Почнува 40. „Млад отворен театар“ - Канал 5

Почнува 40. „Млад отворен театар“

Со претставата „Пред“ на швајцарската танц-група „Алијас“ од Женева, вечер на големата сцена на Македонската опера и балет ќе биде отворен јубилејниот 40. Меѓународен театарски фестивал „Млад отворен театар“ (МОТ), што ќе се одржува до 28 септември.

Почнува 40. „Млад отворен театар“
„Бариери“ е годинашново мото на фестивалот. Посетителите ќе можат да погледнат седум меѓународни и исто толку македонски претстави и да ја проследат промоција на книгата „Моќта на театарот-40 години МОТ“ на почесниот претседател на фестивалот Љубиша Никодиновски-Биш. Предвидени се и три панел конференции.

Вечер, со почеток во 22:30 часот во Младинскиот културен центар ќе биде прикажана претставата „Комплекс Ристиќ“, копродукциски проект меѓу Македонија, Србија, Хрватска и Словенија. Дел од програмата се „Гогољ центар“ од Русија со „Самовили“, наменета за публика над 16 години, „Друга страна“ чиј автор е Дејан Дуковски, а во изведба на танц театарот „Лидија Литос“ од Атина, „Белорускиот слободен театар“ од Англија со „Црвена шума“, „Неопланта“, претстава на Новосадскиот театар „Ујвидеки синхаз“, а за затворање е претсватата „А каде е револуцијата, стоко?“, на Монтажстрој од Загреб.

Првпат на фестивалот ќе се прикажат македонски претстави, кои според извршниот продуцент Русе Арсов се релевантни да се прикажат. Ќе се прикажат „Време на забава“ на Театарската трупа „Гнев“ од Скопје, „Солун, град на духови“ на Театарот на навигаторот Цветко од Скопје, „Федра“, копродукција меѓу Велешкиот театар и Словенско младинско гледалишче, „Прометеј“ на Турскиот театар од Скопје, „Дневникот на лудакот“ на Moving Music Theatre од Битола, „Кој пукаше на 21-ви? на Младинскиот културен центар и „Електра“ на МНТ.

МОТ ќе се одржува на неколку локации, во Македонската опера и балет, Младинскиот културен центар, Театар Комедија, Македонскиот народен театар и Музејот на холокаустот на Евреите од Македонија.

Град Скопје го поддржува фестивалот со два милиона, а Министерството за култура со пет милиони денари. Изминатите години на фестивалот како учесници биле презентирани театри, театарски групи и самостојни театарски уметници од над 70 држави од Европа и од светот, со повеќе од 700 изведби. /МИА


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтот

По тешките верижни судири на автопатот „Тракија„ во Бугарија, во кои загинаа 11 лица а над 50 беа повредени  - се проверува состојбата на асфалтот.

По верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтот

Освен примероци од прилепливоста на асфалтот, Обвинителството побарало документи од агенцијата за патна инфраструктура, за пуштањето во употреба и поправките на делницата каде што се случија несреќите, по што ќе биде изготвено и техничко-градежно вештачење.

Врз основа и на сеопфатното вештачење кое ќе ја опфати и судско-медицинската анализа, Обвинителството ќе одлучи дали постојат основи за покренување обвиненија против одредени поединци.

Во меѓувреме обвинителството нема да поднесе обвиненија против романскиот возач кој беше задржан по карамболот, а кој учествувал во почетокот на првиот верижен судар.

Лекарите од болниците во Сливен, Јамбол и Бургас продолжуваат да се борат за животите на четворица најтешко повредени во несреќата на автопатот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Виткоф и Кушнер на средба со Путин во Москва

Претставниците на американската делегација која посредува во преговорите меѓу Русија и Украина – Стив Виткоф и Џеред Кушнер, утрово пристигнаа во Москва на средба со претседателот Владимир Путин.

Виткоф и Кушнер на средба со Путин во Москва

Врз основа на тоа што Путин ќе слушне од нив, ќе се определи идниот план на дејствија на Москва, изјави шефот на руската дипломатија – Сергеј Лавров.

Како што вчера изјави Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп, тие доаѓаат и по „благослов„ од Путин, во преговорите да се вклучат и европски претставници.

Кушнер ги искритикува Европејците дека тие сакаат да бидат присутни на преговарачката маса, а не можат да се договорат кој ќе зборува во име на Европа. Од украинската страна пак изразија надеж дека може да биде постигнат договор до нова година, доколку Европејците се вклучат во преговорите. Деталите од вчерашните преговори не се откриваат освен дека е договорена размена од големи размери на заробени војници од двете страни. Сепак, познато е дека територијалните барања и безбедносните гаранции остануваат главни спорни прашања меѓу Москва и Киев.

По посетата на Москва, Виткоф и Кушнер треба да отпатуваат во Даблин, каде веќе пристигна украинскиот претседател Володимир Зеленски за понатамошен дијалог околу можностите за завршување на војната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител

Денеска пред  Советот на јавните обвинители на Македонија, Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција -Скопје.

Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител

Хаџи Василева беше избрана на непосредните избори со тајно гласање на јавните обвинители од целата држава, кои беа одржани во октомври годинава, и победи со најмногу гласови во конкуренција на петмина кандидати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер