Почнува 15.Оффест, седум концерти на фестивалската програма - Канал 5

Почнува 15.Оффест, седум концерти на фестивалската програма

Со соло-концертот на чешката пејачка и виолинистка Ива Битова, која живее и работи во САД и има богата меѓународна кариера, вечер во кино „Фросина“ ќе почне 15. Оффест. До 30 мај на фестивалот ќе бидат изведени уште шест концерти.

Почнува 15.Оффест, седум концерти на фестивалската програма
Неодоливата привлечност, оригиналниот вокал и наклонетоста кон израз што се наоѓа на границата помеѓу авангардата и детските мелодии, на Ива Битова и донесоа посветени фанови од целиот свет.

- Низ годините таа е активна во повеќе музички жанрови - од џез, преку идиосинкретичен фолк и рок до современа класика, импровизација и опера. Гласот е само еден од квалитетите што ги поседува Битова: во својата изведба таа се движи помеѓу говор и пеење, во простор каде што звуците добиваат интуитивни боења што го поместуваат значењето нагоре-нaдолу на траекторијата на радоста и тагата... Нејзиното дело и стил се уште и се противат на каква било прецизна и жанровска дефиниција, наведува Оффест во најавата за концертот на чешката музичарка.

Во вториот концертен термин, од 22.30, во Метрополис арена вечер ќе гостува францускиот бенд Сен Жермен (St Germain) алијас Лудовик Навар. На сцената се враќа по 15 години од објавата на албумот „Tourist“ кој го прослави во светот. Настапот е во склоп на турнеите на Сен Жермен.

Во изминатите 15 години џез-хаус хит-мејкерот се посветил на истражување на музиката на Западна Африка, барајќи ја врската помеѓу африканската традиционална музика и блузот, особено во творештвото на гитарската легенда Али Фарка Туре од Мали. Резултат на тоа истражување е истоимениот албум од 2015 година, кој е снимен со учество на некои од најдобрите африкански музичари и пејачи од Мали и од Сенегал. Албумот ги комбинира традиционалните инструменти кора, балафон и нгони со електрични гитари, клавијатури, саксофони и електронски семплови.

- Пионерот на french touch и творецот на интелигентна, сензуална и оригинална дип-хаус, џез и лаунџ-музика е познат по својата извонредна способност на суптилен начин да ги комбинира акустичните инструменти со електрониката, автентичните музички корени со модерните влијанија, стои во најавата за вториот гостин на првата вечер од програмата на 15. Оффест.

Во наредните три дена Оффест ќе се одржува во Дансинг салата на Младинскиот културен центар. Утревечер првин ќе настапи Саул Вилијамс од Лос Анџелес, поет, рапер и хип-хоп изведувач, кој во Европа доаѓа специјално за два концерта - во Скопје и во Љубљана.

По него ќе гостува бендот Батида на диџејот Педро Кокенао од Ангола кој живее во Португалија и има интернационална репутација. Ќе настапи со специјален перформанс во кој ги користи старите ритми и песни од Ангола измиксани во видеопроекција.

Во недела повторно африкански состав - „Пет Томас и Квашибу ареа бенд“ од Гана. Пет Томас е најпознатиот претставник на т.н. хајлајф музика, која во 1960-тите и 1970-тите била носечки музички стил во Африка. Пред неговиот концерт ќе биде прикажан и документарниот филм „Who Is Highlife?“ за музичката сцена во Гана.

На последната фестивалска вечер во понеделник ќе настапи познатата бразилска пејачка и гитаристка Бади Асад, а годинашниот Оффест ќе го затвори италијанскиот бенд „Канцониере Греканико Салентино“ кој ги следи традициите на т.н. таранта од јужна Италија.

Покрај концертите, во сите фестивалски денови во галеријата на Младинскиот културен центар ќе има мултимедијална изложба за сите гостувања во изминатите 14 изданија на Оффест.

- Годинашната програма ја сметаме за прилично ексклузивна и адекватна за 15-те години јубилеј. И натаму го зачувуваме концептот Оффест да биде нешто друго од Скопскиот џез-фестивал и да донесува музика од целиот свет, која во процесот на глобализација е многу важна. Во тој процес, во последните 20-30 години целиот свет, особено Европа и САД, открија прекрасна музика која доаѓа од сите континенти, рече на прес-конференција Оливер Белопета, директор на Скопски џез-фестивал

Посочи дека Оффест има, пред се, едукативен карактер и дека кога се прави програмата воопшто не се поаѓа од тоа што е популарно и што се продава. - Ние го прикажуваме секоја година она што е најдоброто од светот, без да мислиме дали таа музика овде е позната или не е позната, истакна Белопета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

Меѓународниот кривичен суд (МКС) презеде низа чекори за да се заштити од потенцијални сеопфатни санкции од страна на Соединетите Американски Држави, изјави денес заменик-обвинителката на МКС, Наџат Шамим Кан.

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

„Направивме големи напори за да осигуриме дека судот е заштитен од последиците од какви било потенцијални идни санкции“, рече Кан, според „Фајненшл тајмс“ (FT).

Таа рече дека судот реорганизирал многу од своите системи во текот на изминатата година, вклучително и префрлање од канцеларискиот софтвер на „Мајкрософт“ на германскиот софтвер со отворен код „ОпенДеск“, како и алтернативни решенија за здравствено осигурување на вработените и банкарски услуги.

Фајненшл тајмс соопшти дека судот им исплаќал плати на вработените со месеци однапред за да ги ублажи сите потенцијални прекини во плаќањата.

Порано оваа недела, „Ројтерс“ објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвила санкции против целиот Меѓународен кривичен суд и планирала наскоро да ги објави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Рубин Земон, човекот кој го негираше македонскиот идентитет се уште е член на Централниот одбор на СДС

На Венко Филипче и СДС не може да им се верува за ништо.

ВМРО-ДПМНЕ: Рубин Земон, човекот кој го негираше македонскиот идентитет се уште е член на Централниот одбор на СДС

Рубин Земон кој беше член на Извршниот одбор на СДС пролетва излезе во јавност со тврдење дека Гоце Делчев не направил ништо за Македонија и оти не е важен за македонскиот идентитет.

По критиките кон него како член во највисокиот партиски орган, а и критики кон претседателот на СДС Венко Филипче, Земон излезе во јавноста и рече дека се повлекува од ИО на СДС бидејќи не сака да и нанесе штета на партијата.

Сега истиот тој Земон беше на седницата на Централниот одбор на СДС која се одржа во четвртокот вечерта.

Очигледно се што прават Земон и Филипче е лажење на граѓаните и ништо повеќе. Со терање на ваква политика СДС само тоне, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп го одби иранскиот предлог за седумдневен прекин на огнот, планира бомбардирање

Американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли иранскиот предлог за седумдневен прекин на огнот, предложен од иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи.

Трамп го одби иранскиот предлог за седумдневен прекин на огнот, планира бомбардирање

Американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли иранскиот предлог за седумдневен прекин на огнот, предложен од иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, објави денес „Волстрит џурнал“ (WSJ), повикувајќи се на американски претставници.

Американските претставници изјавија за весникот дека Трамп им кажал на своите помошници дека очекува бомбардирањето на Иран да продолжи по ноемвриските избори за Конгресот на САД, додека американскиот претседател, велат тие, изразил сомнежи на затворени состаноци дека Иран ќе ги исполни неговите барања.

Иран предложи седумдневен прекин на огнот минатата недела за време на состанокот во Катар, што би можело да го отвори патот за запирање на иранските напади врз бродовите во замена за укинување на блокадата од САД, објави WSJ, повикувајќи се на извори запознаени со преговорите.

Сепак, американски претставници запознаени со ситуацијата изјавија дека Вашингтон им кажал на Иран и на медијаторите дека Трамп нема намера да ја укине поморската блокада на Иран, бидејќи САД веруваат дека економскиот притисок ќе го принуди Техеран да го потпише договорот.

Според „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на арапски медијатори, иранските дипломати дале неколку предлози за прекин на војната и признале дека економската криза во нивната земја се влошува.

Сепак, официјалните лица нагласија дека сегашниот став на Трамп би можел да се промени ако конфликтот продолжи во наредните недели и дека на него би можеле да влијаат резултатите од изборите за Конгресот.

Американските претставници изјавија дека Трамп се двоуми да продолжи со големи воени операции против Иран, делумно затоа што САД сакаат да ги зачуваат своите намалени резерви на муниција за други итни случаи.

Во меѓувреме, преговорите меѓу Вашингтон и Техеран продолжуваат преку медијатори, вклучително и разговори за нуклеарната програма на Иран, потврдија официјални лица за американскиот весник.

Американските претставници открија дека напорите предводени од САД да им дозволат на танкерите да поминат низ Ормускиот теснец ја намалија итноста за постигнување договор.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, потврди во петокот дека Техеран доставил план до Вашингтон со кој Ормускиот теснец би се отворил за поморски сообраќај во рок од седум дена.

Аракчи рече дека Иран доставил конкретен седумдневен план до САД преку Катар и дека, доколку се исполнат потребните услови, теснецот би можел да се отвори повторно, а сообраќајот да се врати во нормала во предвидениот временски рок.

Според него, на шестиот ден од рокот, Ормутскиот теснец би бил отворен, додека преговорите за договорените прашања би започнале следниот ден за да се постигне конечен договор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер