3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
РакометПочнува 42. Меѓународен ракометен турнир „Струга 2014“На ракометното игралиште „Женска плажа“ во Струга вечер почнува 42. Меѓународен ракометен турнир „Струга 2014“.Турнирот ќе почне со ревијален натпревар меѓу домаќинот Струга и екипата на Металург – јуниор. Покрај домашните Вардар и Металург во натпреварувачкиот дел ќе играат и францускиот прволигаш Кретеј, српска Металопластика, рускиот вицешампион Санкт Петербург и Азоти Пулави од Полска. Учеството на реномирани екипи, како што истакна на денешната прес-конференција претседателот на организацискиот одбор Лилјана Затуроска, покажува дека турнирот прераснува во спортска манифестација со исклучително реноме не само за Македонија, туку и пошироко. – Тоа покажува дека Струга може да се носи со ваков спортски настан промовирајќи го како спортски град и туристичка дестинација која може да понуди добри услови за развој на туризмот, рече Затуроска. Ракометарот на минатогодишниот бранител на трофејот, Металург, стружанецот Наумче Мојсоски забележа дека од лани турнирот има високо ниво на ракомет. – Имаме еден добар континуитет кој се надевам ќе продолжи и со вакви имиња на екипи и врвни ракометари. Се надевам дека турнирот ќе оди нагоре каде што му беше местото, рече Мојсоски. Екипата на Металург, нагласи дека годинава оди на бранење на ланскиот трофеј. - Приоритет ќе ни биде воигрување на екипата. Имаме доста нови играчи, и се надевам дека нашиот тренер тоа ќе го постигне да види со какви сили располагаме, резултатот ни е во втор план, но кога играш сакаш да победиш и се надевам барем до финале ќе стигнеме, додаде Мојсоски. Тренерот на Санкт Петербург, Сергеј Зиза изрази задоволство што неговиот тим првпат ќе учествува на турнирот, бидејќи, според него, тука играат тимови со големи амбиции. И тренерот на Металопластика Славко Новаковиќ го нагласи задоволството што ќе учествуваат на голем турнир каде играат реномирани екипи. - Ќе дадеме се од себе да ја оправдаме довербата на организаторот, рече Новаковиќ. Драган Марковиќ, тренер на Азоти Пулави истакна дека како играч на турнирот учествувал 1986/87 година, а чест му е што повторно учествува како тренер. Тренерот на францускиот Кретеј Паво Бенџамин рече дека неговиот тим се наоѓа во етапа на создавање екипа која би се натпреварувала на високо ниво. - Ќе се обидам да го искористам турнирот на играчите да им наметнам еден осет за голем и врвен ракомет, и се надевам дека ќе го постигнам зацртаното ниво, подвлече Бенџамин. Според Македонскиот репрезентативен голман и претставник на францускиот Кретеј Борко Ристовски целта на клубот во овој момент е да оди чекор понапред во воигрување на екипата. - Младите играчи да добијат искуство, кое ќе го добијат од овие екипи и да се подготвиме за почетокот на францускиот шамионат, појасни Ристовски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
МакедонијаПосебен режим на сообраќај утре во Скопје поради посета на делегација од Република КосовоНа 27.10.2026 (вторник) во официјална посета нa Македонија ќе присуствува претседателката на Собранието на Република Косово, Н.Е. г-ѓа. Албулена Хаџиу.Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје. Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.Тагови: режим на сообраќај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканУпад на Информер: Драма на телевизија, Вучиќевиќ повика полицијаГрупа од неколку десетици луѓе, се собраа пред ТВ Информер вечерва, а подоцна упаднаа во редакцијата.Меѓу нив е и Дијана Хрка, мајка на една од жртвите од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад. Видео на кое се гледа групата пред Информер беше објавено на социјалните мрежи. „Да одржиме колегиум заедно“, стои во описот на видеото, во кое се слуша викање од толпата. Ma je l to dobri narod upao u Informer? https://t.co/Y9Z3rzQxr5 — Marijana 🇷🇸 (@MarijanaMM_) October 26, 2026 Група луѓе насобрани упаднаа во Информер Главниот уредник на Информер, Драган Ј. Вучиќевиќ, рече дека групата тропала по прозорците и вратите и дека, како што тврди, „скршиле една од вратите на влезот во телевизиската станица“. „Тропаат по прозорците, скршија една врата, сега одат на другиот влез. Сакаат да провалат“, рече главниот уредник на Информер. За време на емисијата, тој ја повика полицијата да реагира. Вучиќевиќ го повика лидерот на Студентската листа, Илија Срдановиќ, да реагира во живо на програмата. Vrati konju glavu Draganeeeee uživo https://t.co/zO8D1tTIfe — Bora (@BoraKonj) October 26, 2026 Потоа толпата упадна во редакцијата, вклучувајќи ја и Дијана Хрка. Како што може да се види во преносот во живо на телевизија, неколку компјутери беа скршени. Полицијата пристигна пред Информер во полна опрема. Pripadnici zborova upali u Informer. Ne znam šta će sad sa ovim, valjda da ga osedlaju prvo https://t.co/RFydWPbTEC — Nevena (@nevena227) October 26, 2026 Драган Ј. Вучиќевиќ ја напушти редакцијата во придружба на група насобрани луѓе По расправија со Дијана Хрка и другите присутни, главниот уредник на Информер Драган Ј. Вучиќевиќ ја напушти канцеларијата во придружба на насобраните луѓе. Извор: БлицТагови: Србија Информер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизТеа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварењеСпоред пишувањата на локалните медиуми, Теа Таировиќ била подложена на итна операција поради внатрешно крварење.Веста за здравствената состојба на популарната пејачка предизвика загриженост во јавноста, откако се појавија информации дека таа во текот на ноќта била хоспитализирана, нејзиниот ПР-тим излезе со соопштение. Како што пренесува „Блиц“, лекарите одлучиле да извршат итна операција по извршениот преглед. Во соопштението од нејзиниот тим се потврдува дека Теа сега е добро. View this post on Instagram A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic) Веста за итната операција на Теа Таировиќ ги вознемири нејзините бројни обожаватели, кои со нетрпение очекуваат нови информации за нејзиното закрепнување. Извори за „Блиц“ наведуваат дека пејачката била примена во болница синоќа, а по лекарските прегледи, лекарите утврдиле дека е неопходна итна операција. Медиумот пренесува дека станувало збор за внатрешно крварење, а според изворите, животот на пејачката бил загрозен. Сериозноста на ситуацијата ја потврдува и фактот што медицинскиот тим реагирал веднаш. View this post on Instagram A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic) Теа Таировиќ сега е добро, потврдува нејзиниот ПР-тим По веста за итната операција, стигна информација и од тимот на пејачката. Нејзиниот ПР-тим потврди дека Теа Таировиќ сега е добро, но одбија да изнесат повеќе детали за нејзината здравствена состојба. „Теа Таировиќ сега е добро. Не сакаме да откриваме детали за нејзината здравствена состојба. Таа лично ќе ѝ се обрати на јавноста штом ќе биде во можност. Ве молиме за разбирање“, изјавија од ПР-тимот на Теа Таировиќ. View this post on Instagram A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic) Засега нема дополнителни информации за настаните што довеле до хоспитализацијата, ниту пак за тоа колку долго ќе трае нејзиното закрепнување.Тагови: Теа Таировиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook