Почнаа предвремените избори на Косово- Ќе останат ли Тачи и Харадинај на власт ?

Денеска од 7 часот почна гласањето на предвремените парламентарни избори на Косово, каде албанските партии се борат за 100 ,а малцинските за 20 загарантирани места во парламентот од кои 10 се гарантирани за Србите.  

Предвремените избори беа распишани откако шестиот состав на косовскиот парламент беше распуштен во август по оставката на премиерот Рамуш Харадинај на 19 јули, кој се повлече по повикот на Хашкиот специјален суд .Ова се седми парламентарни избори на Косово досега, од едностраната декларација за независност на Косово во 2008 година, со тоа што владата на Рамуш Харадинај остана на власт само две години.

Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово објави дека 1.937.868 гласачи имаат право на глас, со 117.808 гласачи во 10 општини со српско мнозинство и тие ќе одлучат за 10 места кои, според изборниот закон на Косово, припаѓаат на српската заедница.

Анкетите за избори што се одржуваат во постојани тензии и нетолеранција меѓу Приштина и Белград, укажуваат на можноста ниту една партија да добие доволно гласови за да формира нова влада самостојно, така што се очекуваат исцрпувачки разговори за коалиција.

За прв пат по војната на Косово во 1999 година, најмалку четири партии или коалиции имаат добри шанси да освојат најмногу гласови. Неодамнешните анкети предвидуваат дека Демократската лига на Косово (ЛДК), Демократската партија на Косово (ПДК), Алијансата за иднината на косовската коалиција и Социјалдемократската партија (ААК-ПСД), како и движењето Ветевендосје (Самоопределување) ќе бидат многу изедначени. .

Во Косово е одлучувачко кој е на врвот, затоа што, според Уставниот суд, само најсилната партија може да формира влада.

За прв пат во историјата на најмладата европска земја, една партија го прогласи и својот кандидат за премиерско место.

Адвокатот на ЛДК, Вјоса Османи (37) има добри шанси да стане премиер. Другите тројца нејзини конкуренти, исто така, можат да се надеваат на победа: претседателот на парламентот Кадри Весели (ОДК), поранешниот премиер Рамуш Харадинај и лидерот на опозицијата Албин Курти (Ветевендосја).

За пратеници се борат 1.060 кандидати од 20 партии, четири коалиции и еден независен кандидат од бошњачката заедница за 120 места .

Србите на изборите во Косово се претставени од Српскиот список (СЛ), кој има официјална поддршка од Србија и е на власт во сите 10 мнозински српски општини во Косово, партијата на косовските Срби (ПКС) од Лепосавиќ, коалицијата „Слобода“ со седиште во Грачаница и Независната Либерална партија (СЛС) од Грачаница.

На претходните избори, Српскиот список имаше девет места од вкупно 10 загарантирани на српската заедница, додека еден мандат му припаѓаше на претседателот на Независната либерална партија, Слободан Петровиќ.

Изборниот молк започна на полноќ на 4 октомври, и претходеше на кратка, но бурна изборна кампања, особено во српскиот политички корпус, во која официјален Белград безрезервно ја поддржуваше Српската листа, сестринската партија на владејачката Српска напредна партија (СНС), на претседателот на Србија ,Александар Вучиќ.

Новороденче, кое било прогласено за мртво, се разбудило на погребот- семејството верува во чудо

Бебе кое било прогласено за мртво набргу по раѓањето, е префрлено назад во болница во Парагвај откако добила знаци на живот за време на нејзиниот погреб.

Нејзините блиски кои се потресени од сѐ, изјавија дека не исклучуваат „Божја интервенција“, пренесува El Tiempo.

Девојчето е родено околу пладне во петокот со царски рез, откако нејзината 21-годишна мајка имала компликации во седмиот месец од бременоста.

Но, бебето било прогласено за мртво и предадено на семејството заедно со потврдата за смрт.

Таткото на бебето, Игнасио Медина, изјавил за локалната телевизија Телефутуро дека телото на бебето го добил „целосно виолетово“.

Семејството, кое веќе претрпело загуба на уште едно бебе од оваа двојка, наместо да слави, отишле на погребот во Минго Гуазу, место на околу 20 километри од Сиудад дел Есте, главниот град на департманот Алто Парана, кој граничи со Аргентина и Бразил.

„Ја однесовме кај мајка ми и таму ја гледавме“, рече Медина.

Тој рече дека непосредно пред да заминат на гробиштата, еден од неговите чичковци забележал дека бебето мрда со главата и ги известил присутните.

„Потоа отидовме да ја провериме и срцето ѝ чукаше“, додал таткото кој веднаш го однел бебето во болница.

Кога таткото на бебето го прашал што се случило, директорот на Регионалната болница во Сиудад дел Есте, Федерико Шредел, не ја исклучил можноста дека се работело за катаплексија.

„Поради состојбата со предвремено раѓање, тоа може да се случи, практично пациентот останува без знаци на живот“, додаде специјалистот и предупреди дека ваков случај може да се случи еднаш на секои пет милиони раѓања.

Исто така, Пабло Лемир, директор на судска медицина на Министерството за правда во Парагвај, исто така објасни дека тоа може да биде катаплексија или синдром на „очигледна смрт“.

„Нема чукање на срцето, нема дишење, телото е опуштено, бледо, станува сино или виолетово и обично се решава спонтано и необјасниво“, изјави тој за парагвајскиот медиум ABC Colors.

Според експертот, бебето било родено предвреме и тоа ги исклучило опциите за лекарите.

„Во 26-та недела од бременоста и со таа тежина, белите дробови не се подготвени да бидат надвор од матката, ниту пак нервниот систем е правилно развиен“, рече тој.

Од друга страна, роднините не исклучуваат „божествена интервенција“ и тврдат дека девојчето, сепак со резервирани прогнози, ќе се вика Милагрос де Жезус, што во превод значи „Чудо Исусово“.

Момче падна од 40 метри висок гребен во Италија- пријателите немоќно гледале (ВИДЕО)

Момче (14) од Арика, Италија, доживеа трагична судбина кога со другарите го посети езерото Неми, не сфаќајќи дека ќе падне од дрво по стрмна карпа од 40 метри и ќе загине.

Тој наводно се одвоил од својата група пријатели и се обидел да стигне до највисоката точка на Виа Перино, но гранката од дрвото на која се качувал се скршила и момчето се превртело врз карпата, објави Мирор.

Тинејџерот паѓал над 30 метри, а неговите пријатели беспомошно гледале и веднаш го вклучиле алармот.

Пожарникарите од Неми и карабинерите веднаш пристигнале на местото на настанот, но не можеле ништо да му направат на момчето, освен да констатираат смрт.

Телото е пренесено во болницата Кастели во Арикио, а потоа во Институтот за судска медицина во Рим.

Брутално убиство во Њујорк: Во фрижидер е пронајдена отсечена човечка глава и делови на тело

Маж од Њујорк е обвинет за убиство откако во фрижидерот на неговиот стан во Бруклин биле пронајдени човечка глава и делови од телото, соопшти денеска полицијата.

Николас Мекги (45) е уапсен во четвртокот попладне и обвинет за грабеж, криење на човечко тело и компромитирачки докази, соопшти њујоршката полиција, пренесува Ен-Би-Си Њуз.

Посмртните останки на 40-годишниот Кошин Гелцер биле пронајдени на 22 јануари во станот што Мекги го делел со Хедер Стајнс (45), која исто така е уапсена за криење на човечки труп.

Полицајците рекоа дека одговориле на повикот од станот и пронашле повеќе црни кеси со делови од тело во фрижидерот и замрзнувачот.

Според кривичната пријава, лекарите подоцна го идентификувале Гелцер преку отпечатоци од прсти.

Полицијата денеска не соопшти повеќе детали за случајот, ниту пак како и кога е убиен Гелцер.

притисни ентер