Почна штипската „Пастрмалијада“ со сечење на џиновската пастрмајлија - Канал 5

Почна штипската „Пастрмалијада“ со сечење на џиновската пастрмајлија

Со сечење на џиновската пастрамајлија и официјално денеска се отвори манифестацијата штипска „Пастрмалијада“, а воедно денеска се пушти во употреба и прво шеталиште во Штип, на улицата „Ванчо Прќе“. 

Почна штипската „Пастрмалијада“ со сечење на џиновската пастрмајлија

По тој повод денеска во посета на Штип беше и претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов ги покани граѓаните да уживаат во добрата музика овие два дена и да го вкусат штипскиот специјалитет.

-Имаме еден нов изглед на една улица која досега беше сообраќајница, а денес веќе е пуштена во употреба како шеталиште. Општината издвои 11 милиони денари за поплочување на оваа улица, претходно се работеше на прилагодување на сообраќајните решенија. Штип го менува изгледот инфраструктурно, сообраќајно, визуелно благодарение и на централната власт, изјави Јорданов.

На отворањето на „Пастрмалијадата“, премиерот Мицкоски рече дека е задоволен и од програмата, но и од проектите во градот и посочи дека продолжуваат со поддршката за сите општини.

-Сите оние кои имаат дилема како да го поминат викендот ги поканувам овде во Штип да уживаат во штипскиот специјалитет, штипската пастрмајлија. И се надевам дека ќе остане ова традиција и понатаму. Меѓудругото денеска сме овде и на отворањето на шеталиштето, изјави Мицкоски.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Мицкоски најави дека во Штип ќе се реализира и капиталниот проект обиколница, а која ќе чини околу два милиони евра.

Овогодинешната „Пастрмалијада“ е со нов концепт, нова локација и со цел да се врати традицијата и суштина на манифестацијата со настани за сите генерации./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петмина тинејџери загинале возејќи во спротивен правец за да снимат видео на Тик-Ток

Пет тинејџери загинале во Ирска додека се снимале себеси за Тик-Ток како возат во спротивна насока на автопат.

Петмина тинејџери загинале возејќи во спротивен правец за да снимат видео на Тик-Ток

Трагичната сообраќајна несреќа, која повторно го отвори прашањето за опасниот тренд на објавување снимки од диво возење на социјалните мрежи, се случила на 16 август, кога момчињата на возраст од 15 до 18 години маскирани со автомобил „БМВ“ се обидувале да предизвикаат полициска потера.

Нивиното возило се судрило со „Хјундаи“ во кој патувале три сестри и едно дете, кои биле сериозно повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пропаднаа преговорите САД-Канада: Трамп ги активира царините од 50%, Карни најави царини „долар за долар“

Соединетите Американски Држави и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, со кој би се укинале царините од 50% што Вашингтон ги воведува за некои канадски производи.

Пропаднаа преговорите САД-Канада: Трамп ги активира царините од 50%, Карни најави царини „долар за долар“

Канадскиот премиер Марк Карни синоќа соопшти дека одлучил да ги прекине преговорите.

- Она што го постигнавме не е доволно за да ги исполниме нашите цели во интерес на канадскиот народ. Промените во последен момент на условите предложени од САД беа неправедни, неповолни за нас и го доведоа во прашање кредибилитетот на кој било договор, рече Карни и објави дека Канада ќе воведе еквивалентни царини „долар за долар“ за американскиот увоз.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека царините, кои се однесуваат на канадската стока во вредност од околу 20 милијарди долари, стапуваат во сила денеска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп го нарече Ормускиот теснец американска територија

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече Ормускиот теснец американска територија, додека САД продолжуваат со воената блокада на иранските пристаништа и поморскиот сообраќај.

Трамп го нарече Ормускиот теснец американска територија

Обраќајќи се пред собир во Јужна Каролина во рамки на кампањата за сенаторката Дарлин Греам, која се кандидира за местото на нејзиниот покоен брат Линдзи Греам, Трамп изјави дека теснецот во моментов го гледа како американска територија и додаде дека сè уште не знаат дали победиле. Во текот на говорот, тој се пошегува и околу нападите врз Иран, велејќи дека е петок навечер и дека имаат многу време.

Американската централна команда соопшти на социјалните мрежи дека воените сили досега пренасочиле 68 комерцијални бродови со цел почитување на блокадата. Администрацијата на Трамп врши финансиски притисок врз Иран преку ограничување на пристапот до водниот пат кој граничи со Иран и Оман и низ кој вообичаено минува околу една петтина од светската нафта што се пренесува по морски пат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер