КултураПочнува 5. „Анимакс Скопје Фест“Вкупно 54 анимирани филмови од 25 држави од светот ќе бидат прикажани на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“, што од денеска до осми ноември ќе се одржува во Кинотека на Македонија, кино „Фросина“ и Младинскиот културен центар (МКЦ).Под мотото „Пет години движење“, овој фестивал ќе го одбележи својот мал јубилеј. На четирите фестивалски денови на „Анимакс“ ќе бидат прикажани 44 филмови за возрасни и осум филмови за деца во официјална конкуренција. Тие се избрани од пријавените 427 анимации од 56 држави во светот, меѓу кои најголем број се од Франција - 47 филмови, Хрватска и Шпанија со по 38, Германија, Полска, Италија, Бразил, како и филмови од Ирак, Иран, Индија, Јужна Кореја, Тајван, Куба, Перу и др. Фестивалот ќе биде отворен вечер во киното „Фросина“-МКЦ, со проекција на кратки анимирани филмови. Во Кинотека на Македонија ќе биде прикажан и филмот „Манијајца: Освета на тврдоварениот“ на Золтан Миклоси и Атила Херко од Унгарија. На последниот ден од фестивалот, на 8 ноември, ќе бидат доделени наградите „Златна“, „Сребрена“ и „Бронзена тула“, а за нив ќе одлучува интернационална жири-комисија во состав Марчин Лучај, програмер на Варшавскиот филмски фестивал, Берин Тузлиќ, аниматор од Босна и Херцеговина и македонскиот аниматор Иван Ивановски. Ќе биде доделена и „Златна тула“ за најдобар детски анимиран филм, а за победникот ќе гласаат децата во четири фестивалски денови. За ова јубилејно издание градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски одлучи да додели специјална награда во рамки на фестивалот. Првпат на „Анимакс“ во ревијалниот дел на програмата ќе бидат прикажани два долгометражни анимирани фимови, со што се прави обид да се отвори полето за нова натпреварувачка програма следната година и да се додели награда за најдобар долгометражен анимиран филм. Светската премиера на перформансот во живо-анимација со песок „Легло за тебе“ од шпанската авторка Диди Родан е предвидена за 8 ноември во 19.30 часот во киното „Фросина“, МКЦ. Според селекторот Благоја Куновски-Доре, годинава на фестивалот има разновидност на жанрови, богатство на изразен потенцијален, на секој автор, а доминира ерата на дигитална и компјутерска анимација. Официјалната програма на фестивалот со прикажување на филмовите ќе почнува во 19 часот. Детската програма в четврток и петок ќе ја следат деца организирани од основните училишта, а в сабота детската програма ќе почне во 12 часот и ќе биде отворена за сите заинтересирани. За време на фестивалот ќе бидат одржани и четири работилници во просториите на Кинотека на Македонија, кино „Фросина“, МКЦ и Агенцијата за филм. „Анимакс Скопје Фест“ е прв фестивал на анимиран филм во Македонија. Цел на фестивалот е подигање и градење на културата во поглед на изработка на анимирани филмови, за возрасни и деца, кои презентираат различни аспекти од секојдневниот живот. Организатор на фестивалот е продуцентската куќа „Аурипигмент“, во соработка со здружението на граѓани Креативен центар Тинтири-Минтири од Скопје, со поддршка од Агенција за филм на Република Македонија, Град Скопје и ФX3X, а во соработка со Кинотека на Македонија и МКЦ. Билетите за програмата во официјална конкуренција ќе чинат 100 денари, а проекциите за деца, како и учеството на работилници е бесплатно./МИА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Шоу бизКим Кардашијан има пет дадилки за своите четири деца: „Една е секогаш на должност“Ким Кардашијан, 45-годишната основачка на брендот „SKIMS“, во ново интервју откри детали за тоа како го организира животот со четирите деца што ги има со поранешниот сопруг, Канје Вест. Заедно ги имаат ќерките Норт (13) и Чикаго (8) и синовите Сејнт (10) и Псалм (7), при што Кардашијан е нивниот примарен старател. Кардашијан за „Тајмс“ откри дека има помош околу грижата за децата, ангажирајќи пет дадилки кои се менуваат. Таа објасни дека „една е секогаш на должност“, додека „останатите четири се менуваат во смени“. Таа секој ден ги вози на училиште И покрај тоа што има помош, Кардашијан вели дека е активно вклучена во секојдневниот живот на своите деца. Таа лично ги вози на училиште и ги зема оттаму секој ден, а секоја вечер заедно вечераат. „Мислам дека сум умерено строга мајка. Многу сум трпелива и им давам многу љубов. Децата сè уште можат да спијат во мојот кревет кога и да посакаат, а јас им читам секоја вечер пред спиење“, рече таа. View this post on Instagram A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian) Таа се грижи за јавното експонирање на децата Во интервјуто, таа се осврна и на прашањето за јавното експонирање на нејзините деца – особено на најстарата ќерка, Норт, која е популарна на „TikTok“ и сè повеќе се занимава со музика. Кардашијан призна дека се грижи за учеството на децата во семејното реално шоу „The Kardashians“. „Секое дете учествува онолку колку што се чувствува пријатно. Помалите деца се појавуваат додека снимам, но немаат некои големи улоги во серијата. Норт ужива во тоа малку повеќе од другите, па морам малку да ја ограничувам“, објасни таа. Таа додаде дека Норт е најмногу заинтересирана за проекти кои нудат јавно експонирање, поради што нејзините родители се обидуваат внимателно да ги избираат можностите што таа ги прифаќа, наместо да се согласуваат на сè што ѝ се нуди. View this post on Instagram A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian) Кога станува збор за музиката, Кардашијан вели дека подобро комуницира со Канје Вест на таа тема. Тие се погрижуваат да бидат усогласени и се осигуруваат дека Норт учествува само во проекти што и двајцата ги одобриле. Извор: Индекс.хрТагови: Ким Кардашијан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
ЕвропаХаос во Франција: Се затвораат до 500 средни училишта, 24 се запалени или вандализираниУчилиштата се затвораат кога не се исполнети безбедносните услови – било поради оштетување на имотот или поради тоа што вработените биле директно загрозени.Францускиот министер за образование, Жан-Мишел Бланке, денес соопшти дека утре целосно или делумно ќе бидат затворени меѓу 400 и 500 средни училишта во Франција поради последиците од насилните студентски протести, додека најмалку 24 училишни објекти биле запалени или вандализирани. „Наставата беше прекината во меѓу 400 и 500 образовни установи во петокот, а веројатно сличен број ќе бидат затворени и во понеделник, иако со делумно и постепено продолжување на наставата“, изјави Бланке, пренесува весникот „Ле Фигаро“. Францускиот министер наведе дека 78 вработени во образовниот систем се повредени откако започнаа протестите. Според него, училиштата се затвораат кога не се исполнети безбедносните услови – било поради оштетување на имотот или поради тоа што вработените биле директно загрозени. Бланке рече дека одредени припадници на крајната левица се приклучиле на протестите, обвинувајќи ги дека го злоупотребиле студентското движење и прибегнале кон насилство. „Ова претставува ризик и за нашиот персонал и за учениците. Повредени се 78 вработени во образованието – нешто што досега не сме го виделе. Тие беа намерно нападнати бидејќи работат во образованието“, изјави министерот. Протести низ Франција Протестите и блокадите на средните училишта започнаа на 17 септември во регионот на Париз, а потоа се проширија низ целата земја. Ситуацијата, како што забележува францускиот весник, ескалираше во четвртокот во неколку француски градови. Петокот беше одбележан со тензии и повеќе од 1.700 приведени лица, со што вкупниот број на приведени од почетокот на неделата достигна околу 5.000. Организаторите повикаа протестите да продолжат и во вторник, наведувајќи дека не добиле „конкретни мерки“ од властите. Учениците што учествуваат во протестите, меѓу другото, бараат повеќе персонал и зголемени средства за образованието, а истовремено се жалат на притисокот од системот за упис на универзитетите, недостигот на наставници-заменици, лошата состојба на училишните згради и преоптоварените распореди на часовите. Извор: Б92Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
СветПукање во близина на границата меѓу Норвешка и Шведска: Убиени татко и синТатко и син загинаа, а трет маж беше тешко ранет во пукање во близина на Халден, во југоисточна Норвешка. Осомничениот, маж на возраст од околу 30 години, бил совладан од присутните на местото на настанот пред да пристигне полицијата.Жртвите биле маж во седумдесеттите години и неговиот син, кој бил во четириесеттите години. Сите тројца биле дел од ловечка група собрана на имот во близина на езерото Ершеен, недалеку од шведската граница. Напаѓачот совладан пред пристигнувањето на полицијата Според норвешките медиуми, осомничениот не бил дел од ловечката група. По пукањето, луѓето присутни на имотот успеале да го совладаат и да го задржат до доаѓањето на полицијата. Полицијата верува дека тој дејствувал сам и соопшти дека нема опасност за јавноста. Според досегашните информации, во нападот била употребена ловечка пушка. Норвешките медиуми исто така известуваат дека осомничениот поседувал дозвола за две парчиња огнено оружје. Адвокат: Тој ја признал кривичната одговорност Адвокатот на осомничениот, Оле Ричард Холм-Олсен, изјави дека неговиот клиент ја признал кривичната одговорност за двете убиства и за ранувањето на третото лице. Според адвокатот, осомничениот писмено ја признал кривичната одговорност и се согласил на притвор, но во моментов не сака да даде изјава пред полицијата. Мотивот сè уште непознат Полицијата сè уште истражува зошто осомничениот отворил оган и каква поврзаност имал со луѓето на имотот. Истражителите се сомневаат дека тој ја познавал групата или некои од нејзините членови, но според досега објавените информации, тој не бил во роднинска врска со загинатите или со ранетиот маж. По пукањето, полицијата ја пребарала околината и блиските објекти за да провери дали има други напаѓачи или жртви. Не биле пронајдени други жртви ниту дополнителни напаѓачи. Извор: Индекс.хрТагови: пукање Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05