Почнува 13. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ - Канал 5

Почнува 13. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“

Тринаесеттиот Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ вечер ќе биде отворен во Даут-пашиниот амам во Скопје. 

Почнува 13. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“

Српскиот писател и поет Небојша Лапчевиќ, бугарската писателка Елена Алексиева, една од најпознатите словенечки писателки за млади читатели Јана Бауер и домашни претставнички – поетесата, романсиерка и преведувачка од романски и словенечки на македонски јазик Лидија Димковска и Хана Корнети, писателка на проза и долгогодишна уредничка на академски и комерцијални текстови, предводени од лауреатот на наградата „Прозарт“ за 2025, најпреведуваниот словенечки писател и драматург Евалд Флисар се гости на фестивалот, што ќе трае до 23 септември.

На првата фестивалска вечер, Флисар ќе биде во друштво со Бауер, Алексиева, Лапчевиќ, Димковска и Корнети. Со нив ќе разговараат Александар Прокопиев и Владимир Јанковски.

На вториот фестивалски ден, на 22 септември во 11 часот во Европска куќа - Скопје ќе се одржи средба на новинари со учесниците на програмата „Скопје Fellowship“, по што ќе следи средба за вмрежување меѓу издавачите и традиционалната средба на членовите на програмата „Скопје фелоушип“ со претставници на Македонската асоцијација на издавачи. Вечерта од 18 часот во „Буква“ ќе се одржи промоција на книга од Јана Бауер во организација на „Артконект“. Втората фестивалска вечер завршува со традиционалната тркалезна маса во која учествуваат авторите-гости на фестивалот, од 20 часот во Европска куќа Скопје. Тркалезната маса годинава е на тема „Војни, вештачка интелигенција, литература“ и ја модерира Владимир Јанковски.

На 23 септември во Бугарскиот културно-информативен центар е закажана посебна средба на учесниците на „Скопје Fellowship“ и тркалезна маса на тема „Војни, вештачка интелигенција, литература“.

Наградата „Прозарт“, што фестивалот по 13. пат ја доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, ќе му биде врачена на словенечкиот писател Евалд Флисар на затворањето на фестивалот на 23 септември од 20 часот во Даут-пашин амам. На завршната вечер, Флисар ќе се обрати пред присутните, а писателите ќе читаат извадоци од своите дела.

Во дополнителната програма на фестивалот на 26 септември, од 20 часот, во Аудиокултура - Скопје ќе се одржи промоција на книгата „30 современи грчки автори“. На промоцијата ќе бидат присутни и четворица грчки поети: Хрисанти Иакову, Ефтихија Кателанаки, Манос Мавромустакакис и Никос Влахакис, чии песни се застапени во оваа книга. Истиот настан ќе се одржи и во Атина, со цел книгата да го добие својот меѓународен публицитет и поддршка.

Во рамки на ПРО-ЗА Балкан, се одржува и 12. програма „Скопје фелоушип“, која годинава се реализира во соработка со КУД „Содобност“ од Словенија, а кофинансиранa е од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. На програмата, годинава учествуваат 15 издавачи, меѓу кои претставник на италијанскиот гигант „Џунти едиторе“, поранешна директорка во „Рандом хаус“ и актуелна уредничка на британска издавачка куќа, еден од најугледните издавачи на книги за деца од Украина, шпанскиот издавач на Јосип Коцев, унгарскиот издавач на Румена Бужаровска, претставничка од ТРАДУКИ, директор на литературна агенција од ОАЕ, претставник на Интернационалната алијанса на независни издавачи и уште многу издавачи од Европа.

Организатор на интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура и туризам, „Традуки“, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, Амбасада на Грција, Амбасада на Словенија, СПОНА, Амбасада на Шпанија, Амбасада на Словачка, КУД „Содобност“, Умно.мк и Метрика Култура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторна расправа за Законот за јавни набавки во Собранието

Во Собранието денеска исто така ќе се расправа и за законот за јавните набавки откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно не го потпиша указот за негово прогласување.

Повторна расправа за Законот за јавни набавки во Собранието

Со тоа што пратениците на 10 ноември го усвоија амандманот со кој се смени начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за јавни набавки, претседателката оцени дека ваквата измена отвора простор за неограничен број мандати и отвора прашања за владеењето на правото и концентрацијата на моќта во одлучувањето за јавните средства.

Со спорниот член се предвидуваше можност за повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз.

Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Во петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба Ружа

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. брашно

100 мл. млеко

1 јајце

2 лажици доматно пире

100 гр. кашкавал

1 прашок за пециво

1 лажиче италјански зачин или оригано

100 - 200 гр. шунка или салама

100 гр. кечап

100 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер