Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
1Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
КултураПочнува 55. Балкански фестивал на народни песни и игри Традиционално со настап на Ансамблот за народни песни и игри на Македонија „Танец“ вечер на сцената „Долни Сарај“ ќе почне 55. јубилејното издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри.Љубителите на фолклорот утре ќе може да ги проследат настапите на ансамблите „Александар Македонски“ од Мелбурн и „Гоце Делчев“ од Битола, како и КУД „Дримкол“ од Вевчани. На фестивалската програма в сабота се настапите на ансамблите „Китка“ од Истибања и „Македонски бисери“ од Австралија и фолклорниот Ансамбл од Турција. На затворањето на фестивалот во недела, ќе настапат ансамблите „Пловдив“ од Бугарија, „Искра“ од Црна Гора и КУД „Отексфолк“ од Охрид. Покровител на фестивалот е Собранието на Република Македонија, а финансиски е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија и пријателите на фестивалот. Влезот на сите фестивалски вечери е слободен, а настапите почнуваат во 21 часот. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Има големни злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01
МакедонијаСДСМ: Арамијата Мицкоски ги турна земјоделците во длабока криза - мерките на СДСМ се спасАрамијата Мицкоски ги турна земјоделците во катастрофлано лоша состојба.Нема откуп. Родот им скапува на нивите. А и тоа малку што се откупува, се плаќа по понижувачки цени. Земјоделците работат од утро до мрак, вложуваат сè што имаат, а на крајот не можат ниту да ги покријат трошоците. Сите земјоделци се погодени од лошите и криминални политики на Арамијата Мицкоски. Затоа, поднесовме Закон за финансиска поддршка на земјоделците. Сега кога им е неопходна. За лозарите - 8 денари за секој килограм произведено и продадено грозје од сортите „Вранец“ и „Кратошија“. За оние кои нема да успеат да го продадат грозјето – 300.000 денари по хектар за пријавни лозови насади. -За производителите на пиперка „ајварка“ 10 денари по килограм продадена пиперка, плус 200.000 денари по хектар за евидентираните засадени површини. -За производителите на пченица 5 денари по килограм, без разлика дали пченицата е продадена на регистриран откупувач или е складирана во евидентиран склад. -За сточарите 8.000 денари по грло говедо за производство на млеко и месо. -За оризарите 10 денари по килограм произведена и продадена оризова арпа кај регистриран откупувач во 2026 година. Корисници ќе бидат и земјоделските стопанства регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. Земјоделството е производство, егзистенција и сигурност за илјадници семејства. Не да се распродава македонската земја зa туѓи профити. Не земјата и водата да им се ставаат на располагање на туѓи бизнис-интереси. Не луѓето што произведуваат храна да се оставаат без земја, без вода, без откуп и без поддршка. Поддршка за земјоделците сега! Да, за Македонија да застане зад оние кои ја хранат! Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски – членка на ИО Скопје, 23.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Свет11 загинати во масовно пукање во Квамахута: Полицијата открива детали за нападотЕдинаесет лица загинаа, а тројца се повредени во масовно пукање што се случи доцна во ноќта во населбата Квамахута во Дурбан, во источниот дел на Јужна Африка.Пукањето се случило во Квамахута, јужно од Дурбан, објави јужноафриканскиот ТВ-канал „eNCA“, напоменувајќи дека меѓу жртвите имало и бремена жена. „Жртвите, меѓу кои и бремена жена, биле собрани во една куќа, нешто пред 23 часот, кога вооружени напаѓачи упаднале на местото и отвориле оган“, изјави за медиумите премиерот на провинцијата Квазулу-Натал, Тамсанга Нтули, додавајќи дека две лица го преживеале нападот. Според првичните информации, двајца напаѓачи упаднале во домот каде што имало 14 лица и отвориле оган. Десет лица загинале на самото место, додека единаесеттата жртва им подлегнала на повредите при транспортот кон болницата. 🚨 BREAKING: 11 killed, 3 injured in KwaMakhutha mass shooting Three armed men reportedly stormed a house in the Ziko area, south of #Durban, late Tuesday night and opened fire. A pregnant woman was among those killed.#Mnakwethu Senzo Mchunu #MorningLive pic.twitter.com/IpqN35EmlE — Africa Affair (@affair_africa) September 23, 2026 Пред да побегнат од местото на настанот, напаѓачите го запалиле возилото на сопственикот на куќата. Според соопштението на полицијата во Квазулу-Натал, прелиминарната истрага открила дека некои од жртвите биле под надзор на полициските разузнавачки служби поради сомневања за незаконски активности, чии детали полицијата не можела да ги открие. „Иако мотивот за пукањето сè уште не е потврден, не може да се исклучи можноста за судир меѓу ривалски групи“, се наведува во полициското соопштение. 🚨 BREAKING: 11 killed, 3 injured in KwaMakhutha mass shooting Three armed men reportedly stormed a house in the Ziko area, south of #Durban, late Tuesday night and opened fire. A pregnant woman was among those killed.#Mnakwethu Senzo Mchunu #MorningLive pic.twitter.com/IpqN35EmlE — Africa Affair (@affair_africa) September 23, 2026 Тагови: Африка пукање Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Има големни злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01
КултураФинале на Скопски градски фестивал: Васко Атанасовски и полифонија во петокВо петок, 25 септември, со концертот на словенечкиот саксофонист и композитор Васко Атанасовски и Полифонија, ќе заврши седмото издание на Скопскиот градски фестивал, во организација на Баги Комуникации.Зад фестивалот се неколку исклучителни концертни вечери, секоја со свој карактер, звук и енергија. Уметници од шест земји, премиерни изведби, нови музички соработки и различни генерации музичари ја создадоа годинашната фестивалска приказна, во која се сретнаа џезот, класичната музика, современото авторско творештво и музичките традиции на Балканот. Силно фестивалско доживување донесоа Мартин Ѓаконовски, Gent Rushi и Thanos Stavridis, трио составено специјално за Скопскиот градски фестивал. Иако во Скопје за првпат засвиреа заедно, тројцата музичари од Македонија, Албанија и Грција на сцената функционираа како одамна изградена целина. Нивните различни музички искуства се споија во возбудлив и природен звук, во кој џезот, етното и медитеранските влијанија постојано се надополнуваа. Премиерата на делото создадено за фестивалот покажа колку интересна и автентична музика може да произлезе од една сосема нова уметничка средба. Сосема поинаква концертна вечер донесоа пијанистката Милјана Николиќ со програмата „Балкански композитори“ и Мухамед Ибрахими со својот настап заедно со пијанистот Бобан Мирковски. Современата класична музика на автори од регионот и препознатливиот авторски израз на Ибрахими создадоа два различни музички света во една вечер и уште еднаш ја покажаа широчината на фестивалската програма. Еден од концертите што остави најсилен впечаток беше настапот на Антонио Илиоски и Јана Лолова, со кој го промовираа албумот „Beyond The Silence“. Пред публиката поставија сериозен изведувачки предизвик – програма со дела од Брамс, Дебиси, Прокофјев и Шуман – и го донесоа со извонредна музичка сигурност и убедливост. Особено внимание привлече Антонио Илиоски: млад виолончелист со впечатлива техника, силно сценско присуство и интерпретативна зрелост која далеку ги надминува неговите години. Концертот беше едно од оние фестивалски откритија што најавуваат уметник од кого допрва многу ќе се слуша. Една од најубавите слики на годинашниот фестивал дојде од летната сцена „Лепеза“ во Градскиот парк, каде настапи младата скопска група Фрекфенција, составена од ученици од основно училиште. Нивниот настап внесе поинаква енергија во фестивалот и покажа колку е важно простор да добијат и оние кои се на самиот почеток од својот музички пат. Ова издание на фестивалот можеби најдобро покажа што сакаме Скопски градски фестивал да биде – место каде не се носат само готови концертни програми, туку се создаваат нови музички средби и соработки. Особено нè радува што видовме извонредни музичари од различни генерации и од шест земји на иста фестивалска сцена, а публиката со подеднакво внимание ги следеше многу различните концертни програми“, велат од Баги Комуникации. По концертните вечери кои секоја на свој начин го одбележаа годинашното издание, во петок фестивалот ќе го заокружи Васко Атанасовски, еден од најпрепознатливите современи словенечки саксофонисти и композитори. Во Скопје, Атанасовски ќе настапи со Полифонија, кој го сочинуваат врвните македонски музичари Сања Шуплевска – виолина, Гоце Вангеловски – виолина, Кристина Стојановска – виола, Александра Јаневска – виолончело и Гоце Маротов – контрабас. Атанасовски зад себе има богата меѓународна концертна и дискографска кариера и препознатлив авторски јазик во кој се среќаваат џезот, импровизацијата и музичките традиции на Балканот. Со Полифонија ќе изведе свои авторски композиции и музика инспирирана од балканското музичко наследство, во концертот со кој ќе биде затворено седмото издание на Скопскиот градски фестивал. Основан во 2020 година, Скопскиот градски фестивал во своите седум изданија изгради препознатлив програмски идентитет и свое место на домашната културна сцена. Повеќе од 100 уметници од Македонија и регионот досега биле дел од фестивалот, кој низ годините иницираше премиерни концертни проекти, нови уметнички соработки и средби на музичари, останувајќи доследен на идејата за квалитетна програма и отворен културен дијалог во регионот. Концертот на Васко Атанасовски и Полифонија ќе се одржи во петок, 25 септември, во Камерната сала на Филхармонија. Влезниците се достапни онлајн на платформата Wayin.mk.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Има големни злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01