3Претепана жена се бори за живот на КАРИЛ во Скопје- сопругот ѝ скршил четири ребра и ѝ ја деформирал главата
Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
1Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
РакометПочна реализацијата на Смарт програмата на РФМ и ЕХФРакометната федерација на Македонија (РФМ) денес ја заокружи првата фаза од Смарт програмата, преку која во соработка со Европската ракометна федерација, на 24 основни училишта во Македонија им доделуваат комплетна опрема и реквизити за мини-ракомет.Програма која ќе се реализира во три фази, во времетраење од три последователни години, соопштија од РФМ, има за цел да ги мотивира младите генерации да се занимаваат со спорт, со што на долг рок би се формирала една широка кадровска база од млади ракометари кои еден ден ќе треба да ги бранат боите на Македонија. - Согласно однапред планираната процедура, ја реализираме првата фаза од договорот со Европската ракометна федерација, кој го потпишавме на 21 март минатата година. Имајќи предвид дека ова е време кога националниот ракомет доживува можеби најголема експанзија и со право може да се нарече најпопуларен спорт во Македонија, преку овој проект ќе се обидеме да го афирмираме ракометот и како спорт број еден меѓу младите, како во Скопје, така и во останатите градови ширум земјава, изјави Филип Милошевски, генерален секретар на РФМ. Директорите на три основни училишта кои беа дел од денешното официјално потпишување на договорите, истакнаа дека ова е еден од ретките, а во последниве децении и единствен проект од овој тип. - Горди сме што сме дел од овој проект преку кој добивме поддршка да делуваме на свеста на нашите ученици во насока на учествување во овој спорт. Ние и досега се трудевме да бидеме дел од општински натпревари кога станува збор за ракометот, но токму оваа алка – опрема и реквизити ни недостасуваше за целата таа слика да биде комплетна, истакна Мирјана Велкоска, директор на ОУ „Јохан Хајнрих – Песталоци“ во Скопје. В.д. директорот на ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Скопје, Александар Филипчев, ја поздрави оваа иницијатива на РФМ и со надеж истата во иднина да се продлабочи. - Ние како училиште во последниве 6 години активно сме вклучени во натпреварите во ракомет на државно ниво. Преку овој проект ќе помогнеме кон правилен развој на младите генерации, како и зголемување на бројот на идни ракометари и на квалитетот на овој национален спорт, истакна Филипчев. Директорот на ОУ „Кочо Рацин“ од Куманово, Драгиша Цветковиќ, истакна дека преку овој проект ќе го вратат стариот ракометен сјај на градот. - Ние и како град имаме богата ракометна традиција, а конкретно нашето училиште беше и државен првак на Македонија во соодветната категорија. Со овој проект им се нуди можност на најмладите да станат дел од овој спорт и со помош на советите од стручните лица, со текот на времето квалитетот да избие на површина, рече Цветковиќ. Основните училишта кои ќе добијат опрема за мини - ракомет и ракомет беа избрани на јавно објавен Конкурс, врз основа на строго утврдени критериуми. Во оваа фаза влегуваат 24 основни училишта од Скопје, Кичево, Прилеп, Струга, Куманово, Радовиш, Богданци, Гевгелија, Делчево, Битола, Штип и Велес. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМистериозни луѓе- кртови се снимени во Њујорк, петмина излегуваат од канализација (ВИДЕО)Пет лица биле забележани како излегуваат од канализација на Менхетен во раните утрински часови, што е најновиот во низата мистериозни случаи на таканаречени кртови, соопшти полицијата.Група неидентификувани лица биле забележани како излегуваат од канализација во близина на Втората авенија и Источната 17-та улица околу 5 часот наутро во среда. Досега нема апсења Објавените фотографии ги прикажуваат необичните „истражувачи“ со фенерчиња, лопати и работни ракавици кратко откако излегле. Властите велат дека се верува дека една жена и четворица мажи излегле од канализацијата. Потоа петмината влегле во црвена лимузина, управувана од друга жена, пред да исчезнат. Сè уште нема апсења, а инцидентот е под истрага, објавува „Њујорк пост“. Случајот е најновиот во низата сомнителни влегувања во канализацискиот систем на Њујорк во последните месеци, што покренува прашања за мистериозните групи на таканаречени кртови кои го истражуваат подземјето на градот. View this post on Instagram A post shared by Fox News (@foxnews) „Барале вредни предмети“ Полицијата соопшти дека друга група урбани истражувачи биле забележани како излегуваат од канализациска шахта на Ист Сајд на Менхетен во раните утрински часови на 6 октомври. Не беше веднаш јасно зошто се впуштиле во таква експедиција. Меѓутоа, во септември, две лица беа уапсени откако беа откриени како истражуваат канализации во истиот дел од градот. Нивната авантура ги однесе до простор под хотелот каде што престојуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на Генералното собрание на Обединетите нации, соопшти полицијата и извори запознаени со случајот. Еден од двајцата обвинети, венецуелски државјанин, им кажал на властите дека влегол во канализацијата „барајќи вредни предмети што биле заглавени во одводите“. Сепак, експертите предупредуваат дека е малку веројатно златото, среброто и другите вредни предмети всушност да можат да се најдат во подземните канализациски системи.Тагови: Њујорк канализација Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотМисирка не сака да стане вечера за Денот на благодарноста- и полицијата ја брка по автопат (ВИДЕО)Дива мисирка предизвика брканица на Гарден Стејт Парквеј во американската држава Њу Џерси кога почна да бега од полициско возило, движејќи се меѓу сообраќајните ленти во пресрет на Денот на благодарноста.Инцидентот се случил во среда, еден ден пред американскиот празник Денот на благодарноста, а полицијата на државата Њу Џерси објави видео од брканицата на социјалната мрежа X. Безбедно го напуштила патот Видеото ја прикажува мисирката како трча по автопатот со четири ленти, додека полициско возило ја следи со вклучена сирена. Во еден момент, птицата дури се обидела да лета во средината на патот. „Вчера, мисирка одлучила дека не сака да заврши како главно јадење и повела полицаец во необична брканица по Гарден Стејт Парквеј“, соопшти полицијата. На крајот од видеото, кое трае 22 секунди, птицата може да се види како се оддалечува кон тревна површина покрај патот. Полицијата соопшти дека мисирката успеала безбедно да го напушти патот и да го избегне сообраќајот, но и да избегне да заврши на празничната трпеза. Средби со диви мисирки Ова не е прв пат дива мисирка да биде во центарот на вниманието на патиштата во Њу Џерси. Во 2009 година, властите речиси се откажаа од обидот да фатат дива мисирка која се населила на крстосницата 14Б на автопатот Њу Џерси. Вработените во патарината ја нарекоа Тами, а службениците на државната служба за рибарство и див свет на крајот успеаја да ја фатат со мрежа, објави ABC. Слични средби со диви мисирки се случиле и во други американски држави. Полицијата на државата Висконсин соопшти дека мисирка во Гранд Шут не покажала страв од полицајците и ги сфатила обидите на полицајците да ја избркаат од патот како предизвик. Откако полицаецот се обидел да ја тргне со маневрирање со своето службено возило, птицата почнала да ја клука гумата на неговиот автомобил.Тагови: Денот на благодарноста мисирка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФранција забрани употреба на шок бомби, откако ученик остана без дланка Употребата на бомбата EF-SON е суспендирана до понатамошно известување во сите полициски операции во Франција, откако 15-годишен ученик во Ленс ја изгуби дланката. Наредбата ја издаде денеска генералниот директор на полицијата, Луј Ложие. Ограничувањето претходно важеше само за протести на средношколци, но сега е проширено на сите оперативни ситуации, според телеграма од генералниот директор на полицијата, која ја виде „Ле Фигаро“. Протестите се во тек низ цела Франција од септември, иницирани од студенти и ученици, барајќи поголеми инвестиции во образовниот систем. Набрзо им се придружија и граѓани незадоволни од високите трошоци за живот. Демонстрантите бараат зголемување на платите и специфични социјални и економски мерки од владата. Синдикатите предупредуваат дека зголемувањето на трошоците за живот ја намалило куповната моќ на вработените и дека голем број вработени во јавниот сектор имаат основна плата пониска од минималната плата. Синдикатите веруваат дека разговорите со француската влада досега не дале конкретни резултати. Премиерот Себастијан Ле Корнеј најави едномесечни разговори за пет области, вклучувајќи и итни мерки за зголемување на минималната плата, но синдикатите инсистираат на општо зголемување на платите, а не само на прилагодувања на минималната плата.Тагови: дланка Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook