2ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на Владата даваат резултати, Македонија со најниски цени на горивата во регионот
Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
МакедонијаПочна расправата по ребалансот на БуџетотВо собраниската Комисија за финансирање и буџет претпладнево почна дебатата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2025 година, во второ читање, за кој поднесени се над 200 амандамни.Вкупните приходи се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари, а расходите на износ од 403,7 милијарди денари, по еден процент (околу 3,5 милијарди денари) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за годинава. Проекцијата за БДП останува 3,7 проценти, а инфлацијата е проектирана на ниво од 2,8 проценти. Буџетскиот дефицит останува непроменет и во апсолутен износ и како процент од БДП, односно 41,3 милијарди денари или 4 проценти од БДП. Капиталните расходи, пак, на износ од 47,5 милијарди денари. Државниот долг на крајот на 2025 година според проекциите на Владата ќе изнесува 53,3 проценти од БДП, а јавниот долг се очекува да биде на нивото од 62,1 процент. Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски образложи дека предложените измени и дополнувања на Буџетот се потврда на фискалната политика за неопходноста од консолидација и подобрено управување со јавните финансии. Се базираат, како што појасни, на непроменети макроекономски претпоставки и прилагодување на фискалните проекции кои на расходната страна обезбедуваат целосно финансирање и реализирање на стратешките приоритети и програмски определби без да се промени нивото на буџетскиот дефицит. - Целта е непречено извршување на Буџетот и одржување на идентично ниво на буџетскиот дефицит планиран со иницијалниот Буџет. Со ревидираните фискални проекции се врши усогласување на расходите со досегашната реализација и очекувањата, односно се дообезбедуваат средства за исплата на плати, пензии, програмски и проектни активности со едновремено искористувања на средствата од предходните години на посебните сметки, наведе Јанкуловски. Општиот претрес и амандманската расправа треба да завршат за десет дена.Тагови: Буџет Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05
МакедонијаЛишен од слобода крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казнаНа 21.09.2026 во 07:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Д.(45) од Куманово. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. М.Д. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.Тагови: Куманово Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Мерките на Владата даваат резултати, Македонија со најниски цени на горивата во регионотМерките коишто ги презема Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за време ан енергетската криза даваат резултати.Македонија останува со најниски цени на горивата од земјите во регионот. За да и биде појасно на јавноста, ќе ги споредиме малопродажните цени на бензинот и дизелот кај нас и во нашето соседство. Во Македонија литар бензин 95 се продава за 99 денари, додека цената по која се продава во Грција за 30% повисока и изнесува 129 денари, во Албанија со цена од 126 денари за 27%, понатаму во Србија за 108 денари, односно за 9%. Следат, Хрватска каде малопродажната цена на бензинот е 107 денари, а споредено со кај нас цената е за 8% повика, па Црна Гора и Словенија со 106 денари или 7% повисока цена, а во Босна и Херцеговина со цената од 104 денари е за 5% поскап. Следно ќе ги споредиме цените на дизелот кој во Македонија се продава по 104,5 денари, додека во Албанија малопродажната цена е за дури 40,5% повисока и изнесува 147 денари, па следи Грција со 126 денари или за 20%, потоа е Србија со малопродажна цена на дизелот за 18,5% повисока или 124 денари по литар. Во Словенија дизелот се продава по 122 денари по литар, што е за 17% повисока цена од кај нас, во Хрватска 119 денари, односно за 14% повисока цена, па следи Црна Гора со 117 денари, односно 12% поскапо и Босна и Херцеговина со цена по литар дизел од 116 денари што е за 11% поскапо од кај нас. Ова се реалните цели на горивата во Македонија и во регионот, македонските граѓани трошат помалку за да ги наполнат своите резервоари на возилата и со тоа им останува повеќе во нивните семејни буџети. Ова е доказ дека добро испланираните и променети мерки за намалување на цените, како што е намалување на ДДВ и акцизите, даваат резултати и ги држат под контрола малопродажните цени. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ секогаш се води од интересот на државата и стандардот на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05
АвтомобилизамКоја е намената на капакот на моторот?Ако го отворите капакот на хаубата на кој било современ автомобил, ќе видите голем пластичен дел што го покрива моторот – но зошто?Одговорот е поинтересен отколку што може да изгледа на прв поглед. Современите мотори можат да бидат изненадувачки бучни. Системите за директно вбризгување гориво, пумпите за гориво под висок притисок, турбополначите, компонентите на системот за развод и склоповите на вентилите создаваат механичка бучава што може да се пренесе низ моторниот простор и да допре до кабината. Капакот на моторот може да помогне во апсорбирање или пренасочување на дел од таа бучава, особено ако од долната страна има слој од пена или друг акустичен материјал, пренесува „Motor1“. Компанијата „BASF“ особено ги истакнува материјалите за капаци на мотори како решенија за апсорбирање на бучавата во моторниот простор и намалување на вибрациите. Поради оваа причина, некои производители овие компоненти ги нарекуваат „акустични капаци“ наместо едноставно капаци на моторот. Овој ефект е особено забележлив кај дизел-моторите и одредени бензински мотори со директно вбризгување, каде што бучавата од инјекторите и вентилите може да биде прилично изразена. Потивкиот мотор не мора да значи дека механичките делови се поинакви; тоа едноставно значи дека моторот е помалку бучен. Поуреден моторен простор Денешните моторни простори се многу густо пополнети. Тие содржат снопови кабли, сензори, црева, компоненти на системот за палење, делови од системот за гориво, вшмукувачки цевки и бројни други елементи, сите сместени во релативно мал простор. Обликуваниот капак може да ги заштити одредените компоненти од нечистотија, прашина и случаен допир, а истовремено им овозможува на инженерите начин за организирање на каблите и цревата. Некои капаци играат улога и во управувањето со топлината. Во зависност од нивниот дизајн, тие можат да обезбедат топлинска изолација, да влијаат на протокот на воздух или да помогнат во одведувањето на топлината подалеку од особено чувствителните компоненти. Сепак, тоа не значи дека секој пластичен капак делува како топлински штит. Компонентите изложени на екстремно високи температури – како што се турбополначите и деловите на издувниот систем – обично бараат специјализирана заштита од топлина. Важно е да се напомене дека топлинската функција на капакот на моторот зависи од конкретното возило и неговиот дизајн; тоа не е универзална карактеристика на сите такви компоненти. Не се сите капаци на мотори исти Специфичната функција на капакот зависи од самиот мотор и од начинот на кој е дизајниран капакот. • Акустичните капаци може да користат пена или специјализирани материјали за намалување на механичката бучава. • Декоративните капаци првенствено го подобруваат изгледот на моторниот простор и може да понудат ограничена заштита. • Функционалните капаци може да вклучуваат канали за кабли, канали за воздух, изолација или други компоненти. • Капаците наменети за управување со топлината можат да помогнат во контролирањето на начинот на кој топлината се распрснува во просторот на моторот. • Специјализираните решенија може да комбинираат неколку од овие функции во една обликувана компонента. Отстранувањето на капакот од еден автомобил може да има мало практично влијание, додека неговото отстранување од друг може значително да ја зголеми бучавата на моторот или да влијае врз заштитата или позиционирањето на одредени компоненти. Накратко, не постои универзално правило според кое секој пластичен капак на моторот е неопходен, ниту пак правило дека секој од нив е целосно бескорисен. Извор: Б92Тагови: мотор капак Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05