Почна судењето за нападот врз градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска - Канал 5

Почна судењето за нападот врз градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска

Сулејман Јамалари негираше вина за физичкиот и вербалниот напад на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска. 

Почна судењето за нападот врз градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска

Тој ќе даде своја одбрана на следното судско рочиште а денеска Арсовска ја раскажа свјата верзија за инцидентот што се случи на 11 јули во Чаир кога била на терен со овластени лица по пријава за бесправна градба и нелегален приклучок за вода и струја.

-Додека стоев под чадорот ми се приближи лице на тортинет кое првин ме навредуваше и ми се закануваше, а потоа следеше и физички напад по што пристапија полициските службеници и го задржаа. Првин со рацете ми се закануваше и гестикулираше по што ме удри два пати во лицето и нозете. Кога направив чекор назад за да направам дистанца ја кренав ногата, тој контакт со него е минимален, раскажуваше Арсовска со растреперен глас и повремени паузи. Додаде и дека се чувствувала небезбедно а заканите и предизвикале чувство на несигурност. Посочи и дека една недела по настанот увидела дека истото лице претходно и упатувало закани на фејсбук. Изјавата во полициската станица во К. Вода рече дека не ја потпишала бидејќи полицајците сакале да вметнат нешто што би било олеснителна околност за напаѓачот.

Адвокатаката на Јамалари ја праша Арсовска дали не смета дека тој всушност ја кренал раката за да ја спречи да снима со мобилниот телефон, но таа негираше. Како доказ одбраната побара да биде изведена потврдата од полициската станица на Бит Пазар каде Јамалари бил приведен и каде пријавил дека и самиот бил жртва на физички напад и ја пријавил градоначалничката за насилство.

Сулејман Јамалари е поранешен вработен во ЈП „Паркови и зеленило“, поголемиот дел одговорите на Данела Арсовска пред судот ги следеше со смеење за што беше опоменат и од судијката Билјана Коцевска. Обвинет е за кривично дело насилство за кое обвинителот Александар Давчевски тврди дека има доволно докази меѓу кои и видео снимките од телефонот на Арсовска кои одбраната ги оспорува.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски: Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Во Општа болница Гостивар се регистрирани 111 нови прегледи на инфективното одделение, 65 нови прегледи на педијатриското одделение и 7 прегледи во Ургентниот центар, односно вкупно 183 прегледи.

Клековски: Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.

Во Општа болница Гостивар се регистрирани 111 нови прегледи на инфективното одделение, 65 нови прегледи на педијатриското одделение и 7 прегледи во Ургентниот центар, односно вкупно 183 прегледи.

Во Здравствениот дом Гостивар се евидентирани 110 прегледи, како и 25 повици до Итната медицинска помош.

-Во текот на вчерашниот ден вкупниот број пациенти прегледани во болницата е намален за 38 проценти. Во споредба со 19.07.2026 година, кога во Општата болница Гостивар беа регистрирани 289 прегледи, вчера се евидентирани вкупно 183 прегледи. Истовремено, бројот на прегледи во здравствениот дом продолжува континуирано да опаѓа – од 315 пациенти на 18 јули, на 275 пациенти на 19 јули и 110 пациенти на 20 јули, појаснува министерот за здравство, Сашо Клековски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Украина се засилуваат повиците за смена на шефот на војската, Зеленски се сретна со негови можни замени

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со некои од највисоките команданти на украинската војска, во обид да го смири растечкото незадоволство од раководството на одбраната

Во Украина се засилуваат повиците за смена на шефот на војската, Зеленски се сретна со негови можни замени

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со некои од највисоките команданти на украинската војска, во обид да го смири растечкото незадоволство од раководството на одбраната, што ги предизвика најголемите улични протести од почетокот на руската инвазија во 2022.

И покрај воената состојба, илјадници луѓе излегоа на улиците во Киев и други градови неколку дена по ред за да протестираат против смената на министерот за одбрана Михајло Федоров и да побараат разрешување на шефот на војската олександр Сирски.

Тој се соочува со критики од граѓанското општество, војниците и пратениците поради неговото командување и тактиките со голем број жртви.

Зеленски се сретна со петмина генерали и еден полковник, кои политичките аналитичари ги сметаат за потенцијални замени за сирски, при што со секого одделно разговарал за ситуацијата на бојното поле.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР демантира дека жртвите биле бркани од „лажна полиција“

Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите што се појавија во дел од медиумите, а се однесуваат на сообраќајната несреќа на патот ГП Блаце – Скопје во која загинаа три лица.

МВР демантира дека жртвите биле бркани од „лажна полиција“

Од МВР велат дека се неточни тврдењата дека возилото во кое се наоѓале жртвите било бркано од друго возило што лажно се претставувало како полиција, како и дека вакви случаи биле забележани и претходно.

„Апелираме да не се шират непроверени информации и дезинформации. Ниту е евидентирана појава на таканаречена лажна полиција, ниту има пријави за такви случаи“, информираат од министерството.

Од МВР додаваат дека истражните органи продолжуваат со работата и ќе ги утврдат сите околности и причините што довеле до трагичната сообраќајна несреќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер