Прво, сликата ќе биде извадена од дрвената рамка, објави вчера музејот во Амстердам. Платното потоа ќе се истегне на специјална алуминиумска рамка за да се направи затегнатоста на платното порамномерна.
Овој третман се очекува да трае два до три месеци и е втора фаза од она што музејот го нарече „Операција Ноќна стража“. Ова најголемо реставрирање на ремек-делото започнало во летото 2019 година и ќе се спроведе во изложбениот салон, Галеријата на честа, пред јавноста.
Меѓутоа, во моментов музејот е затворен поради пандемија на коронавирус. Колку долго ќе трае реновирањето и што треба да се направи се уште е нејасно.
„Сега ќе го искористиме сето знаење што го собравме во текот на изминатите две и пол години од истражувањето на „Ноќна стража“ за да ја доведеме сликата до најдобра форма, за луѓето долго време да можат да уживаат во ремек-делото “, рече директорот на музејот Тако Дибитс.
„Ноќна стража“ ја прикажува гардата на Амстердам, висока е околу 380 сантиметри и широка 453 сантиметри. Тоа е најпознатото дело на холандскиот мајстор Рембрант ван Рајн (1606-1669).