Почнаа археолошките истражувања во Стоби - Канал 5

Почнаа археолошките истражувања во Стоби

Поради пандемијата со задоцнување од три месеци, НУ „Стоби" на 1 јули почна со програмските активности  од  годинашните археолошки  истражувања на локалитетот Стоби. Ќе се доистражува 

Почнаа археолошките истражувања во Стоби

Римската порта и југоисточниот сегмент од комплексот градби околу храмот на Изида, а ќе има конзервација и доистражувања на Римскиот театар во Стоби.

Директорот на НУ „Стоби" Спасе Перовски за МИА изјави дека станува збор за проекти одобрени во програмата за 2020 на Министерството за култура.

Се работи проектот „Изработка на проект за конзервација на археолошките остатоци од Римската порта и сегмент од југоисточен бедем". Истовремено има и археолошки доистражувања на Римската порта и југоисточниот сегмент од комплексот градби околу храмот на Изида", а проектот го раководи археологот Јован Радњански.

–Интересно е што таму досега никогаш не било ископувано и затоа очекуваме интересни наоди и научни заклучоци во врска со функционирањето на градот, најави Перовски.

Вторите истажувања се „Конзервација, реставрација, реконстукција и археолошки доистражувања на објектот Римски театар во Стоби", а проектот го раководи археологот Гоце Павловски.

Перовски најави дека потоа ќе работат на сцената на театарот, а ќе се прави и нова рампа за влез на товарни возила во близина на сцената и од каде директно се слегува во делот на театарот.

Директорот на НУ „Стоби" планира сите програмски активности предвидени за годинава во Стоби и поддржани од Министерството за култура во рамки на матичните дејности во целост да бидат реализирани до крајот на годинава.

Тој информира дека поради кризата предизвикана од Ковид-19, НУ Стоби донела одлука да врати во државниот буџет 980 илјади денари, пари кои им беа доделени од Министерството за култура за два проекта – „Ретроспективна изложба на Петар Хаџи Бошков" во визуелни уметности архитектура и дизајн за која беше доделен буџет од 800 илјади денари и „Римскиот театар во Стоби: Студија за кавеата 2000-2019. Едиција: Студии за старините на Стоби, серија монографии книга II", Гоце Павловски, во издавачка дејност, 180 илјади денари.

-Заинтересираноста на луѓето за Стоби, посветената работа, духот на тимот вработени и времено ангажирани, дава за право сите ние да се увериме дека поседуваме локалитет кој е рамо до рамо со светските археолошки локалитети, паркови и музеи од оваа област, потенцира Перовски.

Додаде дека Националната установа за управување со Археолошкиот локалитет Стоби ниту во време на кризата поради вирусот не престанала со активности за популаризација и презентација на Стоби.

Перовски потенцира дека во овие услови посебно била активна веб-платформата и социјалните мрежи и дека интересот бил уште поголем. Доказ за тоа, рече, е што нивните постови за разни ископини и предмети од Стоби имале повеќе илјади прегледи.

Интересно е што еден од тие постови за само еден ден имал 16 илјади прегледи. Станува збор за пост на 3 јули со кој беше соопштено дека локалитетот се отвора за посетителите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фестивалот „Охридско лето“ денеска одбележува 66 години од постоењето

Денеска ќе биде одбележан 66.роденден на фестивалот „Охридско  лето“.

Фестивалот „Охридско лето“ денеска одбележува 66 години од постоењето

Со промоција на монографијата „Ана Липша-Тофовиќ” од авторите Снежана Анастасова Чадиковска и Александар Трајковски и концерт на израелскиот машки сопран/контратенор Мајан Лихт и полскиот пијанист Пшемен Виницки, денеска ќе биде одбележан 66.роденден на фестивалот „Охридско лето“.

Монографијата ќе биде промовирана во 19 часот во црквата „Света Софија“ каде што токму на овој ден, 4 август, оперската примадона Ана Липша Тофовиќ со нејзиниот солистички рецитал го означи почетокот на фестивалот „Охридско лето“. Инаку, монографијата е посветена на јубилејот – 100 години од нејзиното раѓањето (1926-2012).

Авторите на монографијата м-р Снежана Анастасова Чадиковска и д-р Александар Трајковски се истакнати музички педагози и публицисти, добитници на повеќе награди од областа на културата, публицистиката и педагогијата, со свој значаен влог во полето на македонското музичко книгоиздателство. Од нивната повеќегодишна соработка, досега се произлезени книгите „Зина Креља, сопран, првенка на Операта при МНТ“ (2018) и „Милка Ефтимова – Моето богатство“ (2020).

Роденденскиот концерт на Мајан Лихт и пијанистот Виницки ќе се одржи во „Света Софија“ од 21 часот.

Добитникот на наградата „Најдобар дебитант“ на Оперските награди во Брисел во 2025 година, Мајан Лихт, се смета за еден од највозбудливите вокални уметници на денешницата. Нарекуван „модерен Фаринели“, Лихт ја освојува светската сцена изведувајќи улоги кои ретко кој може да ги пее комбинирајќи вокална виртуозност со емотивна длабочина. Покрај неговата кариера, тој е интернет-феномен со стотици илјади следбеници на социјалните мрежи и милионски број прегледи на неговите видеа онлајн, со тоа тој директно придонесува кон доближување на оперската уметност кон новата публика насекаде низ светот.

Оваа сезона, Мајан Лихт ќе дебитира во Холандската национална опера во Амстердам во улогата на Ра во премиерата на „Реквием за Мариза“ од Мерич Артач, ќе ја толкува главната улога во операта „Александар во Индија“ во Театер ан дер Виен, а ќе настапи како Нероне во „Крунисувањето на Попеја“ во Театарот „Понкиели“, како дел од фестивалот посветен на Монтеверди.

Пшемек Виницки е полски пијанист, добитник на бројни награди на меѓународни натпревари во Полска и низ светот. Во 2022 година дебитира во Берлинската филхармонија изведувајќи го „Варшавскиот“ концерт од Ричард Адинсел.

Во 2022 година дипломира на Кралскиот колеџ за музика во Лондон. Добитник е на прва награда на натпреварот ЕПТА во Србија во 2021 година и на втора награда на Меѓународниот натпревар во Исхија во Италија во 2015 година. Се закитува со Гран при на Меѓународниот натпревар на наставници по музика во Варшава во 2013 година, прва награда на натпреварот „Шопен-Рим“ (2011), а истата година е финалист на натпреварите „Моњушко“ во Минск и на натпреварот „Јамаха“ во Полска.

Како солист настапува со повеќе оркестри вклучително Националниот оркестар на Белорусија и оркестарот на Летната академија во Рајхенау (Австрија), како и со филхармониските оркестри во Краков, Жешув и Лоѓ. Има снимено ЦД со клавирски концерт на Моцарт и соработува со РМФ Класик, од 2014 година е добитник на стипендија на Фондацијата „КЛЕР“. Редовно настапува низ Европа и низ светот, со концерти во САД, Франција, Шведска, Шпанија, Германија, Белорусија, Австрија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седум лица загинаа, а 40 се повредени при удар на украински дрон во преполна плажа – соопштија руските власти

Беспилотно летало погоди прометна плажа на Црното Море во јужна Русија, при што загинаа седум лица, меѓу кои и три деца, соопштија локалните власти.

Седум лица загинаа, а 40 се повредени при удар на украински дрон во преполна плажа – соопштија руските власти

Вкупниот број на повредени достигна 40, а 17 лица се однесени во болница, Русија ја обвини Украина за „намерен напад врз цивили“. Украина не даде коментар. Не е јасно што целел дронот. Некои украински канали на Телеграм тврдат дека се урнал на плажата како резултат на електронско војување кое го попречило сигналот на дронот. Несреќата се случила на плажа во близина на селото Архипо-Осиповка на Црното Море. Со својата топла клима, долги плажи и развиена туристичка инфраструктура, таа е популарна дестинација за одмор за русите, особено откако санкциите ги ограничија меѓународните патувања за многумина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Муцунски води тајни разговори за иднината на Македонија и бара имунитет, додека резултати нема!

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски јавно призна дека води разговори за судбината на земјата, но дека тие се тајни.

СДСМ: Муцунски води тајни разговори за иднината на Македонија и бара имунитет, додека резултати нема!

Не постои нормална земја во која министер за надворешни работи кажува дека разговорите за иднината на државата се тајна за нејзините граѓани.

Како може иднината на Македонија да биде тајна?

Во исто време, Муцунски бара политички имунитет за МНР: „Целата Влада може да се критикува - само МНР не.“

Тоа е неприфатливо.

МНР не е институција над Владата. Тоа е дел од истата Влада што две години нема отворено ниту еден кластер, што ги проби роковите за реформи (ветени до 1 јуни) и што единствен „резултат“ што го нуди е наративот дека опозицијата нема право да зборува.

Муцунски тврди дека за разлика од претходната влада „тие не се попустливи“.

Но фактите се поинакви.

Самите функционери на ВМРО ги признаа успесите на претходната влада:

• Мицкоски го нарече Преспанскиот договор „ремек-дело на дипломатијата“;

• Претседателката Сиљановска-Давкова потврди дека идентитетот, јазикот и културата се целосно заштитени и апсолвирани;

• Самиот Муцунски денес зборува за бенефитите од членството во НАТО - иако ВМРО со години беше против тој процес.

Значи сите тројца го пофалија она што претходната влада го направи.

За какви „попуштања“ тогаш зборува Муцунски?

Претходната влада работеше транспарентно.

Оваа влада работи зад затворени врати.

Единствената „тајна“ што постоеше тогаш беше лажната пропаганда на ВМРО и Латас - истата што продолжува и денес.

Реалноста е јасна: актуелната надворешна политика сѐ повеќе се движи меѓу влијанието на „српскиот свет“ и рускиот фактор, наместо јасно европско позиционирање.

Прашањето до граѓаните е едноставно:

По сите лаги со кои ВМРО дојде на власт, по сите лаги со кои Мицкоски и ВМРО-ОКГ владеат -

Дали верувате на Тимчо Муцунски и на неговите тајни разговори што ги води во ваше име?

Дали му верувате на Христиан Мицкоски?

Критиката кон МНР не е напад на државата.

Тоа е обврска кога надворешната политика се партизира и кога нема никакви резултати.

Ако МНР навистина работи во интерес на Македонија - зошто преговорите се тајни и зошто граѓаните на Македонија не можат да знаат што се договара?

Ако Тимчо бара имунитет и тајност - проблемот е многу подлабок.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер