз

Во организација на Македонската хокеј федерација, а со поддршка од Агенцијата за млади и спорт (АМС) претстојниот викенд започнува Балканската лига во хокеј на мраз.

Почнува Балканската лига во хокеј на мраз
АМС го помогна овој проект во насока на промоција и афирмација на хокејот во нашата земја, вели директорот на Агенцијата Марјан Спасески.

- Балканската хокеј лига е круна на напорите за промоција и омасовување на хокејот како спорт во нашата држава. Македонската хокеј федерација и Агенцијата за млади и спорт прават огромни напори за повторно заживување на хокејот во нашата земја, како спорт кој и тоа како бил повеќе од атрактивен во Скопје во периодот на седумдесеттите и осумдесеттите години од минатиот век. Токму во таа насока се и проектите што ги реализира Хокеј федерацијата на Македонија со поддршка на Агенцијата за млади и спорт, како што се „Школите за млади хокеари“ и „Отворените денови на хокејот“. Тие се реализираат со единствена цел да придобиеме многу млади луѓе да го засакаат овој спорт и професионално да почнат да спортуваат”, истакна Спасески.

Финансиска поддршка за проектите на Хокеј федерацијата на Македонија од буџетот на АМС оваа година изнесува 400.000 денари.

- Агенција за млади и спорт е презадоволна од фактот што секојдневно расте бројот на деца што се занимаваат со хокеј и ваквите проекти се показател дека сме чекор поблиску до приближување на хокејот до младите додаде Спасески.

Од осумте екипи во лигата Македонија ќе има три претставници, а останатие се од Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Грција.
Екипите ќе бидат поделени во две дивизии.
Во првата дивизија ќе настапуваат: Металург од Скопје, Спартак Суботица, Славија Софија и Вукови Сараево.
Во втората дивизија ќе настапуваат 2 македонски екипи, една екипа од Грција и една од Бугарија.

- Во првата дивизија ќе се играат вкупно пет турнири, од кои два во Скопје и по еден во Сараево, Суботица и Софија, додека пак во втората дивизија ќе се играат вкупно три турнири и тоа сите во Скопје. Втората дивизија практично ќе се смета и за државно првенство на Македонија во хокеј на мраз, истакна Никола Тасев претседател на Хокеј федерацијата на Македонија.

Првиот турнир од Балканската лига ќе се игра од утре до недела на лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“. Македонската публика ќе има можност да гледа квалитетен меѓународен хокеј.

Двојките за утре се:

21:00 часот Металург Скопје - Спартак Суботица,
22:45 часот Славија Софија Вукови Сараево. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер