Почна средбата Заев – Гаши за влез на Алтернатива во Владата - Канал 5

Почна средбата Заев – Гаши за влез на Алтернатива во Владата

Премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива Африм Гаши денеска во Клубот на пратениците во Скопје имаат нова средба за вклучување на партијата во Владата и парламентарното мнозинство.

Почна средбата Заев – Гаши за влез на Алтернатива во Владата

Пред почетокот на средбата Заев и Гаши не дадоа изјави за медиум. Гаши рече само дека продолжуваат со преговорите.

Од Владата утрово соопштија дека средбата ќе биде во ист формат како и претходниот пат и дека и овој пат не се предвидени изјави за медиумите, а за заклучоците од средбата ќе информираат преку соопштение.

Претходно премиерот Заев и Гаши имаа средба во понеделникот, кога, според соопштението испратено од владината прес-служба по нејзиното завршување, начелно бил договорен програмскиот дел од можната идна соработка на Алтернатива во Владата и дека консултациите за кадровските решенија се во тек. Тогаш беше најавено и дека по консултациите во партиите ќе следи и нова работна средба со тимовите.

На средбата што беше одржана во понеделникот, премиерот Заев беше придружуван од заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски, а лидерот на Алтернатива Гаши од партискиот генерален секретар Беким Сали.

Ова беше нивна втора средба, откако на 19-ти месецов тие разговараа за условите и улогата на Алтерантива во новото парламентарно мнозинство, а конечната одлука беше оставено да ја донесат партиските органи.

Централното претседателство на Алтернатива минатиот петок го овласти Гаши да почне разговори со сите политички актери, со премиерот и со евентуалниот нов мандатар за да се види каков е нивниот концепт за излез од политичката криза, додека на седницата на Централниот одбор на СДСМ, што се одржа истиот ден, беше констатирана оставката на Заев од лидерската позиција во партијата, но, му беше даден легитимитет да ги води преговорите за парламентарно мнозинство. /МИА

Почнува манифестацијата „Ритамот на чаршијата“ во Старата скопска чаршија

 Во Старата скопска чаршија од денеска до четврток, 19 јуни, во организација на ЈУ Детски културен центар – Карпош со поддршка на Град Скопје по втор пат ќе се одржи манифестација „Ритамот на чаршијата“.

Почнува манифестацијата „Ритамот на чаршијата“ во Старата скопска чаршија

Старата скопска чаршија е најголемата чаршија на Балканот која претставува заштитен национален симбол и една од најголемите атракции на Скопје. Целта на „Ритамот на чаршијата“ е да ја заживее чаршијата од еден поинаквов агол, во духот на ритамот, велат организаторите.

-Чаршијата плени со мали дуќанчиња, занаетчиски објекти, верски објекти, чајџилници, ресторани, музеи и амами кои се само дел од обликуваноста на просторот и времето од убавината на Старата чаршија во Скопје и затоа таа е една која што е меѓу најпосетуваните локации од страна на туристите и локалните жители. Самата прошетка низ нејзините калдрмени улици е магија преку која овде сè уште може да се почувствува минатото – духот на градот. Чаршијата сѐ уште живее во духот на традицијата, во себе криејќи приказни за едно минато кое и денес оставило белег, велат од Детскиот културен центар - Карпош.

Оваа година ќе се популаризираат објектите Сули Ан и Музеј на македонската борба.

Публиката вечер со почеток во 19:00 часот во Сули Ан ќе го почуствува ритамот на чаршијата преку чалгиската музика на Тимчо Чичаковски-трио, а в четврток во 19 часот со свој концерт на пијано ќе се претстави Јован Станковиќ, млад талентиран ученик во ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“ во класата на проф. Весна Ангелова Христов. Гости на концертот се Матеј Петковски и Никола Соколовски на кларинет. Влезот е слободен.

Началникот на ГШ Лафчиски ја посети Кралската Воена Академија во Сандхрст

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски ја посети Кралската Воена Академија во Сандхрст каде оствари средба со командантот на Академијата, бригаден генерал Ник Вајт-Бојкот.

Началникот на ГШ Лафчиски ја посети Кралската Воена Академија во Сандхрст

На средбата, со која Лафчиски ја почна посетата на Обединетото Кралство (ОК), беа разменети мислења за развојот на воената едукација во двете армии, за предизвиците со кои се соочува военото образование во денешната сложена гео-политичка ситуација, како и за можната соработка во иднина, односно упатување на питомци и старешини од Армијата на школување во оваа престижна Академија.

- Заменикот командант на академијата одржа брифинг пред генералот Лафчиски на кој го образложи системот на воено образование и обука во ОК, можните начини да се постане офицер, како и програмата за образование која моментално се изучува на Академијата. Посетата на Сандхрст заврши со историска тура на просториите, запознавање со богатата традиција и обичаи на питомците на Академијата, како и просториите за обука и престој, соопшти Министерството за одбрана.

Во текот на следните два дена посетата на генералот Лафчиски продолжува на Конференцијата за копнено војување, како и со повеќе средби со највисокиот воен врв на Вооружените сили на ОК.

Хегсет: САД распоредуваат повеќе оружје на Блискиот Исток

Хегсет не прецизираше какво оружје е испратено во регионот.

Хегсет: САД распоредуваат повеќе оружје на Блискиот Исток

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, синоќа изјави дека наредил дополнително оружје да биде распоредено на Блискиот Исток поради ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран, што ги зголемува тензиите во регионот, објави тој на платформата „X“.

Хегсет не прецизираше какво оружје е испратено во регионот.

-Заштитата на американските сили е наш врвен приоритет и ова распоредување оружје има за цел да ја зајакне нашата одбранбена позиција во регионот, рече Хегсет.

притисни ентер