Почна пријавувањето за традиционалната Дедомразовска трка на Скопје

Почна пријавувањето за традиционалната Дедомразовска трка што ќе се одржи на 25 декември во Скопје, а на која повеќе стотици учесници во дедомразовски костуми ќе трчаат во главниот град.

-Пријавувањето се одвива преку веб страницата www.prvdovrv.mk. Со пријавувањето, секој учесник добива целосен дедомразовски костум, составен од палто, панталони, капа, ремен и брада. Трката покрај натпреварувачки, има и забавен карактер па во неа се добродојдени да се пријават учесници од сите старосни групи. Должината на патеката е само два километри и можат да ја истрчаат и деца во придружба на родители, селат од здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје, кое е организатор на трката.

За победниците се предвидени награди, а на најсреќните учесници преку лотарија ќе им се исполнат новогодишните желби без оглед на резултатот и освоеното место. Пред и по трката се предвидени музичка програма, загревање со фитнес инструктор и церемонија на прогласување на победниците.

Стартот на трката е закажан за 12 часот, а подигнувањето на стартните пакети од 10 часот на денот на трката.

Средба на Спасовски и Демерџиев утре во Скопје

Како што соопшти МВР, изјави од министрите не се предвидени, а на крајот од официјалната средба ќе биде објавено соопштение за медиумите.

Вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи на Република Бугарија Иван Демерџиев со придружна делегација, утре, ќе престојува во работна посета на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија во рамки на која ќе се сретне со неговиот колега, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Како што соопшти МВР, изјави од министрите не се предвидени, а на крајот од официјалната средба ќе биде објавено соопштение за медиумите.

Посетата на Дерменџиев беше најавена во петокот, по телефонскиот разговор на премиерите на Бугарија и на Македонија, Галаб Донев и Димитар Ковачевски, посветен на актуелните случувања во односите меѓу двете земји. Прес-службите на двете Влади соопштија дека двајцата премиери разговарале за потребата претстојните празнувања на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, да се одвиваат мирно и непречено.

Во таа насока, за утре, беше најавена посетата на вршителот на должноста вицепремиер и министер за внатрешни работи на Бугарија Иван Демерџиев и претседателот на државната агенција „Национална безбедност“ Пламен Тончев, кои ќе имаат работна средба со своите македонски колеги во Скопје на која ќе ги прецизираат заедничките активности за да се гарантира мирно и безбедно одбележување на 4 февруари.

Утре променливо облачно и студено

Времето утре ќе биде променливо облачно и студено, попладне со делумно намалена облачност. 

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 5 степени.

Следува период на променливо облачно и студено време. Во вторник локално ќе провејува слаб снег и ќе дува засилен северен ветер. Во среда ќе има преодно намалување на облачноста, а од четврток повторно повремено ќе има слаби врнежи претежно од снег, велат од УХМР.

Магла со видливост до 50 метри на патниот правец Тетово – Попова Шапка

Магла со видливост од 40 до 50 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, соопштија вечерва од Авто-мото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

– Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, се наведува во соопштението.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

– Особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, се нагласува во соопштението.

притисни ентер