Видео-фото: Светот ја чекаше нивната реакција, погледнете што направија фудбалерите на Иран за време на пеење на химната
1Видео-фото: Светот ја чекаше нивната реакција, погледнете што направија фудбалерите на Иран за време на пеење на химната
3 Стресот го уништува организмот, а повеќето тоа не го забележуваат: Стручни лица откриваат 3 едноставни начини да го победите
КултураПочнува 24. издание на ОФФест, ќе настапат музичари и состави од осум земјиНа 24-то издание на ОФФест, кое почнува денеска и ќе се одржува до 8-ми јуни во Националната опера и балет и Младинскиот културен центар во Скопје ќе настапат врвни музички артисти и групи од осум различни земји.- Високото реноме на артистите ја прави селекцијата на ОФФест 2025 една од најквалитетните во изминатиот период, а спектарот на стилови, „географското потекло“ на уметниците и шареноликите музички правци, несомнено ќе им приредат несекојдневно и незаборавно концертно искуство на посетителите. ОФФест, на една година пред својот 25-ти јубилеј ужива во репутацијата на еден од најпрепознатливите и најпознати фестивали за музика на светот во Европа, статус кој што се должи на исклучително богатата програма низ годините во која се проткаени небројни жанрови, емоции и доживувања, најавуваат организаторите. Меѓу учесниците се Драган и Ратко Даутовски и составот „Луфтанза“ од земјава, Кимо Похјонен од Финска, Vieux Farka Touré од Мали, Јулија Козакова Трио од Словачка, Canzoniere Grecanico Salentino (CGS) од Италија, Марија Жоао од Португалија, Флоренс Адони од Гана, Мордаи од Унгарија. На првата вечер во Национална опера и балет вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи концерт на Драган и Ратко Даутовски од Македонија и Canzoniere Grecanico Salentino од Италија.Тагови: ОФФест Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАндоновски: Македонија го добива првиот центар за ВИ - „Везилка“Министерот Андоновски најави дека Македонија го добива првиот центар за вештачка интелигенција – „Везилка“, кој ќе биде промовиран идната недела.Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во телевизоиско гостување говореше за следните чекори на државата во областа на вештачката интелигенција, дигиталната трансформација и заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор. Во гостувањето, министерот Андоновски најави дека Македонија го добива првиот центар за вештачка интелигенција – „Везилка“, кој ќе биде промовиран идната недела. Центарот ќе има клучна улога во развојот на македонски јазичен модел и во создавањето домашна дигитална база која ќе овозможи македонскиот јазик, култура и идентитет да бидат соодветно застапени во современите технологии. „Везилка“ е проект насочен кон дигитализација на македонскиот јазичен корпус и развој на голем јазичен модел кој ќе може да се користи од институциите, академската заедница, компаниите и граѓаните. Целта е да се намали зависноста од странски алатки кои често не го препознаваат доволно прецизно македонскиот јазичен, историски и културен контекст. Министерот Андоновски истакна дека преку овој проект се поставуваат темелите за создавање домашни решенија базирани на вештачка интелигенција, кои ќе бидат во функција на јавниот интерес, образованието, науката, енергетиката, економијата и дигиталната трансформација на државата. Во рамки на активностите, Носителот на проектот „ФИНКИ“ веќе воспостави соработка со повеќе релевантни институции, меѓу кои Службен весник, Собранието, Националната и универзитетска библиотека, МАНУ, како и институтите за македонски јазик и литература. Преку оваа соработка ќе се обезбеди квалитетна и точна база на податоци, вклучително и законски и подзаконски акти, стручна литература и други релевантни содржини на македонски јазик. Андоновски најави и дека граѓаните ќе имаат можност да придонесат во проектот преку прикачување на сопствена дигитализирана литература, магистерски, докторски и стручни трудови, со што директно ќе помогнат во збогатување на македонскиот дигитален јазичен корпус. Во емисијата беше посочено и дека Министерството работи на подготовка на компактен закон за вештачка интелигенција, кој нема да ја ограничува употребата на новите технологии, туку ќе постави јасни етички и морални стандарди, транспарентност и правила за нивна правилна примена. Фокусот ќе биде на областите каде што вештачката интелигенција може да има најголемо влијание, како јавната администрација, здравството, земјоделството и културата. Проектот „Везилка“ чини вкупно 6,5 милиони евра, од кои 1,5 милиони евра се државни средства, 1 милион евра се обезбедени од факултетите, а остатокот е поддршка од Европската Унија. Министерот Андоновски посочи дека до крајот на оваа или почетокот на следната година Македонија веќе ќе има функционален јазичен модел, кој ќе биде понуден како „open-source“ решение за сите домашни институции и компании. На прашање за исполнувањето на чекорите од Реформската агенда, министерот Андоновски одговори дека со исполнувањето на чекорите во јуни од страна на Министерството за дигитална трансформација се отвораат нови 16,9 милиони евра од Планот за раст. Тој нагласи дека Министерството продолжува посветено да работи на реализација на обврските од реформската агенда со цел обезбедување конкретни придобивки за граѓаните и институциите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: Ормускиот теснец целосно ќе биде отворен во петокАмериканскиот претседател Доналд Трамп откри нови детали за договорот меѓу САД и Иран за време на разговор со новинарите на самитот на Г7 во францускиот град Евијан-Ле-Бен.Трамп, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон, изјави дека стратешки важниот Ормуски теснец веќе е делумно отворен, а целосно ќе биде отворен во петок, кога официјално ќе биде потпишан меморандумот за разбирање меѓу Вашингтон и Техеран во Женева. Тој потврди и дека текстот на меморандумот ќе биде јавно објавен, најверојатно веднаш по официјалната церемонија на потпишување.. Американскиот претседател навести и дека нема лично да присуствува на потпишувањето во Швајцарија. Наместо него, во женева ќе отпатува Потпретседателот Џеј Ди Венс, кој ќе ја претставува американската администрација на церемонијата.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРаботна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје15:16Опожарени две возила со дипломатски таблички пред бугарската амбасада во Скопје14:10
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38
ФудбалВидео-фото: Светот ја чекаше нивната реакција, погледнете што направија фудбалерите на Иран за време на пеење на химнатаИранските фудбалери за разлика од нивните колешки од женската селекција покажаа единствен став пред првиот натпревар на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Селекцијата на Иран го започна Светското фудбалско првенство со реми против Нов Зеланд. Иран и Нов Зеланд одиграа нерешено 2-2 во натпреварот од првото коло на Групата Г. Натпреварот во Лос Анџелес е можеби најдобриот на турнирот досега, со што во втор план е фрлена приказната што му претходеше на натпреварот, а беше за војната меѓу Иран и Америка. Пред стадионот, група навивачи на Иран од дијаспората се собраа да протестира против нивната репрезентација, додека на трибините имаше и такви што го поддржуваат Иран . Поради сите овие причини и претходниот потег на фудбалерките на Иран, сега се очекуваше ставот на фудбалерот, односно како ќе се однесува за време на националната химна. Претходно поголем дел од членките на женската фудбалска репрезентација на Иран ја бојкотираа химната на својата земја. Deafening mix of boos and cheers for the Iran national anthem. pic.twitter.com/7jjBNYhazf — Ben Jacobs (@JacobsBen) June 16, 2026 Сепак, за разлика од нив, фудбалерите на сите екипи ставија рака на срце и со тоа го покажаа својот став.Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter