Почнува 55. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински" во Прилеп - Канал 5

Почнува 55. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински" во Прилеп

Фестивалот не се одржа лани поради пандемијата кога требаше да го одбележи јубилејот. Во овој нов термин, од денеска до наредниот петок има 13 претстави на македонските професионални театри.

Почнува 55. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински" во Прилеп

Со доделувањето на наградите за животно дело на актерите Емил Рубен и Борис Чоревски и на сценографот Крсте С. Џидров и со претставата на Македонскиот народен театар „Мој Термин" вечер на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков" ќе биде отворен јубилејниот, 55. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински".

Фестивалот не се одржа лани поради пандемијата кога требаше да го одбележи јубилејот. Во овој нов термин, од денеска до наредниот петок има 13 претстави на македонските професионални театри.

Според уметничкиот директор на Фестивалот Катарина Коцевска Хаџивасилева театарската уметност трпи поради пандемијата, но не може да ја запре уметноста на сцената.

– 55 години одржување на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински" е бројка за почит. Секогаш почнувал во првиот петок од јуни, но поради пандемијата, не само што една година „прескокнавме", лани беше невозможно да се замисли да се одржува Фестивалот со актери на сцената и со публика во салите, туку се промени терминот. Бидејќи се создадоа можности, но со сите протоколи, сега од 1 до 8 октомври го одржуваме јобилејното издание на МТФ „Војдан Чернодрински". Иако формата на Фестивалот не е како што планиравме, достојна за еден голем јубилеј, сепак за почит е и фасцинантно е што имаме 13 претстави на театрите од земјава, рече на денешната прес-конференција Коцевска Хаџивасилева.

Нагласи дека протоколите мора да ги почитуваме: на претставите ќе има 30 отсто публика, со доказ за сертификат за вакцинација.

-Имаме, сепак обемна програма, барем по две претстави на ден. Подготвени сме доколку се случуваат промени поради ковид-ситуацијата. Веќе пред еден ден мораше да извршиме промена на претстава од еден театар поради актер, позитивен на Ковид. Се надеваме дека нема да има големи измени, рече Коцевска Хаџивасилева.

Театарската уметност е погодена од пандемијата зашто се игра „во живо", пред публика и на сцената, но театарската уметност ќе го преживее и оваа премрежје. – Иако немаме премиери во „редовен обем", но сепак има. Нѐ погоди оваа ситуација. Сега заживува во театрите, се прават претстави. Потребата да играш и да си на сцената, постои. Можеби оваа ситуација нѐ забави, но не нѐ запре. Театарот ќе опстои како и овие 2.000 години, вели Коцевска Хаџивасилева.

Вечер пригодно и свечено ќе им бидат доделени наградите за животно дело на добитниците, а потоа е и првата претстава во конкуренцијата за награди: претставата на Македонскиот народен театар „Мој Термин" по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева, во режија на Синиша Евтимов. Во претставата играат: Јордан Симонов, Тања Кочовска, Оливер Митковски, Николина Кујача, Александар Микиќ, Сашка Димитровска и Александар Михајловски.

Се очекува фестивалот да го отвори министерката за култура Ирена Стефоска. Во својата програма освен 13-те претстави, Фестивалот нуди и промоции и трибина на тема „Театарот во Ковид-19, проблеми и решенија".

Жирито кое ќе ги оценува претставите и ќе ги додели најпрестижните награди на крајот на фестивалот, 8 октомври, е во состав: Ѕвездана Ангеловска, актер и режисер, Бајруш Мјаку, актер и Александар Милосављевиќ, театролог од Србија.

Фестивалот ќе биде затворен на 8 октомври со претставата во чест на наградените „Драмски за Конески" во породукција на Драмски театар од Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Падна мал авион во Грција непосредно пред слетувањето- нема преживеани

Двајцата пилоти загинаа во пад на едномоторен авион во областа Контариотис во регионот Пиерија во Грција. 

Падна мал авион во Грција непосредно пред слетувањето- нема преживеани

Околностите на падот се уште се нејасни, а истражителите ја истражуваат можноста за техничка неисправност и човечка грешка.

Според досегашните информации, пилотот се обидувал да слета на пистата на летачкиот клуб Контариотис кога авионот одеднаш изгубил висина и се урнал.

Според извештаите на членовите на летачкиот клуб, кои разговарале со еден од пилотите само неколку секунди пред падот, немало индикации дека авионот имал технички проблеми.

Според грчката телевизија ANT1, летот бил рутински и не биле пријавени никакви дефекти до падот.

Авионот претходно извршил ниско прелетување, а потоа повторно добил висина за да направи свртување и да се усогласи со пистата. Авионот бил во последните фази од своето приближување пред слетувањето кога се случила несреќата.

Полицијата досега завршила дел од истрагата, додека ги чека наодите на Комитетот за истрага на воздушни несреќи, кои треба да помогнат во утврдувањето на точната причина за падот.

Сè уште не е познато што предизвикало авионот да изгуби висина и да се сруши.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кристијано Роналдо е суспендиран и доби неверојатна парична казна, што сам си ја одредил

Кристијано Роналдо е суспендиран од Португалската фудбалска федерација на 30 дена и казнет со „астрономска сума“ од 255 евра.

Кристијано Роналдо е суспендиран и доби неверојатна парична казна, што сам си ја одредил

Причината, секако, е неговото заминување од кампот на репрезентацијата пред натпреварот против Данска. За да биде работата уште побизарна, самиот Роналдо ја предложи казната што федерацијата (секако) ја усвои.

Ова е навистина бизарен исход од целата ситуација што става крај на случајот и проблемот Роналдо и Жесус. Значи, еден од најголемите играчи на сите времиња повторно ќе игра за португалската репрезентација.

Роналдо демонстративно го напушти кампот на репрезентацијата, наводно поради несогласувања со тренерот Жесус. Тој не сакаше да се врати додека тренерот не се извини, што не го стори, но сепак одлучи да ја отслужи казната и покрај извинувањето и да се врати во репрезентацијата со која го освои Европското првенство и Лигата на нации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мекларен продава пет функционални Ф1 болиди

Mclaren одлучи да продаде пет целосно функционални автомобили од Формула 1 од својата историска колекција.

Мекларен продава пет функционални Ф1 болиди

Мекларен одлучи да продаде пет целосно функционални автомобили од Формула 1 од својата историска колекција, вклучувајќи автомобили поврзани со Аиртон Сена, Луис Хамилтон, Џенсон Батон и Ландо Норис. Еден од нив го возел холивудскиот актер Бред Пит.

Најзначаен е McLaren од 2023 година, кој Норис го возеше во Формула 1 и кој Пит го тестираше на патеката „Circuit of the Americas“ во Остин минатиот јуни, како дел од подготовките за филмот „Формула 1“. Според Ројтерс, Пит достигнал брзина од 317 км/ч во тој автомобил. Тоа е најмодерниот автомобил од Формула 1 што му е понуден на приватен купувач.

„Тие се направени за возење“

Два McLaren MP4/6A од 1991 година се исто така на продажба. Тие беа возени од Герхард Бергер, додека Аиртон Сена ги тестираше во текот на сезоната во која ја освои својата трета титула. MP4/27A од 2012 година, управуван од Џенсон Батон и тестиран од Луис Хамилтон, е исто така на продажба, како и автомобилот на Норис од 2021 година.

Болидите ќе ги продава специјализираниот дилер Том Хартли Џуниор, а Мекларен ќе ги подготви за возење пред да им ги предаде на нивните нови сопственици. Шефот на Мекларен Рејсинг, Зак Браун, објасни дека не сакаат ваквите автомобили само да стојат во складиште.

„Овие автомобили се изградени за возење и трки. Сакаме да се користат и да се ужива во нив“, рече Браун.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер