Почна штрајкот на пилотите и кабинскиот персонал на „Луфтханза“, откажани стотици летови - Канал 5

Почна штрајкот на пилотите и кабинскиот персонал на „Луфтханза“, откажани стотици летови

Штрајкот на пилотите и на кабинскиот персонал на „Луфтханза“ денеска доведе до масовни нарушувања во авиосообраќајот, поради што стотици летови на најголемата германска авиокомпанија се откажани низ целата земја.

Почна штрајкот на пилотите и кабинскиот персонал на „Луфтханза“, откажани стотици летови

Како што соопшти синдикалната организација „Уфо“ (Ufo), најавениот целодневен штрајк почна во текот на ноќта, што го потврди и „Луфтханза“. Компанијата засега не наведе точен број на откажани летови, но предупреди на значителни откажувања и на редуциран ред на летање.

На аеродромите како тие во Франкфурт и Берлин, според достапните полетувања, „Луфтханза“ задржа само мал број летови. Авиокомпанијата ги советува патниците да се информираат преку дигиталните канали и да не доаѓаат на аеродромите без претходна потврда на летот, а враќање на редовната состојба се очекува утре.

Во штрајкот учествуваат околу 4.800 пилоти на „Луфтханза“ и на „Луфтханза карго“, кои бараат поголеми придонеси од работодавачот за пензиските фондови. Покрај тоа, во штрајк со предупредување стапија и околу 20.000 претставници на кабинскиот персонал за да извршат притисок во преговорите за колективните договори, да поддржат социјален план за вработените во „Луфтханза“ и во регионалниот „Ситилајн“ (CityLine) и да заштитат околу 800 загрозени работни места.

Управата на „Луфтханза“ го оцени штрајкот како „целосно непотребна ескалација“. Членот на управата задолжен за човечки ресурси, Михаел Нигеман, во Берлин изјави дека синдикалните барања би довеле до натамошни значителни зголемувања на трошоците, за што, според него, нема доволно средства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ана Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија во Малта, победи Ерменија

Македонската претставничка ана Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија, која се одржа синоќа во Малта. 

Ана Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија во Малта, победи Ерменија

Со песната „Идната јас“, младата пејачка од Струга освои вкупно 57 поени, од кои 51 од публиката, но доби само шест од стручното жири.

Победник на 24. издание на детската Евровизија е 13-годишната Наре од Ерменија, која со песната „Бу!“ освои 202 поени. Второто место го освои Шпанија, а трета беше Франција. За победникот одлучуваа гласовите на националните жирија и публиката, со еднаков удел од по 50 проценти во конечниот резултат.

Музиката за „Идната јас“ ја напиша Никола Мицевски, а текстот е на Илчо Нечовски од групата „Дупер“. Песната зборува за соништата, растењето и откривањето на сопствениот идентитет.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркач

Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркач, откако полскиот истражувач Бартломеј Питала се спушти на длабочина од 338 метри, заедно со македонските нуркачи. 

Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркач

Пештерата Врело на Матка испиша светска историја.Полскиот нуркач Бартломиеј Питала достигна длабочина од 338 метри, поставувајќи нов светски рекорд. Успехот е резултат на заедничката експедиција на нуркачи од Македонија,Полска и Италија.

Девет часа под вода за историски подвиг. Полскиот нуркач рекордот го постигнал на 16 октомври, надминувајќи ја претходно истражената длабочина за 51 метар. По подвогот, тој кажа дека немал никакви проблеми со видот, ниту пак почувствувал вртоглавица. Вели дека се чувствувал удобно и на толку голема длабочина, а секоја секунда од деветчасовното нуркање му останала врежана во сеќавањето.

,,Експедицијата во Матка во 2026 година заврши со извонредно достигнување – истражување на пештерата до длабочина од 338 метри под вода, со што таа стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек. Искрено, сè уште не можам целосно да го сфатам тоа. Но, да, сега ова е најдлабоката истражена подводна пештера во светот, а ова беше и најдлабокото нуркање.

Сепак, рекордите и самата длабочина не беа нашата цел, нели? Нашата цел беше истражувањето. Сакавме да одиме подлабоко од границата до која стигнавме минатата година, кога експедицијата ја завршивме на 287 метри.“

Дополнително Матка продолжува да ги привлекува туристите од целиот свет. Странските посетители се воодушевени од природните убавини, а многумина изразуваат желба одблиску да ја запознаат и пештерата.

Експедицијата откри два нови подводни канала и над 150 метри нови ходници, а македонските нуркачи за првпат поставија и воздушна комора на длабочина од девет метри. Зад рекордот стоеја 12 безбедносни нуркачи, со поддршка од медицински тимови, МВР и полцииската единица „Тигар“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот

Со огромна излезност и без посериозни инциденти и неправилности поминува изборниот ден во Србија, која гласа на предвремени парламентарни избори.. 

Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот

Главната битка се води меѓу владејачката СНС предводена од Александар Вучиќ и Студентската листа, додека останатите партии и коалиции се борат да го поминат изборниот праг од 3 проценти за да влезат во парламентот...

Во Белград е Михаило Донев.. Михаило, од рано утринава се гледа незапамтен интерес за гласање, кои се последните податоци за одѕивот?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер