3Таткото на Меган Маркл се соочува со тешки обвинувања за силување деца, синот тврди дека пронашол снимки (ВИДЕО)
СветПочнаа мировните разговори во Женева- Украина преговара со САД и делегации од Британија, Франција и Германија Украинската делегација одржува серија разговори со европските советници за безбедност во Женева, потврди Андриј Јермак, шеф на Кабинетот на претседателот Володимир Зеленски.Јермак појасни дека првата средба е одржана со советници од Обединетото Кралство, Франција и Германија - Џонатан Пауел, Емануел Боне и Гинтер Заутер. Тој исто така најави дека ќе следи средба со американската делегација. „Многу сме конструктивни. Генерално, за денес се планирани серија состаноци во различни формати. Продолжуваме да работиме заедно за да постигнеме одржлив и праведен мир за Украина“, рече Јермак. The Ukrainian delegation, appointed by President @ZelenskyyUa, has begun its work in Geneva. Held the first meeting with the national security advisors of the leaders of the United Kingdom, France, and Germany: Jonathan Powell, Emmanuel Bonne, and Günther Sauter. The next meeting… — Andriy Yermak (@AndriyYermak) November 23, 2025 Сите разговори се водат во тајност, а по нивното завршување се очекуваат нови информации. Кој учествува во преговорите во Женева? Соединетите Американски Држави ги претставуваат државниот секретар Марко Рубио и Стив Виткоф, специјалниот дипломатски претставник на американскиот претседател за надворешни работи. Украинската делегација ја предводат Андриј Јермак, шеф на кабинетот на претседателот Зеленски, и Рустем Умеров, секретар на Советот за национална безбедност. Според достапните информации, со нив во Женева се и други украински претставници. Во име на Обединетото Кралство, во разговорите учествува Џонатан Пауел, советник за национална безбедност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаДвајца уапсени во кафуле во Тетово- кај газдата пронашле 15 пакувања дрогаАкциска контрола во угостителски објект во Тетово, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица.На 23.10.2026, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Тетово и од мобилниот тим „Task Force“ во координација со претставници од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во угостителски објект во Градскиот трговски центар во Тетово. Притоа, пред објект бил затекнат М.Р.(48) од Тетово и при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја, по што е лишен од слобода. Додека, внатре во објектот, кај сопственикот Ј.Т.(54) од село Требош биле пронајдени 15 пакувања со бела прашкаста материја, по што и тој е лишен од слобода. Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерот Муцунски ја предводеше владината делегација на одбележувањето на 23 Октомври Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.По повод празникот, министерот Муцунски истакна дека 23 Октомври е потсетник на идеалите за слобода, самостојност и државотворност и ден на почит кон генерациите што го трасирале патот кон современата македонска држава. „Наша обврска е тие идеали да ги чуваме со достоинство и да градиме силна, стабилна и меѓународно почитувана држава, одговорно водејќи ја кон напредок и нови достигнувања“, порача Муцунски. Свои на своето – нека е честит Денот на македонската револуционерна борба!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаДвајца кумановци нападнаа повозрасен маж за да го принудат да земе брз кредит, уапсени се Лишени од слобода две лица од Куманово, физички нападнале и ограбиле повозрасен маж и се обиделе да го принудат да земе брз кредит од финансиско друштво.На 22.10.2026 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода 45 - годишната С.Б. и Р.Т.(52) од Куманово. Според пријавеното, С.Б. измамила и повикала во својот дом 64-годишен маж наводно за да ѝ помогне да купи мобилен телефон, а кога пристигнале во дворот Р.Т. физички го нападнал, а таа му одзела пари и телефон . Како што е пријавено, после тоа го принудиле да отиде во финансиско друштво за да подигне брз кредит, но тој успеал да ѝ сигнализира на вработената дека е принуден да го прави тоа, по што повикала полиција. Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook