Почнува 14. Интернационален театарски фестивал „Актерот на Европа“ - Канал 5

Почнува 14. Интернационален театарски фестивал „Актерот на Европа“

Со врачување на престижното признание „Актерот на Европа“ за 2016 година на романскиот актер и режисер Јон Карамитру и наградата „Клучевите на Преспа“ на професорот Владо Матевски и академик Андраж Чарни и премиера на претставата „Умирам пеејќи - Наум Манивилов“ вечер во реновираниот амфитеатар во Ресен ќе почне 14. Интернационален театарски фестивал „Актерот на Европа“.

Почнува 14. Интернационален театарски фестивал „Актерот на Европа“
Признанието на романскиот театарски и филмски актер, режисер и политичар Карамитру, кој беше и министер за култура од 1996 до 2000 година му се доделува за животно дело.Покрај признанието „Актер на Европа“, на Карамитру ќе му биде врачена и наградата „Доктор Хонорис Кауса“ од Универзитетот за аудиовизуелни уметности, ЕФТА, Скопје.

Наградата „Клучевите на Преспа“ на професорот од Природно-математичкиот факултет во Скопје Матевски и потпретседател на МАНУ, предавач и стручен соработник на Словенечката академија на науки и уметности, д-р Чарни им се доделува за нивниот особен придонес во проучувањето на флората во Македонија, особено за уникатната флора на планината Галичица, публикувано во бројни научни публикации. Со тоа не само што ја збогатија сферата на своето специфично научно делување, туку и го афирмираа Преспанскиот регион во еден поширок контекст.

Во шестдневаната програма на сцената во ресенскиот сарај љубителите на театарската уметност ќе можат да проследат театарски изведби од Црна Гора, Србија, Франција , Бугарија и Македонија.

Фестивалот „Актерот на Европа“ беше покренат во 2003 година, од неколку балкански и европски театарски сонувачи, во духот на мислата на Жан Моне „Да се гради Европа значи да се гради мир“. По прогласувањето од Европскиот Парламент на Преспанското Езеро за меѓуграничен европски парк меѓу Грција, Албанија и Македонија, Преспа стана нов театарски хоризонт на европеизацијата на Балканот.

Прв со титулата „Актер на Европа“ се закити актерот Љуба Тадиќ од Србија, потоа традицијата продолжи со Мариус Куркински од Бугарија, Бајруш Мјаку и Ѓорѓи Јолевски од Македонија, Моника Санторо од Италија, Костас Гакидас од Грција, Зијах Соколовиќ од Босна и Херцеговина, Роже Мирмон од Франција, Брус Маерс од Велика Британија, Ана Патерсон од Шведска, Раде Шербеџија од Хрватска и Милена Зупанчиќ од Словенија.

Фестивалот на кој до сега учествувале повеќе од 150 претстави од скоро сите европски земји, се одржува во организација на „Езеро без граници“, Општина Ресен и Универзитетот за аудиовизуелни уметности, а со поддршка на Министерствот за култура на Република Македонија./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светот

Славниот Пол Макартни, член на легендарната група „Битлси“, официјално влезе во друштвото на милијардери.

„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светот

Според проценката на списанието „Форбс“, неговото нето-богатство изнесува најмалку 1,4 милијарди долари, што го прави третиот најбогат музичар во светот.

„Форбс“ ја објави оваа проценка, во првото издание на својот нов билтен „The Billie“, кој е посветен на милијардерите.

Пред 84 годишниот Макартни се наоѓаат само Џеј-Зи, чие богатство се проценува на 2,8 милијарди долари, и Тејлор Свифт, со 2 милијарди долари.

Според „Форбс“, најголемиот дел од богатството на Макартни е поврзан со издавачката компанија „MPL Communications“, која тој ја основал во 1969 година – само неколку месеци пред распадот на „Битлси“.

Преку оваа компанија, тој се стекнал со авторските права на дела од други уметници и композитори. Тука спаѓаат музичкиот каталог на Бади Холи, мјузикли од Бродвеј, како и познати божиќни музички стандарди. „Форбс“ ја проценува вредноста на „MPL“ на најмалку 250 милиони долари. Т

ој, исто така, остварува значителен приход од „Apple Corps“ – компанија во сопственост на членовите на „Битлси“ и нивните наследници. Според „Форбс“, оваа холдинг-компанија генерира повеќе од 50 милиони долари годишно, благодарение на стримингот, продажбата на винилни плочи и производите со обележја на бендот.

Макартни, Ринго Стар, како и наследниците на Џон Ленон и Џорџ Харисон, поседуваат еднакви удели од по 25 отсто во компанијата. Вредноста на секој од овие удели се проценува на над 150 милиони долари. Приходи од музика Друг значаен извор на приход доаѓа од авторските права на песните на „Битлси“.

Во текот на изминатите две децении, Макартни водеше правни битки за да ги поврати правата врз дел од музичкиот каталог.

Според проценките на „Форбс“, овој сегмент му носи најмалку 10 милиони долари годишно, додека вкупната вредност на неговите авторски права се проценува на најмалку 200 милиони долари.

Вкупната вредност на неговиот имот ги вклучува и заработките од концертни турнеи, недвижнини во Обединетото Кралство и во Хемптонс, како и вредна уметничка колекција која содржи дела од Пабло Пикасо и Рене Магрит. Меккартни одби да ги коментира проценките за неговото богатство објавени од „Форбс“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Страшен верижен судир во Бугарија, најмалку 12 загинати, меѓу кои и деца (ВИДЕО)

Голем верижен судир, во кој учествуваа десетици возила, се случи утрово на автопатот „Тракија“ во Бугарија поради густа магла.

Страшен верижен судир во Бугарија, најмалку 12 загинати, меѓу кои и деца (ВИДЕО)

Несреќата се случила околу 7:00 часот наутро во близина на клучката „Зимница“, на 290-тиот километар од автопатот. Според последните информации, 12 лица загинале, а 48 се повредени. Сообраќајот е целосно запрен во двете насоки, пренесува бугарскиот информативен портал „btvnovinite.bg“.

Првата пријава за верижен судир во правец кон Бургас пристигнала околу 7:00 часот, а набргу потоа стигнала и пријава за несреќа во правец кон Софија. Во судирите учествувале патнички автомобили и тешки товарни возила. Еден од камионите се запалил.

Поради несреќата, денешната седница на бугарската влада е откажана, а претседателот Румен Радев ги откажа своите планирани обврски во Варна.

Георги Чалаков, регионалниот гувернер на областа Јамбол, потврди дека има жртви и ја опиша ситуацијата како исклучително сериозна. Во регионот е активиран системот за рано предупредување на јавноста „BG-ALERT“.

„Ова е исклучително тешка несреќа, не се сеќавам на ништо слично во Бугарија во последните години“, изјави Дијана Русинова“, претседател на Европскиот центар за транспортни политики.

Русинова додаде дека во судирот учествувала и цистерна со пропан-бутан, што создало дополнителен безбедносен ризик.

Според нејзините информации, луѓе – меѓу кои и деца – останале заглавени во некои од возилата. Еден од сведоците раскажа дека асфалтот бил многу влажен, а маглата исклучително густа. Тој опиша како видел камиони во пламен и автомобили што се превртувале во полињата покрај автопатот.

На местото на настанот се испратени возила на итните служби од Јамбол, Сливен и Бургас, како и 14 противпожарни екипи. Повеќе од 20 војници, исто така, помагаат во расчистувањето на теренот. Медицински хеликоптери се во состојба на подготвеност, но одредено време не можеа да стигнат до локацијата поради густата магла. Состојба на повредените

Осум пациенти се примени во болницата во Сливен. „Седуммина се во стабилна состојба, додека едно лице е во критична состојба“, потврди Михаил Кашеров, регионалниот гувернер на Сливен. Во болницата во Јамбол, тројца од повредените се во сериозна состојба, изјави заменик-директорот на болницата, д-р Валентин Валчев.

Автопатот „Тракија“ ќе остане затворен во двете насоки подолг временски период, поради големиот број возила вклучени во несреќата и времето потребно за вршење увид на лице место. Полицијата го надгледува отстранувањето на камионите од местото на настанот за да се расчисти коловозот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лука Дончиќ прогласен за кошаркар на неделата во НБА

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ , е прогласен за играч на неделата во Западната конференција на НБА лигата, е објавено на официјалната веб-страница на најсилната светска лига.

Лука Дончиќ прогласен за кошаркар на неделата во НБА

Лука Дончиќ со неверојатен просек од 45 поени по натпревар заслужено го доби признанието за играч на неделата во НБА лигата.

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ (27), е прогласен за играч на неделата во Западната конференција на НБА лигата, беше објавено на официјалната веб-страница на натпреварувањето.

Минатата недела во НБА лигата, кошаркарите на Лејкерс остварија три победи на три натпревари. Во тој период, Дончиќ имаше просек од 45 поени, 8,3 асистенции, седум скока и 1,3 украдени топки по натпревар.

Словенечкиот репрезентативец по 20-ти пат во кариерата е избран за играч на неделата во НБА, а по петти пат како кошаркар на ЛА Лејкерс.

Сезонава, Дончиќ има просек од 40,1 поен, 7,8 скока и 7,7 асистенции. До просекот од 45 поени по натпревар во текот на неделата тој стигна со постигнати 42 поени против Мајами, 40 против Сакраменто и дури 53 поени против Портланд во саботата.

Меѓу номинираните за признанието кошаркар на неделата на Западот беа и : Дени Авдија (Портланд), Ламело Бол (Минесота), Стефен Кари (Голден Стејт), Шеј Гилџес-Александер (Оклахома), Виктор Вембањама (Сан Антонио) и Остин Ривс (ЛА Лејкерс)

Кошаркарот на Њујорк, Џејлен Брансон, беше прогласен за најдобар играч на Источната конференција во НБА минатата недела. Тој имаше просек од 27,7 поени, 6,3 асистенции и 3,3 скока по натпревар.

Кошаркарите на шампионот Њујорк остварија три победи на три натпревари минатата недела. Кандидати за играч на неделата на Истокот беа Никил Александер-Вокер (Атланта), Јанис Адетокунбо и Клеј Томпсон (Мајами), Џејлен Браун (Филаделфија) и Карл-Ентони Таунс (Њујорк).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер