Почнува 30.издание на фестивалот „Оро без граници" - Канал 5

Почнува 30.издание на фестивалот „Оро без граници"

Во Куршумли ан, денеска и утре ќе се одржи јубилејното триесетто издание на фестивалот „Оро без граници" на кој ќе настапат играорците од Детскиот културен центар „Карпош".

Почнува 30.издание на фестивалот „Оро без граници"

Детскиот културен центар „Карпош" со својот фолклорен ансамбл се домаќини и организатори на фестивалот, со поддршка од Град Скопје. Фестивалот, од неговото основање е со ревијален карактер.

– Својот 30 годишен јубилеј „Оро без граници" го одбележуваше низ целата година со различни активности, како ликовниот конкурс на тема „Оро без граници – симбол на пријателството меѓу децата", изложбата на фотографии на тема „Деца во традиционални носии минато – сегашност", ретроспективната фотогалерија „Три децении Оро без граници", проекцијата на интервју со основоположникот на „Оро без граници", Тофе Дракулевски и промоција на каталог посветен на „Оро без граници". Претстојните две фестивалски вечери ќе бидат и заокружување на овој традиционален детски фестивал, информираат од Град Скопје.

Првиот фестивал „Оро без граници" се одржа во 1991 година по иницијатива на доајенот на македонскиот фолклор Тофе Дракулевски. Оттогаш, деца играорци од повеќе од 80 држави учествувале на фестивалот, со што „Oро без граници" се етаблира во столб на македонската култура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието ги избра новите 8 министри

Во Собранието беа избрани 8-те новите министри во Владата предложени со владината реконструкција. 

Собранието ги избра новите 8 министри

За изборот на нови министри гласаа само пратениците од владеачкото мнозинство односно 69 пратеници. Опозицијата ја напушти седницата поради навредите кои кон нив ги упатил поранешниот министер за односи со заедниците и нов министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ.

Попладнево, ситуацијата ексалираше, откако опозијата го обвини Стоилковиќ дека упатил навреди и пцовки на адреса на пратениците на СДСМ Фатмир Битиќи и Митко Трајчулевски надвор од салата, за време на попладнвената пауза.

За нов министер за правда е избран Јетон Шасивари член на Вреди, министер за земјоделство Борче Серафимовски од ЗНАМ, нов министер за односи меѓу заедниците Агон Ферати од Вреди, министер за здравство Сашо Клековски од ВМРО-ДПМНЕ, министер за туризам и култура Седат Сулејмани од Вреди, министер за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски од ВМРО-ДПМНЕ, министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ од ДПСМ, а нов министер без ресор е Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ.

Новите министри беа избрани со 69 гласа „ЗА“, без ниту еден воздржан и против.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мухамеди: Кога притисокот кон властите е поголем -можноста тие државата да ја гледаат како извор на лично финансирање, е помала

„Треба да се работи на рационализација, на ваков начин не одиме никаде“

Мухамеди: Кога притисокот кон властите е поголем -можноста тие државата да ја гледаат како извор на лично финансирање, е помала

Имате ситуација во Парламент, Артан Груби го нарекува криминалец Сашо Мијалов, од друга страна излегува дека тој го ослободува од затвор. Тоа што политичарите го прават нечесно, нема врска со патриотизам, туку имаат за цел да ги лажат граѓаните за да добијат гласови. Треба само малку да ги гледаш работите пологично и да бидеш порационален за да сфатиш. Не знам што е лошо некој да каже дека ја почитува државата во која што живее за да добие негативнии коментари.

Треба ли да пишувам дека ја сакам Албанија, а не ја сакам Македонија, за да добивам позитивни коментари? Треба да се работи на рационализација, на ваков начин не одиме никаде. Замисли каков притисок ќе биде направен на властите ако целиот народ и Македонците и Албанците и сите други останати се обединат за некои прашања, како што се на пример загадувањето, за неправди, каков ли притисок ќе имаат властите ако народот се обедини за таков вид на прашања. И кога притисокот кон властите е поголем, тогаш и можноста тие државата да ја гледаат како извор на лично финансирање, е помала. Тогаш тие ќе чувствуаат притисок и повеќе ќе работат за граѓаните, помалку за себе, вели Умејр Мухамеди во Само Вистина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Марта е новата Мис Болоња: Некои слават, други незадоволни

Изборот на Марта Бунд за Мис Болоња 2026 предизвика жестока дебата на социјалните мрежи.

Марта е новата Мис Болоња: Некои слават, други незадоволни

Откако беше прогласена за победничка на регионалниот натпревар, следеа илјадници коментари, а мислењата на корисниците беа целосно поделени. Дел од дебатата беше за нејзиното африканско потекло.

Додека дел од јавноста ја гледа победата на Марта како знак на отвореност и инклузивност, други изразија незадоволство од исходот од натпреварот.

Во коментарите, некои корисници тврдеа дека изборите за убавина треба да го претставуваат „традиционалниот изглед“ и културното наследство на регионот. Други, пак, нагласија дека потеклото не треба да игра никаква улога во евалуацијата и дека единственото нешто што е важно е како кандидатките се претставиле и ги исполниле критериумите за натпреварување.

Што всушност освои таа?

Дебатата беше дополнително поттикната од објави што содржеа неточни или нецелосни информации, па затоа вреди да се разјасни што е во прашање.

Марта Бунда не беше крунисана за Мис Италија, туку ја освои титулата Мис Болоња 2026. Тоа беше регионално натпреварување кое ѝ обезбеди место во овогодинешното финале на Мис Италија.

Организаторите стојат зад својата одлука

Ваквите дискусии не се ништо ново во Италија. Во претходните години, учеството или победите на кандидатки од странско потекло, исто така, предизвикаа бројни реакции на социјалните мрежи и кај дел од јавноста.

Организаторите на натпреварот сè уште не дадоа коментар за контроверзноста, а резултатот од регионалниот натпревар останува на сила. Во меѓувреме, дебатата за современите идеали за убавина, идентитет и претставување на различни заедници продолжува на социјалните мрежи.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер