ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана
1ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана
КултураПочнува 10. Јубилејно издание на Вевчанското културно летоПод мотото „Вевчани за Блаже Конески" денеска во Вевчани почнува 10. Вевчанско културни лето „ВЕВКУЛ 2021", во чии рамки ќе бидат одбележани 100 години од раѓањето на великанот на македонската книжевност Блаже Конески.Јубилејното издание ќе биде отворено вечер, со изложба на фотографии и факсимили од животот и делото на македонскиот поет, раскажувач, есеист, книжевен научник и лингвист, Конески, од новинарот и публицист, Мишо Китаноски. На настанот ќе бидат читани стихови од Конески од ученици од основно училиште „Страшо Пинџур" во Вевчани. – На изложбата ќе бидат претставени значајни моменти од животот и делото на Блаже Конески, од кои дел се непознати за македонската јавност, информира Китаноски. Целта на Вевчанското културно лето, според Верица Мукоска, дел од организацискиот одбор, е зачувување на македонското културно наследство. – Да остане во чест и спомен придонесот на македонскиот великан Блаже Конески, а во Вевчани како културно – туристичко место со богата историја и традиција да продолжат да се организираат вакви настани со цел зачувување и промовирање на македонската литература и уметност, изјави Мукоска, која истовремено е апсолвентка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески" – Скопје на Катедрата за Македонска книжевност и јужнословенски книжевности Во рамките на „ВЕВКУЛ 2021" предвидена е научна трибина посветена на Блаже Конески, на која ќе учествуваат повеќе македонски писатели, професори, македонисти и културни дејци. Според програмата, ќе бидат организирани изложби од академскиот сликар Александар Младеновски и средношколецот Илија Пешиноски, како и промоции на книги од: Ана Витанова – Рингачева, Сузана Мицева, Јованка Денкова, Даниела Андоновска – Трајковска, Весна Мундишевска – Велјановска, Косте Шутиноски и Сашо Бетоски. Најавен е и натпревар во шах меѓу вевчански, струшки и охридски шахисти и велемајсторот Димче Илијевски, а уметникот Живко Поповски – Цветин ќе испрати 100 пораки на своите цртежи со мисли од Блаже Конески./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваБитола ја врати чалгијата во срцето на Старата битолска чаршијаСо музика, традиција и прекрасна енергија која ја исполни Старата битолска чаршија, заврши првото издание на „Битолски чалгиски денови“ - фестивал посветен на чалгијата, организиран од ЈОУ Културно - информативен центар - Битола.Со музика, традиција и прекрасна енергија која ја исполни Старата битолска чаршија, заврши првото издание на „Битолски чалгиски денови“ - фестивал посветен на чалгијата, организиран од ЈОУ Културно - информативен центар - Битола, во рамките на Битолското културно лето - БИТ ФЕСТ, во соработка со Општина Битола. Два дена Битола живееше во ритамот на чалгијата, а Старата битолска чаршија повторно заживеа на најубав начин - исполнета со музика, луѓе, светлина и препознатливиот дух на стара Битола. Фестивалот покажа дека кога традицијата ќе се врати на улиците и во просторите каде што некогаш живеела, чаршијата повторно го добива својот препознатлив печат на градот. Од првите фестивалски звуци со „Чапче и Тајфата“, преку Филип Шурбевски Езгија Квартет, „Мерак Чалгии“, со Димитар Андоновски и Бојан Стојков, па се до настапот на „Љубојна“ и Битолскиот Чалгиски Оркестар, чаршијата стана сцена на која традицијата и современиот музички израз создадоа прекрасна атмосфера. Фестивалот започна со едукативниот семинар „Канон – Чалгиска музика“, под менторство на Филип Михајловски, а вториот фестивалски ден донесе и пајтонско дефиле по Широк Сокак, со што чалгиската приказна се прошири низ срцето на градот. Фотографиите од фестивалските вечери најдобро ја раскажуваат приказната - за една чаршија која повторно е полна со живот, за град кој знае да ја зачува својата традиција и за Битола која блеска во својата најубава светлина. „Битолски чалгиски денови“ покажаа дека традицијата не е само спомен од минатото - таа може повторно да живее, да се слуша и да го исполнува градот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуанаОсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) отвори истрага против едно лице поради основано сомнение дека било дел од организирана шема за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги. Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице. Постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Имено, во периодот од февруари до 14 август 2026 година, осомничениот, заедно со тројца осомничени против кои се води постапка во Република Грција, како повеќе лица, неовластено заради продажба и пуштање во промет организирале набавка, држење и пренесување наркотична дрога – марихуана, во вкупна нето-маса од 324 килограми и 474 грама. Кон крајот на февруари годинава осомничениот набавил товарно моторно возило, а на почетокот на март и приколка, по што веднаш организирал наводен превоз на рециклирана пресувана хартија од Република Северна Македонија кон Република Турција, преку Република Бугарија. Откако ги завршил царинските формалности, на 8 март 2026 година осомничениот со товарното возило и приколката ја напуштил македонската територија во правец кон Република Бугарија. Меѓутоа, наместо да продолжи кон Република Турција, се упатил кон Република Грција, каде возилото со приколката го оставил на изнајмен затворен плац во Солун. Таму се сретнал со двајца од осомничените против кои се води постапка во Република Грција, од кои едниот е недостапен за органите на прогонот, и го договорил понатамошниот транспорт на наркотичната дрога, откако истата ќе биде сокриена во товарот со рециклирана хартија. По набавката на наркотичната дрога, двајца од осомничените, заедно со засега непознати лица, во периодот од 11 до 14 август 2026 година ја сместиле марихуаната во претходно направени отвори во балите со рециклирана хартија. На 14 август 2026 година, во рамките на акцијата „Вардарис“, полициски службеници во Република Грција лишиле од слобода двајца од осомничените и извршиле преглед и претрес на изнајмениот плац. Таму била пронајдена приколката, од која претходно биле отстранети регистарските ознаки. Во четири палети сместени во задниот дел од приколката и во уште четири палети пред неа било пронајдено погореспоменатото количество на наркотична дрога – марихуана. Јавниот обвинител оцени дека доколку осомничениот биде оставен да се брани од слобода може да се даде во бегство, да ја попречува кривичната постапка со влијание врз соучесници и сведоци или да го повтори кривичното дело. Од тие причини, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје беше доставен предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот и со решение вчера на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.Тагови: марихуана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМика Годц премина од Ајакс во Париз Сен ЖерменБелгискиот фудбалер Мика Годс е најновиот играч на Пари Сен Жермен, што го потврдија холандскиот и францускиот клуб. Според соопштението на официјалната веб-страница на актуелниот двократен европски шампион, 21-годишното крило потпиша петгодишен договор со Пари Сен Жермен. Годс претходно настапуваше за Ајакс, а сега ќе ја продолжи кариерата во редовите на францускиот шампион и европски првак. Претходно денес, Пари Сен Жермен го потврди и доаѓањето на шпанскиот репрезентативец Феран Торес од Барселона. Францускиот клуб продолжува да го засилува својот состав пред новата сезона, а се очекува Годс да понуди уште една напаѓачка опција за тимот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook