Почнува 15. Фестивал на европски филм „Синедејс“ - Канал 5

Почнува 15. Фестивал на европски филм „Синедејс“

Со српскиот филм „Дневникот на машиновозачот“ во режија на Милош Радовиќ вечер во кино „Милениум“ ќе биде отворен 15. Фестивал на европски филм „Синедејс“ (CineDays). Филмот е добитник на награда од публика на фестивалот во Москва, а на скопската проекција ќе гостува дел од екипата меѓу кои и главниот актер Лазар Ристовски.

Почнува 15. Фестивал на европски филм „Синедејс“
Осум филмови во официјалната програма и шест во селекцијата балкански филмови (СинеБалкан), како и 25 во гала-програмата ќе бидат прикажани на годинашниот „Синедејс“ кој ќе се одржува во кината „Милениум“, „Фросина“ и во Џебното кино на Младинскиот културен центар до 19 ноември кога ќе биде затворен со хравтскиот филм „Устав на Република Хрватска“ на Рајко Грлиќ, во кој копродукциски учествува и Македонија.

Меѓу филмовите во официјалната селекција ќе се натпреварува и германскиот филм „Тони Ердман“ кој е номиниран за европскиот оскар, а во програмата СинеБалкан меѓу другите е и „Добра жена“ - дебитантски филм во режија на актерката Мирјана Карановиќ.

Во гала-програмата, за која има најголем интерес на „Синедејс“, и оваа година се филмови од звучни режисерски имиња, наградувани на најголемите фестивали. Меѓу нив се насловите: „Сол и оган“ на Херцог, „Патерсон“ на Џармуш, „Аве, Цезар“ на браќата Коен, „Комуна“ на Винтерберг, „Убавите денови во Аранхуез“ на Вим Вендерс, „Кафе-друштво“ на Вуди Ален, „Хулиета“ на Алмодовар, „Таа“ на Пол Верховен, „Аргентина“ на Карлос Саура, „Рај“ на Кончаловски...

На „Синедејс“ ќе има и програма „МК во ЕУ“ која ќе има три филма со копродукциско учество на Македонија - романскиот „Сиера Невада“ на Кристи Пуиу, словенечкиот „Ноќен живот“ на Дамјан Козоле и хрватскиот „Устав на Република Хрватска“, како и црногорскиот „Игла под прагот“ (од програмата СинеБалкан) во кој игра Никола Ристановски, а музиката е на Тони Китановски.

Селектор на натпреварувачките програми (Официјалната и СинеБалкан) е Бернд Будер, а за наградите ќе одлучуваат две жирија - Чедомир Колар, Зринко Огреста и Игор Иванов - за осумте филмови од Официјалната програма и Если Ердем, Нина Раковец и Дамир Чучиќ - за шесте филмови од СинеБалкан.

Ќе има и програма на кратки филмови, студентска програма, детска програма со синхронизирани филмови, ЛГБТ филмови, програма за 101 година од раѓањето на Орсон Велс, како и богата придружна програма во која се неколку работилници - за стоп-анимација, драматургија, продукциски дизајн...

Петнаесеттиот „Синедејс“ ќе има и богата музичка програма со десетина музички документарци, меѓу кои биографскиот филм за џез-музичарот Мајлс Дејвис во режија на Дон Чидл, потоа „The Beatles: Eight Days A Week“ на режисерот Рон Хауард и „Gimme Danger“ (филм за Иги Поп) на Џим Џармуш, премиера на „Лимуново дрво“ - документарец на Бранко Радаковиќ за првиот бенд на Милан Младеновиќ од „ЕКВ“, филм за Дејвид Брн...

Како дел од програмата CinEmusic, секоја вечер по завршувањето на филмските проекции ќе биде организирана и придружна музичка програма од концерти и диџеј-сетови. За затворање на фестивалот ексклузивен настап ќе има музичкото дуо „Вуден виздом“ (Wooden Wisdom) во кое членува и холивудската ѕвезда Елјаџа Вуд.

И годинава на „Синедејс“ ќе има конкурс за филмска критика за филмовите на фестивалот, на кој може да учествуваат лица до 35 години. Наградите за трите најдобри филмски критики ќе ги додели тричлено жири. Тие се парични и во износ од 12.000, 9.000 и од 6.000 денари.

Влезниците за проекциите во „Милениум“ ќе бидат по цена од 150 денари, со исклучок на филмот „Кафе-друштво“,на Вуди Ален за кој билетот ќе чини 300 денари. За проекциите во кино „Фросина“ билетот ќе биде 100 денари, а филомовите од програмата во Џебно кино, за Ревијата Орсон Велс, ЛГБТ и Детската програма ќе бидат бесплатни. Средношколците и студентите и оваа година на „Синедејс“ ќе имаат попуст од 50 денари за секој купен билет. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.

Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

Во Основниот суд во Кочани продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани.

По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.

Во Кочани е Михајло Видимлиски, Михајло повели со деталите за денешното судење?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува.

Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите.

Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто.

Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто.

Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови.

Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Супа од тиква

Во понеделник (02.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Ленче Кукиќ.

„Гответе со Дракче“ - Супа од тиква

Состојки за денешниот рецепт:

1 помека тиква

2 главици кромид

2 моркови

4 чешниња лук

1 парче сирење

400 гр. шманд или кисела павлака

100 гр. печени семки

100 мл. маслиново масло

2 големи лажици сув зачин

2 големи лажици куркума

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер