Почнува 14. издание на „Скупи Фестивал"

Во Куршумли Ан во скопската чаршија вечер почнува 14-тото издание на „Скупи Фестивал". Фестивалот завршува на 22 септември 2020.

Фестивалот, како што соопштија организаторите, нуди значајни средби со претстави од странство, со што, денес, нуди и поглед во иновативниот театар желен за ризик и прогресивно размислување. Програмата на фестивалот се состои од претстави, каде што новите тенденции во театарот не се единствено уметничка цел, туку се одвиваат и заедно со критичкото размислување за социјални и политички предизвикувачки прашања. Сите претстави се со почеток од 20 часот.

– Структурата на програмата на Фестивалот се состои од официјална и придружна програма. Во официјалната програма, професионални, независни, алтернативни театри, имаат можност рамноправно да се натпреваруваат, како што е Театар Миѓени од Скадар, Албанија со преставата „Црна кутија", Српски народен Театар со „Граматичко нарушување", од Сараево, Босна и Херцеговина ни доаѓа „Целата моја љубов" на Сараевски Воен Театар, од Косовски Национален Театар „Будење на пролетта", Спам Студио од Софија, Бугарија со преставата „Кокошка", Театар Мергимтари од Загреб, Хрватска со преставата „Златна лопата" и на крај преставата „Дел од колекција" од Театар Вагабонди од Софија, Бугарија, појаснуваат организаторите.

Како што беше и досега фестивалот има напреварувачки карактер, а за оваа едиција ќе бидат задолжени актерката Амернис Нокшиќи Јовановска, Наташа Поплавска и Евис Халили.

– МТФ „Скупи Фестивал" неизмерно се заблагодарува на своите подржувачи, меѓу кои, Министерството за култура, Град Скопје, Куршумли Ан Скопска Чаршија, се наведува во соопштението./МИА

Физичка пресметка во утринските часови во Кичево

 Во раните утрински часови во близина на бензиска пумпа во Кичево бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу А.В.(17), А.З.(20), двајцата од Кичево и Б.С.(37) од Битола.

По целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Тој додаде дека вчера полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода З.Г.(42) од Кичево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени семки од растението канабис сатива и марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Пендаровски на средба со освојувачите на медали на Јуниорската балканска математичка олимпијада

 Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими учениците натпреварувачи на 24-та Јуниорска балканска олимпијада по математика, кои освоија златна, сребрена и две бронзени медали.

Честитајќи им на учениците за овој успех, шефот на државата истакна дека тој и целата македонска јавност со голема радост ја примиле оваа вест, која кај сите предизвика чувство на гордост и на среќа.

– Уживајте во овие моменти и радувајте се. Да се биде победник на Олимпијада е голема работа и сите не направивте горди. Вие сте позитивен пример за сегашните и идните генерации. Вашите медали што гордо и денеска ги носите на градите упатуваат порака до сите млади во нашата држава дека со посветена и напорна работа, со вложен труд, секогаш резултатите доаѓаат, нагласи Пендаровски.

Тој додаде оти нивниот успех покажал дека нема нерешливи задачи, кога кон нив се пристапува тимски и одговорно. Пендаровски им порача дека очекува да продолжат по истата патека, како и дека секогаш со мотивираност, желба и дисциплина можат да се совладаат и најголемите предизвици.

Учениците на средбата ги раскажале импресиите од одржаната Олимпијада, како и периодот на нивните подготовки, кои се одвивале во специфични услови поради Ковид-19.

– Тоа не го намали нашиот ентузијазам и желба за успех. Напротив, тоа не мотивираше дополнително и со поголем елан да работиме и да покажеме дека и во нашата земја се негува љубовта кон математиката, рекоа учениците на средбата.

Од 9 до 13 септември годинава во Грција виртуелно се одржа 24. Јуниорска балканска математичка олимпијада на која нашата екипа, сместена во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, се натпреваруваше преку видео-конференциска врска.

Екипата ја сочинуваа Никола Спировски – освојувач на златен медал, Дамјан Давков – освојувач на сребрен медал, Никола Цветаноски – освојувач на бронзен медал, Марија Атанасова – освојувач на бронзен медал, Матеј Гелев, и Емилија Николовска. Водач на тимот беше Делчо Лешковски, а заменик водач Борче Јошевски.

Годинава, на 24-та Јуниорска балканска математичка олимпијада учествуваа десет земји од Балканот и осум држави – гости, а ги опфаќа сите ученици од основното и од средното образование кои до денот на одржувањето не навршиле петнаесет и пол години.

Пасоши и лични карти со новото уставно име на државата од следната година

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски очекува следната година да почне примената на проектот за пасоши и лични карти со новото уставно име на државата.

-Управувачкиот комитет во МВР континуирано работи на имплементација на проектот и очекувам дека многу скоро веќе ќе има конечен датум од којшто ќе почнат новите пасоши, изјави денеска Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање, при посетата на Полицискиот центар Ѓорче Петров.

Важно е, дополни, што постоечките патни исправи и обрасци се употребуваат и државата има најдено начин за тоа до моментот додека да се направат новите и со самиот момент на можност за печатење и за имплементација на тој проект и ќе започнеме со тоа, така што, очекувам во 2021 година да започнеме со имплементација на овој проект.

притисни ентер