Почна судирот на нашата со друга галаксија , веќе се создаваат нови ѕвезди - Канал 5

Почна судирот на нашата со друга галаксија , веќе се создаваат нови ѕвезди

Кога ќе слушнеме за судир на нашата галаксија Млечен пат со некоја друга, веднаш размислуваме за Андромеда- голема спирална галаксија која треба да се судри со нашата за околу четири милијарди години.

Почна судирот на нашата со друга галаксија , веќе се создаваат нови ѕвезди

Но, ова не е единствената галаксија што ќе се судри со Млечниот пат. Магеланските облаци, или две неправилни џуџести галаксии кои орбитираат околу нашата, веќе почнаа да ни приоѓаат, и се чини дека во извесна смисла започна судирот помеѓу нашата галаксија и Големата и Малата Магеланска маглина. Имено, како последица од овој судир веќе се раѓаат нови sвезди.

Поточно, новите sвезди обично се формираат при спојување на галаксиите, а астрономите неодамна забележале млад sвезден кластер на периферијата на нашата галаксија во близина на Магеланската маглина. Областа е дом на најстарите sвезди во нашата галаксија, а експертите откриле дека ѕвездите на овој сет се составени од материјал од Магеланската маглина.

Со други зборови, претстојниот судир на нашиот Млечен пат со Магеланскиот облак веќе е започнат.

Научниците проценуваат дека LMC во моментов е оддалечена околу 163,000 светлосни години и се движи со брзина од 400 километри во секунда. Но, симулациите на астрофизичарите од универзитетот Дурам покажуваат дека Големиот Магелански облак ќе забави во еден момент, ќе се сврти кон нас и ќе се судри со нашата галаксија. Судирот треба да се случи за околу 2,5 милијарди години.

Во случај човештвото да преживее толку долго, го чека вистински спектакл.

Постои веројатност дека судирот ќе активира црна дупка во центарот на нашата галаксија и ќе започне да голта сè околу неа, зголемувајќи се за десет пати.

Научниците веруваат дека тогаш ќе има „прекрасен вселенски огномет“.

„Бидејќи се храни со околниот гас, црната дупка ќе испушти големи млазеви на радијација“, рече водачот на студијата, космологот Мариус Каутун.

„Иако овие млазеви нема да влијаат врз нас, постои мала веројатност (1-3%) дека при судир на две галаксии, нашиот Сончев систем ќе биде фрлен во меѓуesвезден простор“, додаде научникот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Царинска управа: Европската комисија нотира добро ниво на подготвеност

Европската комисија нотира добро ниво на подготвеност на Царинската управа во спроведување на реформите за забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ.

Царинска управа: Европската комисија нотира добро ниво на подготвеност

Европската комисија во најновиот извештај за напредокот на државата нотира добро ниво на подготвеност во реформските процеси што ги презема Царинската управа во Поглавјето 29 - Царина унија, со цел забрзување на интеграцијата на нашата држава во единствениот пазар на Европската унија. Зголемените приходи, воспоставување на сеопфатен разузнавачки систем за поддршка на истрагите и спроведување на законот, зајакнување на капацитетите на Секторот за контрола и истраги, надградбата на ИТ системите и усогласеноста на царинското законодавство, се дел од областите каде е забележан напредок.

„Вкупните приходи наплатени од Царинската управа во 2025 година беа за 5,2 проценти повисоки во споредба со 2024 година, надминувајќи 2,1 милијарди евра“, нотира ЕК во последниот извештај.

Во делот на оперативни и административни капацитети, од Комисијата го истакнуваат воспоставувањето на сеопфатен разузнавачки систем за поддршка на истрагите и спроведување на законот како и новиот систем за управување со ризик и податочен склад. Во оваа насока потенцирано е учеството во меѓународни операции и размената на разузнавачки информации. Контролите, се засноваат на анализа на ризик поткрепена со разузнавачки информации, информации добиени пред пристигнување на стоката и техники на селективност.

Воедно, со финансиска поддршка на ЕУ со цел зајакнување на борбата против организираниот криминал, нотирано е дека капацитетите на Секторот за контрола и истраги се значително зајакнати со нови возила и заштитна опрема, како и ИТ опрема за сервер салата со што се подобрува ИТ безбедноста на царинските операции. Во делот на борбата против корупција Комисијата наведува дека продолжува спроведувањето на Стратегијата за интегритет и борба против корупција за периодот 2024-2027 година.

Во делот на дигитализацијата се потенцира дека е обезбедено одржување и понатамошен развој на системот за Интегрирана тарофна околина, како и започнување на пилот фаза на системите за регистрација и идентификација на економските оператори и за унифицирано управување со корисниците и дигитален потпис.

Царинското законодавство е со висок степен на усогласеност со правото на ЕУ, при што Царинската тарифа во 2026 година е донесена и усогласена со Комбинираната номенклатура на ЕУ.

Во областа на добрососедски односи и регионална соработка нотирано е ратификувањето на Протоколите 5 и 6 со кои се воспоставува рамка за олеснување на трговијата преку царинска соработка и либерализација на трговијата со услуги, соопштуваат од ЦУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсена е поранешна турска министерка за членство во криминална организација

Поранешната турска министерка Фатма Бетул Сајан Каја е уапсена во рамките на истрага за трансакции на пазарот на капитал, под сомнение за кршење на Законот за пазари на капитал и членство во криминална организација.

Уапсена е поранешна турска министерка за членство во криминална организација

Поранешната турска министерка Фатма Бетул Сајан Каја е уапсена во рамките на истрага за трансакции на пазарот на капитал, под сомнение за кршење на Законот за пазари на капитал и членство во криминална организација, објави денес обвинителството во Истанбул.

Според документот на обвинителството, Каја е осомничена дека имала информации што можеле да влијаат на цената на акциите на „Озата Денизчилик“, објави „Анадолу“.

Истражителите изјавија дека поранешната министерка ги купила акциите на компанијата во април 2026 година и ги продала на 16 септември, денот пред одлуката за ликвидација на средствата.

Обвинителството се сомнева дека Каја знаела за претстојната ликвидација и дека ги префрлила акциите на „Тера Јатирим Менкул Дегерлер“, која ѝ ја исплатила нивната вредност истиот ден, наместо парите да бидат исплатени во вообичаените два работни дена.

Поранешниот претседател на Одборот на пазарите на капитал, Ибрахим Омер Ѓенул, и Илијаш Каја беа ослободени под мерки на судски надзор, кои вклучуваат редовно пријавување кај властите и забрана за патување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џенифер Лопез позира без облека, а косата никогаш не ѝ била посветла (ВИДЕО)

Џенифер Лопез избра костим од Барбарела за овогодинешниот Ноќ на вештерките, ликот што Џејн Фонда го играше во истоимениот филм од 1968 година. 

Џенифер Лопез позира без облека, а косата никогаш не ѝ била посветла (ВИДЕО)

За таа пригода, таа беше трансформирана со помош на прекрасна руса фризура моделирана по познатата актерка, а носеше и реплика од проѕирниот боди со светки од филмот. Таа дополнително го адаптираше костимот за Ноќта на вештерките со солзи и детали што имитираат крв.

Пејачката и актерка често експериментирала со фризури во текот на својата кариера, од природни кадрици од деведесеттите до медено руси прамени, пишува Харперс Базар.

Најсветлата нијанса досега

Иако Ноќта на вештерките заврши, се чини дека Лопез сè уште не е подготвена да се збогува со својот нов изглед. Нејзиниот фризер Крис Аплтон објави претходно невидени фотографии на Инстаграм на кои пејачката е речиси непрепознатлива.

На фотографиите, Лопез позира целосно гола, а посебно внимание привлекува нејзината екстремно светла руса коса, најсветлата нијанса што некогаш ја носела. „Бомбастични боцки“, напиша Аплтон во описот на објавата, алудирајќи на Барбарела и нејзиниот костим. Тој ја обликуваше нејзината коса во луксузни, волуменозни кадрици, со дополнителен волумен нагласен на темето.

Фризерот одговорен за бројни трансформации

Аплтон стои зад многу фризури на Џенифер Лопез, вклучувајќи го и нејзиното неодамнешно „фенирање од милион долари“. Станува збор за луксузно стилизирана коса со костенливи прамени и шишки што го врамуваат лицето.

@jlo

Her specialty is LOVE ❤️ Barbarella 🚀 Happy Halloween everybody!

♬ original sound - JLO

Перика или трајна промена?

Дали Лопез ќе ја задржи новата боја на косата сè уште не е познато. Не е ни јасно дали носи перика на фотографиите. Имено, Аплтон е позната по големите трансформации на изгледот на неговите познати клиенти, вклучувајќи ги Ким Кардашијан и самата Џенифер Лопез. Затоа, останува да се види дали ова е потрајна промена или само привремен експеримент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер