Почнаа 54. Струшки вечери на поезијата - Канал 5

Почнаа 54. Струшки вечери на поезијата

Струшките вечери на поезијата се голем триумф на македонската култура и традиција која несомнено на еден благороден начин го збогатува европскиот и светскиот културен простор, нагласи министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на отворњето на 54. фестивалско издание.

Почнаа 54. Струшки вечери на поезијата
Фестивалот почна со традиционалното читање на Константиновата Т’га за југ и палење на фестивалскиот оган пред Домот на поезијата, а претходно во Паркот на поезијата беше засадено дрвце во чест на лауреатот, добитникот на највисокото признание „Златен венец“, кинескиот поет Беи Дао.

Струшките вечери на поезијата, според министерката, несомнено се еден искрен придонес на нашата држава во заемното запознавање и почитување на културите и градењето на новата димензија на пријателството меѓу народите во светот.

- Оваа манифестација, преку која одекнува полифоничноста на поетскиот збор, е најголем афирматор на поетските вредности на сите светски јазици, но и на универзалниот сон на човештвото кој едноставно вели дека историјата ја уништува идејата за вечноста, а поезијата може да го спаси светот, истакна Канческа-Милевска.

Веќе пет децении, подвлече министерката, Струга е домаќин на овој импозантен поетски собир, кој благодарение на групата македонски поети кои во почетокот на шеесетите години ја иницираа идејата за Струшките вечери на поезијата стана исклучителен книжевен симбол за секој поет. Ова, додаде, е најстарата поетска манифестација во светот, која големите поетски мигови ја дефинираа како стабилна и мудра одлука на македонскиот народ, за сите народи.

- Достигнувањата на Струшките вечери на поезијата, на овој фестивал со космополитски и универзален концепт, несомнено не обврзуваат и во иднина заеднички да ги градиме нераскинливи културни врски меѓу нас, да ја негуваме традицијата на обединување на светот низ поетскиот збор. Посакувам успешно издание на 54-те Струшки вечери на поезијата со кои верувам дека ќе потврдиме дека Република Македонија е интерконтинентална поетска веле-сила, дом на илјадници поети од целиот свет, нагласи Канческа-Милевска.

Кинескиот поет и автор Беи Дао, посочи, со својот грандиозен, планетарно распослан поетски опус на сите јазици остави длабоки траги во светската поетска мисла. - Делата на овој автор, неговата страствена и сугестивна поезија е автентична и исклучително богата и во оваа смисла, слободно можеме да забележиме дека Беи Дао е исклучителна појава во светската поетска историја, поетски глас на една генерација на автори кои одбележаа значајна епоха од развојот на светската литература, рече министерката.

Од востанувањето на фестивалот до сега, потсети, земјава ја посетиле над 5.000 поети од сите светски меридијани кои со својот поетско – уметнички чин искрено и трајно се вградија во реномето на оваа меѓународна манифестација. - Дел од нив се закитија и со најпрестижното признание, лауреат на Струшките вечери на поезијата, кое е императив за секој поет, бидејќи го потврдува негово место меѓу најголемите светски поетски пера, рече министерката Канческа-Милевска.

Струга по 54. пат ќе биде претстолнина на поезијата, а фестивалот ќе се одржува пред Домот на поезијата и на отворени сцени во Струга. Истовремено поетски читања, „Поезија на пат“ ќе има и во Охрид, Ресен, Битола и Скопје. По свеченото отворање во предворјето на Домот на поезијата, годинава поетско послание ќе има познатиот сириско-либански поет со светска слава Адонис, кој ќе се обрати во име на сите поети учесници и лауреати на Златниот венец кој годинава одблежува 50 години.

Потоа следува меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“. На фестивалската програма предвидени се поетски читања на учесниците од платформата „Версополис“ и традиционалните „Ноќи без интерпункција“. Поезија ќе читаат и поетите од потесниот избор на наградата „Браќа Миладиновци“, чиј добитник ќе биде прогласен в сабота на прес-конференција. Во чест на јубелејот „50 години Златен венец“ ќе има поетски портрет на Адонис, лауреат во 1997 година.

Престижната награда на Беи Дао ќе му биде врачена в недела на традиционалното поетско читање „Мостови“.

На 54.Струшки вечери на поезијата ќе учествуваат 44 поети од 29 земји. Присутни ќе бидат имиња од современиот поетски свет од Шпанија, Шведска, Индија, Германија, Норвешка, Австралија, Чиле, Јапонија, Израел, Словачка, Русија, САД, Либан, Мексико, Молдавија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кралицата на облините Ријана повторно провоцира

Кралицата на прекрасните облини , светската музичка ѕвезда Ријана повторно провоцира, нејзиниот буен задник во танга повторно ги „запали'“ мрежите.

Фото: Кралицата на облините Ријана повторно провоцира

Атрактивното издание на мегапопуларната Ријана ни овој пат не разочара. Нејзиниот гол задник стана главна тема на интернет.

Позната по своите атрактивни, често и провокативни изданија, Ријана и овој пат ја разгори имагинацијата на многумина.

Таа се потруди својот бренд за убавина „Savage X Fenty“ да го претвори во главна тема на социјалните мрежи, а за таа цел ги искористи своите вештини за заведување, како и своите облини.

Имено, Ријана објави неколку промотивни фотографии за новогодишната колекција долна облека. Како што може да се види, фотографиите откриваат повеќе отколку што би требало, што предизвика големо внимание, но и збунетост кај корисниците на интернет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зидан: Би сакал да го тренирам Јувентус

Пред дербито од петтото коло во Лигата на нации против Италија, селекторот на Франција, Зинедин Зидан, се осврна и на можноста за враќање на Апенинскиот полуостров. 

Зидан: Би сакал да го тренирам Јувентус

Поточно во Јувентус, клубот каде што францускиот виртуоз настапуваше од 1996 до 2001 година. Селекторот на „триколорите“ откри дека би бил отворен за преземање на кормилото на „Старата дама“.

„Би сакал еден ден да го тренирам Јувентус. Би ми било драго. Но, во фудбалот никогаш не се знае што може да се случи“, изјави Зидан.

Франција и Италија ќе се соочат на Апенинскиот Полуостров во дуел што ќе одлучува за првото место во групата А од највисоката дивизија на Лигата на нации.

„Знаеме дека кога ќе се фокусираат, Италијанците можат да одиграат на високо ниво – особено во одбраната“.

Зидан исто така откри дека Килијан Мбапе нема да настапи. „Чувствуваше болка, а ние генерално се обидуваме да избегнуваме ризици со нашите играчи. Сепак, се надевам дека ќе биде на располагање за недела (против Турција)“, истакна легендарниот предводник на триколорите.

Италија и Франција играат во четврток во 20:45 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски повторно укажа на проблемот со „Старшилд“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска соопшти дека украинските единици веќе неколку дена забележуваат сериозни пречки во функционирањето на системот „Старшилд“ (Starshield) на територијата на Украина

Зеленски повторно укажа на проблемот со „Старшилд“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска соопшти дека украинските единици веќе неколку дена забележуваат сериозни пречки во функционирањето на системот „Старшилд“ (Starshield) на територијата на Украина – долж целата линија на фронтот, како и во привремено окупираните области.

Зеленски на платформата „Икс“ (X) наведе дека добил извештаи за состојбата од министерот за одбрана на Украина, Јевен Хмара, и од главнокомандувачкиот на вооружените сили на Украина, Михајло Драпати.

Според него, во системот „Старшилд“ систематски се применуваат ограничувања на брзината до 161 километар на час. Украинската војска утврдила дека не станува збор за случајни грешки, туку за намерни и повторувачки ограничувања.

Зеленски предупреди дека ова значително го отежнува пресретнувањето на руските беспилотни летала на млазен погон, бидејќи украинските системи за пресретнување не можат да ја постигнат потребната брзина за навремена реакција.

За жал, веќе имаше напади што успеаја да поминат, бидејќи нашите системи за пресретнување не можеа да ја постигнат потребната брзина и да реагираат навремено“, изјави Зеленски. „За жал, ова им помага на Русите да убијат повеќе Украинци и да извршат попрецизни напади врз Украина.

Заедно со американската страна се обидуваме да ги утврдиме сите околности“, заклучи претседателот на Украина.

„Starshield“ се користи во Украина за воени комуникации и за поврзување на единиците на терен, особено во областите каде што класичната комуникациска инфраструктура е оштетена или недостапна.

Сателитската врска им овозможува на украинските сили да пренесуваат податоци и да одржуваат комуникација долж линијата на фронтот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер