Почнува 15-то издание на сликарската колонија „Нижо Поле 2014“

Со свечено отворање во хотелот „Молика“ на Пелистер, денеска почнува 15-то издание на Меѓународната сликарска колонија „Нижо Поле 2014“.

Годинава на колонијата ќе учествуваат 17 еминентни сликари од Бугарија, Србија, Грција и од Македонија, посочи менаџерот на колонијата, ликовниот уметник Драган Најденовски.

- Ликовните уметници ќе сликаат мотиви од Пелистер, пејзажи и други природни имепресии на слободна тема. За сликање ќе се користи маслена и акрилик техника, а изработените дела ќе бидат изложени на посебна меѓународна сликарска изложба што ќе се одржи на 15 септември во изложбениот салон Магаза во Битола, потврди Најденовски.

Во потпелистерјето до 24 јули ќе сликаат четири ликовни уметници кои живеат и творат во бугарските градови Пловдив, Софија, Перник и Пазарџик, од српските градови Параќин и Нови Сад има два ликовни уметници, гости има и од Грција, додека од Македонија годинава на колонијата ќе сликаат Данчо Ордев, Анета Ивановска, Илија Кочовски, Драган Најденовски и други уметници.

Меѓународната сликарска колонија „Нижо Поле 2014“ се одржува во рамките на битолското културно лето „БитФест“.



Хамас ќе одговори на планот за примирје во Газа во Египет в понеделник

Висок функционер на Хамас изјави денеска дека групата ќе го даде својот одговор на последниот  предлог на Израел за прекин на огнот во Газа в понеделник во Египет.

„Делегација на Хамас предводена од Калил ал-Хаја утре ќе пристигне во Египет... и ќе го достави одговорот на движењето“ на израелскиот предлог за време на состанокот со египетските разузнавачи, рече функционерот кој одби да биде именуван во изјавца за француски медиуми.

Манчестер јунајтед подготвен да потроши 80 милиони евра за Араухо

Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо е во трансфер плановите на Манчестер Јунајтед, објави денеска каталонскиот весник „Спорт“.

Според истиот извор, Манчестер Јунајтед е заинтересиран за потписот на 25-годишниот Уругваец и е подготвен да му понуди на каталонскиот клуб повеќе од 80 милиони евра за трансферот.

Во моментов Араухо води преговори за продолжување на договорот со Барселона, но според медиуми, англискиот тим е во позиција да му понуди поповолни услови.

Араухо се пресели во Барселона во летото 2018 година.

притисни ентер