Почна проектот „Лице во лице со претседателот", Пендаровски во непосреден контакт со граѓаните

Претседателот Стево Пендаровски денеска од велес го стартуваше проектот „Лице во лице со претседателот„, најавен во изборната кампања, а со кој сака да направи увид во проблемите и предизвиците со кои се соочуваат граѓаните.

-Идејата на целиот проект е наместо како порано што беше пракса и сега е на некои места граѓаните да доаѓаат и се поплакуваат на политичките авторитети, вклучително и кај претседателот. Затоа јас сега како претседател дојдов да ги прашам кои се нивните проблеми и како можам да им помогнам и некоја работа да ја направам видлива да апелирам до надлежните државни институции што побрзо да ги решат нивните проблеми, изјави Пендаровски при престојот во Велес.

Како претседател сака во непосреден контакт со граѓаните да им помогне во решавање на проблемите, за, како што рече, граѓаните да не почувствуваат дека се изолирани од избори до избори.

Тој најави дека средбите со граѓаните ќе се одвиваат двапати месечно во помали места и во останатите градов и дека во своите работни простории во Скопје ќе има отворени денови со граѓаните. Потенцира дека граѓаните се уште можат да се обратат до него со писмо и дека се уште постои Комисија за приговори и жалби и таа продолжува со работа.

Според претседателот во рамки на средбата ќе разговара и за убавите примери и посечи дека во Велес имал можност да го види велешанецот кој е најдобар изработувач – мајстор за најдобрите светски брендови за виолини Светозар Богдановски.

За време на престојот во Велес ја посети и Територијалната противпожарна единица при што оцени дека опремата не е на задоволително ниво и дека се прават напори тоа наскоро овој проблем да се реши и во Велес и во останатите градови каде е неопходно.

-Проблемот со опременоста на овие единици е малку поширок и не е само општински и не треба за тоа да се зборува само кога се случуваат пожари од големи размери и треба со време според него да се зборува за подготвеноста на овие луѓе.Тој беше дециден и одговори дека може да им помогне, рече претседателот.

Додаде дека постојат два начина кои тоа го прави и дека веќе е во преговори со две амбасади во Скопје, а кои се познати по своите донации на ТППЕ.

Информира дека денеска има состанок на Економско-социјалниот совет на Владата на Република Северна Македонија на која ќе се разговара за помошта што може да се даде од централната власт по катастрофалниот шумски пожар кај велешкото езеро „Младост".

Очекува советот брзо да реагира и дека ќе има разбирање кај членовите, имајќи предвид дека советот го води велешанец.

-ТППЕ во Велес имаше исклучително тешка задача во справувањето со големиот шумски пожар кој летово изби кај велешкото езеро „Младост" се радува што денес во стројот на Единицата гледа пожарникари кои беа повредени при интервенцијата, рече Пендаровски, кој посетата во Велес ја почна со засадување дрвце на опожарените 409 хектари зафатени со пожарот од 26 август, а со што почна есенската акција за пошумување.

Пендаровски го посети и ООУ „Св Кирил и Методиј" едно од најстарите во земјава кои според последната евиденција од надлежните е едно од 10-те најдобро рангирани во земјава./МИА

Украина соопшти дека соборила 59 од 76 руски дронови и ракети во текот на изминатата ноќ

Украина соопшти дека соборила 59 од 76 руски дронови и ракети истрелани во текот на изминатата ноќ.

Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека собориле неколку десетици ракети и дронови лансирани од Русија претходната ноќ низ целата земја, како дел од нападот насочен кон енергетските инсталации.

- Непријателот (Русија) употреби 76 средства за воздушен напад – 55 проектили и 21 јуришен дрон, соопштија украинските сили на Телеграм, додавајќи дека нејзините системи за противвоздушна одбрана пресретнале 39 проектили и 20 беспилотни летала.

Украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко утринава соопшти дека руските сили во текот на претходната ноќ извршиле нов „масовен напад со проектили и беспилотни летала“ врз украинската енергетска инфраструктура, во кој се повредени најмалку шест лица.

Веќе 4 часа Македонија гласа на претседателските и парламентарни избори

Канал 5 од раните утрински часови  го следи изборниот процес.  

Право на глас за претседателските избори имаат 1. 814 317 лица, а за парламентарните 1 815 350 лица или 1033 избирачи повеќе, поради лицата кои помегу двата изборни круга станале полнолетни, и имаат право да гласаат само за новиот парламентарен состав.

Канал пет утринава беше на избирачките места во Карпош и во Аеродром , а во моментов екипата е на избирачко место во Општина Центар, во ООУ Киро Глигоров е Игор Манасиевски.

Игор како тече изборниот процес ?

До 9 час. излезноста за претседателските избори е 4, 34 проценти, за парламентарните 4, 66 %

Македонија денеска гласа на вториот круг од претседателските избори и на парламентарни избори. Ќе се гласа до 19 часот..Право на глас за претседателските избори имаат 1. 814 317 лица .

Според информациите на Државната изборна комисија до 9 часот излезноста за претсесдателските избори е 4, 34 %., а за парламентарните одзивот е 4, 66 проценти од гласачите. Најмала излезност има во Боговиње.

Пред државната изборна комисија е Елизабета Дамјаноска Спасеновска .Повели Бети со информациите?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

притисни ентер