3Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Плазма“ финале во Сплит
1Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата
БалканПочна трансферот на затвореници од Велика Британија во Албанија Почна префрлањето на затворениците, албански државјани, од британските затвори кои казната ќе ја доиздржувааат во албанските затвори.Првиот трансфериран затвореник водел криминална организација во Лондон, која се занимавала со шверц на кокаин вреден 150 милиони фунти, а судот во Лондон во 2017 година му изрекол казна затвор во траење од 17 години. Во моментов, над 1.500 Албанци издржуваат различни казни во англиските затвори, меѓу кои 17 се осудени со доживотен затвор, поради убиство, јави Топ чанел. Врз основа на договорот Велика Британија на Албанија ќе и плаќа по четири милиони фунти годишно за да ги преземе 200-те најопасни криминалци, осудени за тешки кривични дела, вклучувајќи убиства, разбојништва, силувања, шверц со дрога. Со договорот за трансфер на затвореници меѓу Обединетото кралство и Албанија, потпишан во Лондон, минатата година, од министерот Улси Мања и неговиот британски колега Алекс Чалк, се дава можност доброволно да аплицираат за трансфер. Досега барања поднеле 80 затвореници кои издржуваат казна од над четири години. Друга клаузула во договорот е таа со која му се дава право на британското Министерство за правда да трансферира затвореници во Албанија, дури и без согласност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во југоисточните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени. Следува период на стабилно и потопло време освен во вторник кога ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГруби останува во куќен притвор до 13 септемвриПоранешниот вицепремиер Артан Груби останува во куќен притвор, кој му е продолжен откако вчера беше поднесено обвинение за случајот ,,Лотарија”, информираа од Кривичниот суд.Судењето против Груби и останатите седум обвинети во овој случај ќе стартува на 24 август. Груби ќе седне на обвинителна клупа, но не за „проневера во службата“, туку за „злоупотреба на службената положба“. Од обвинителството појаснуваат дека при одредување на правната квалификација во поднесеното обвинение, надлежниот јавен обвинител се водел од доказите прибрани во текот на истражната постапка.Тагови: Груби Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„Ертракторите“ цел дел гаснат над Рамни Габер, активни пожари има на осум местаСостојбата со пожари на отворен простор денеска е подобра во однос на вчера, но повторно досега има дваесетина пожари, од кои 8 се активни во овој момент, соопшти попладнево директорот на дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.Како најкомплексен пожар за гаснење останува пожарот во Студеничани, над селото Рамни Габер. Цел ден дејствуваат етракторите, значително е намален поголем дел од горните краци, но потребно е уште многу работа за истиот да биде изгаснат – вели Ангелов. Пожар попладнево избил и во атарот на село Борино и село Житоше, во Крушево. Ангелов вели дека се работи за тешко пристапен терен и таму ќе биде упатен еден полициски хеликоптер кој набргу треба да започне со дејство, бидејќи во близина има непосреден извор за полнење на вода. Сериозен пожар попладневo избил и во велешко – во селото Салм. Ангелов вели дека пожарникарите водат битка да го заштитат селото, но посочи дека верува во нив и очекува уште денеска да биде изгаснат. Ангелов соопшти дека вчера имало и иницент во прилепско, каде што двајца пожарникари биле физички нападнати. Тагови: ДЗС Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter