Почнува 11. Фестивал за современи уметности АКТО - Канал 5

Почнува 11. Фестивал за современи уметности АКТО

Во Битола од денеска до 14 август ќе се одржува 11. Фестивал за современи уметности АКТО. Тридневната програма под мотото Pop Up или искрснување, ќе биде фокусирана на политичката моќ на уметничките колективи.

Почнува 11. Фестивал за современи уметности АКТО
- Оваа година главниот акцент на програмата е врз моќта на колективното делување, пред се политичката моќ на уметничките колективи. Покрај тоа што единаесеттото издание на АКТО оваа година започнува во Битола, каде што сме навикнати да го следиме, потоа ќе се одржи и во Скопје, Штип и Тетово. Уште од почетоците на АКТО, една од главните карактеристики на фестивалот е откривање и освојуање различни простори и работа со локални проблеми, па токму затоа одлучивме АКТО приказната да се прошири во другите градови, рече на прес-конференција Филип Јовановски, претставник од организацијата на фестивалот.

Сите музички настапи и пероформанси ќе бидат бесплатни, а на лоакциите каде што ќе се одржува фестивалот ќе има пунктови за донации за помош на населението од поплавените подрачја во Скопско.

Фестивалот ќе се одржува на повеќе локации во Битола, односно фабриката „Фрижидери“ во индустрискиот дел, кафе-барот „Јагода“, како и Центарот за култура и Народниот театар во Битола.

- Околу локациите каде што ќе се одржува фестивалот, фокусирани сме во фабриката „Фрижидери“ во индустриската зона во Битола, која ќе биде своевидна независна зона, каде што ќе биде фокусирана музичката програма и дел од конференциите и изложбите. Ќе имаме и АКТО камион кој ќе кружи во Битола и ќе ја шири пораката на фестивалот. Оваа година имаме богата музичка програма, а музичарите кои ќе настапуваат, во изминатите децении активно влијаеле на општеството преку музиката што ја создаваат. Ќе настапуваат Дисциплина кичме, Фолтин, Џимпстер и многу други диџеи и бендови од Битола и регионот, додаде Јовановски.

Поп ап АКТО е организиран од ФРУ – Факултет за работи што не се учат, а финансиски е поддржан од Агенцијата на САД за меѓународен развој УСАИД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: 150 милиони денари инвестициски циклус во Василево во патишта, училишта, спортски терени и комунална инфраструктура

Општина Василево за помалку од една година реализира и започна проекти вредни околу 150 милиони денари, во патишта, канализација, училишта, спорт, култура и комунална инфраструктура.

ВМРО-ДПМНЕ: 150 милиони денари инвестициски циклус во Василево во патишта, училишта, спортски терени и комунална инфраструктура

Се инвестира во сите населени места, а општината создава подобри услови за живот и посигурна иднина за сите граѓани.

Василево продолжува со силно темпо и продолжува со нови проекти, нови инвестиции и уште поголема динамика.

Еден од поголемите и покомплексни инфраструктурни зафати што се реализира е во Пиперево. Таму, по изградбата на системите за фекална и атмосферска канализација, во последна, завршна фаза е асфалтирањето на главната улица и изградбата на пешачка патека од двете страни на улицата.

Во Владевци сe асфалтира патот што води до црквата „Успение на Пресвета Богородица“.

Во Нова Маала се асфалтира улицата покрај ООУ „Атанас Нивичански“, а заврши и асфалтирањето на патот кон селските гробишта. Во Добрашинци се заврши со асфалтирањето на дел од главната улица. Во Едрениково е изграден мост во близина на училиштето, со што се реши долгогодишен проблем во тоа населено место.

Василево продолжува да се гради, да се развива и да оди напред со дела и со работа за секој граѓанин. Василево продолжува со силно темпо.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанија заплени два тони кокаин од јахта поврзана со балканска нарко мрежа

Шпанија заплени два тони кокаин од јахта што пловела под полско знаме, поврзана со балканска нарко мрежа. 

Шпанија заплени два тони кокаин од јахта поврзана со балканска нарко мрежа

Пресретнувањето на едрилицата што го превезува кокаинот во Атлантикот доведе до демонтирање на логистичка мрежа за трговија со дрога.

Операцијата дончела, спроведена од шпанската служба за царински надзор заедно со француските царински власти, резултираше со пет апсења и заплена на повеќе од 2.000 килограми кокаин на околу 640 километри од галиција. Со помош на американската администрација за борба против дрога, националната агенција за криминал на Велика Британија и португалскиот центар за поморска анализа и операции за наркотици, шпански патролен брод ги пронашол и лоцирал шверцерите на 400 милји од Галиција. Полицајците пронајдоа 70 бали што содржеа 2.100 килограми кокаин складирани на палубата. Операцијата доведе до апсење на четири члена на екипажот - од аргентинска, уругвајска, колумбиска и албанска националност - а осомничениот Албанец е наводно одговорен за надгледување на испораката до купувачите на балканот.истрагата останува отворена додека полицајците се обидуваат да уапсат човек во Барселона за кој се верува дека е одговорен за надзорот и логистиката на групата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИН МЕМОРИАМ: Тонкица Митровска (1948-2026)

Друштвото на филмски работници со неизмерна почит се збогува од својата долгогодишна и истакната членка, Тонкица Митровска, пионер на македонскиот анимиран филм, кој остави неизбришлив траг во македонската кинематографија.

ИН МЕМОРИАМ: Тонкица Митровска (1948-2026)

Нејзиното заминување е огромна загуба за културната сцена, но нејзиното творештво останува како траен споменик на една извонредна кариера.

Како дипломиран графичар Тонкица Митровска беше еден од темелниците на познатата „Скопска анимирана школа“ во рамките на Студиото за анимација на „Вардар филм“ и со децении го ткаеше својот талент во визуелната меморија на генерации. Соработувајќи со најголемите авторски и режисерски имиња, таа вдахна живот во повеќе од 20 анимирани остварувања, носејќи автентичност, прецизност и уметничка длабочина во секој кадар. Во својот децениски творечки опус, таа остави неизбришлив творечки печат соработувајќи како аниматор, фазер и цртач на повеќе култни анимирани остварувања, со што суштински го трасираше патот и го подигна уметничкиот стандард на македонската анимација.

За својот извонреден професионален ангажман, исклучителниот придонес и лојалноста кон филмската уметност, ДФРМ ја одликуваше Митровска со престижната награда „Златна рамка“ во 2021 година, а нејзиниот животен опус беше крунисан и со признанието „Златен објектив“ (2023) доделено од Кинотеката на Македонија.

Македонската филмска фела изгуби извонреден професионалец, предан колега и тивок уметнички генијалец чиј ведар дух и скромност беа инспирација за генерации филмски автори. Нејзиното дело останува трајно вградено во колективната културна меморија и во темелите на нашата кинематографија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер