Почна протест пред Владата на Србија поради затворски казни на лица од вчерашните протести

Пред зградата на Владата на Србија започна граѓански протест поради затворската казна на тројца активисти ученсици во вчерашниот голем протест против ископ на литиум и бор во државата.

Почна протест пред Владата на Србија поради затворски казни на лица од вчерашните протести

Активистот Иван Блејиќ е експресно осуден на 40 дена затвор за нарушување на јавниот ред и мир, а Никола Ристиќ и Јевгеније Јулијан Димитријевиќ добија по 30 дена затвор, исто така за нарушување на јавниот ред и мир.

Поради затворските казни на тројцата активисти, претставникот на организацијата „Не дамо Јадар“, Златко Кокановиќ ги повика граѓаните во 18 часот масовно да се соберат пред зградата на Владата на Србија ./МИА

Адмирал Манч: Македонија покажа дека е силен и способен сојузник

Македонија покажа дека е силен и способен сојузник, придонесувач, а не само примач.

Адмирал Манч: Македонија покажа дека е силен и способен сојузник

Командантот на здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмирал Стјуарт Манч денеска во Касарната Илинден се обрати на петгодишнината од членството на Македонија во НАТО.

- Македонија повеќепати покажа дека е силен и способен сојузник, придонесувач не само примач, рече адмиралот додавајќи дека со декади нашите војници се дел од операциите на НАТО во Авганистан, Ирак, Косово, БиХ...

За полигонот Криволак, кажа дека станал еден од првите во Европа за воени вежби. Адмиралот Манч рече дека НАТО знае дека може да се потпре на Македонија, и Македонија знае дека може да смета на НАТО.

Адмиралот Манч обраќањето го почна со едмноминутен молк за загинатите во трагедијата во Кочани изразувајќи сочувство и поддршка.

Потсети дека Македонија го започнала патот за членство во НАТО пред 30 години и покажала определба и заложба за реформи, ги надминала пречките и тргнала кон трансформација.

Во март 2020 вашата амбиција, посочи тој, стана реалност. Денес, како што кажа, не одбележуваме само годишнина туку и што може да се постигне со споделените вредности, способности, одговорноста и посветеноста на сите членки на НАТО.

-Овој регион и нашиот свет ќе продолжи да се соочува со комплекси предизвици причинети од зголемени тензии и влијанието на оние кои сакаат да ги поткопаат нашите вредности и начинот на живот. Заедно, 32-те нации во НАТО ќе останат обединети околу предизвиците бидејќи ние знаеме дека штитејќи го мирот е витално. Мирот е најдобар начин да се осигура долготраен одржлив мир и стабилност. Мирот е основа за прогрес и просперитет за сите, рече, меѓудругото, адмиралот Манч, Командантот на здружената команда на сојузничките сили во Неапол.

На свеченоста се обратија и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајот Сашко Лафчиски, претседателката Гордана Сиљановска Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски, а присуствуваа и премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на Собранието Африм Гаши, претставници од воено–дипломатскиот кор во земјава и други гости.

Сообраќајка на Илинденска

Голема сообраќајна несреќа на булеварот Илинденска. 

СООБРАЌАЈКА

Поради сообраќајната несреќа која се случила пред УСО Орце Николов сообраќајот на оваа фреквентна сообраќајница во Скопје се одвива по една лента, бидејќи лентата во која се случила сообраќајката во правец кон Центар е во прекин.

Засега нема информации за повредени лица.

УКИМ и универзитетските единици донираат 3.800.000 денари за настраданите во пожарот во Кочани

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), заедно со сите единици, донира 3.800.000 денари на Црвен крст на Република Македонија, наменети за финансиска помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани.

УКИМ и универзитетските единици донираат 3.800.000 денари за настраданите во пожарот во Кочани

-Трагичниот настан што одзеде голем број животи предизвика огромна болка во целото наше општество, која никогаш нема да биде надмината. Во овие тешки моменти, кога голем број семејства изгубија синови и ќерки и кога огромен број млади луѓе закрепнуваат од тешките последици што ги предизвика огнената стихија врз нивното здравје, од исклучителна важност е да бидеме солидарни и да помогнеме за барем малку да го олесниме нивното закрепнување, наведуваат од УКИМ.

Од Универзитетот им посакуваат на сите повредени од пожарот што настана во дискотека во Кочани, поскоро враќање во нивните домови во стабилна здравствена состојба.

-Се случи трагедија од огромни размери и ние, како институција чија дејност е посветена токму на младите луѓе, изразуваме голема надеж дека случајот ќе има скорешна разрешница од страна на надлежните институции и дека правдата ќе биде задоволена, со што, барем малку, ќе стивне општествената тага, истакнуваат од УКИМ.

Од Универзитетот изразуваат верување дека одделените финансиски средства ќе помогнат во овие тешки моменти, а посветеноста дека ќе го докаже единството на македонското општество.

притисни ентер