Почна пријавувањето за Скопскиот маратон 2014 - Канал 5

Почна пријавувањето за Скопскиот маратон 2014

Учесници од 15 држави, Македонија, Холандија, Албанија, Турција, Франција, Данска, Австрија, Велика Британија, Финска, Германија, Романија, САД, Полска, Бугарија и Србија досега се регистрирани за годинашниов Скопски маратон 2014. Маратонот ќе се одржи на 11 мај, традиционално во организација на Сојузот на спортови на Скопје и Град Скопје.

Почна пријавувањето за Скопскиот маратон 2014
Пријавувањето за најголемата спортска манифестација Скопски маратон 2014 почна деновиве. Последен рок за пријавување за маратонот и полумаратонот е 20 април, а за трката на 5.000 метри 30 април.

Стартниот пакет содржи маица со логото на трката, стартен број со чип, програма за трката и освежување. Ќе може да се подигне на 8 и 9 мај, од 10 до 19 часот, а на 10 мај од 10 до 17 часот. Местото на подигање ќе биде дополнително објавено. Котизацијата се плаќа при пријавувањето преку интернет или преку уплатница. Плаќањето треба да биде извршено најдоцна во рок од 48 часа од поднесувањето на пријавата, во спротивно нема да биде гарантиран стартен пакет. На денот на трката нема да можете да се подига стартниот пакет.

При подигање на стартните пакети мора да се покаже лична карта, патна исправа за странските натпреварувачи, потврда за онлајн плаќање или уплатница. Без овие документи нема да може да се подигне стартниот пакет.

Котизацијата за маратонската и полумаратонската трка е 500, а 250 денари за трката на 5.000 метри.

Заинтересираните повеќе информации можат да добијат во Сојузот на спортови на Скопје на тел: +389 2 3228624 или на е-маил [email protected] и на http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Случајот со Ива Михаилова ја потврдува тезата дека Филипче и Зоран Заев се уценети од бугарските власти и Румен Радев.

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Го прашуваме директно Венко Филипче дали тој и Зоран Заев имале каква било комуникација или договор со лица блиски до Румен Радев за насочување на лекувањето на Ива Михаилова во Бугарија? Дали имало политички притисоци, посредувања или ветувања поврзани со медицинската документација и одлуката за продолжување на нејзиното лекување надвор од Македонија?

Ива Михаилова, е осомничена во кривично правен настан, за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Според информациите што се изнесуваат во јавноста, на 19 март 2026 година бил изготвен медицински извештај од доктор Иван Барбов, другар на Филипче и Заев, во кој се наведува дека лекувањето треба да продолжи во Бугарија.

Како е донесена одлуката, врз основа на кои стручни медицински процени и дали врз неа влијаел каков било надворешен фактор? Ова се прашања што мора да добијат одговори врз основа на документи и факти, а не на политички препукувања.

И додека надлежните институции и политички субјекти јавно реагираат на постапките и односот на официјална Софија, Филипче и СДС молчат за улогата на бугарските власти во овој случај.

Македонија не смее да биде заложник на политички долгови на Заев и Филипче на нивните лични релации или задкулисни договори. Ниту една медицинска состојба не смее да биде инструмент за политички манипулации, а уште помалку повод за поткопување на довербата во домашните институции.

Затоа, ги повикуваме надлежните институции да ги испитаат сите околности околу изготвувањето на медицинскиот извештај, евентуалните контакти со политички претставници и постапките на сите инволвирани лица.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сали: Напредокот на Црна Гора ја зајакнува европската перспектива на регионот

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со амбасадорот на Црна Гора, на која разговараа за билатералните односи, процесот на пристапување кон Европската Унија...

Сали: Напредокот на Црна Гора ја зајакнува европската перспектива на регионот

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со амбасадорот на Црна Гора, на која разговараа за билатералните односи, процесот на пристапување кон Европската Унија и можностите за продлабочување на институционалната соработка.

Сали го поздрави напредокот на Црна Гора во пристапните преговори и ја потврди поддршката на Македонија за нејзината амбиција да стане следната членка на Европската Унија. Тој истакна дека овој напредок претставува охрабрувачки сигнал за регионот и за кредибилитетот на политиката на проширување.

На средбата беа разгледани можностите за поинтензивна размена на експертиза, врз основа на Договорот за соработка во контекст на пристапувањето кон Европската Унија, потпишан во 2012 година. Областите од интерес ги опфаќаат координацијата на преговорите, усогласувањето со европското законодавство, реформата на јавната администрација и управувањето со европските фондови.

Министерот ги претстави и приоритетите на Македонија за спроведување на Реформската агенда и Планот за раст за Западен Балкан, со акцент на конкретните придобивки за граѓаните и бизнисите.

Сали ја нагласи важноста на праведен и предвидлив пристапен процес, заснован на заслуги, како и на регионалната соработка за напредување кон заедничката цел — членство во Европската Унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Македонска песна и оро утре на „Боемска“ со КУД „Орце Николов“, Блага Петреска и Наум Петрески

Општина Центар утре, 16 октомври, го организира настанот „7/8 Центарски такт“, посветен на македонската народна песна и фолклорната традиција. 

Герасимовски: Македонска песна и оро утре на „Боемска“ со КУД „Орце Николов“, Блага Петреска и Наум Петрески

На Боемска улица 1, граѓаните ќе можат да уживаат во вечер исполнета со музика, народни носии и дружење.

Програмата започнува во 18:00 часот со дефиле на КУД „Орце Николов“, а во рамки на настанот ќе биде поставена и изложба на народни носии. Официјалниот почеток и музичката програма се закажани за 20:00 часот, со настапи на ВИС „Интрада“, Блага Петреска, Наум Петрески и Тули.

„Македонската песна има посебно место во секој наш дом. Со неа сме растеле, сме се радувале и сме ги одбележувале најважните моменти во животот. Со овој настан сакаме да ја споделиме таа љубов и со помладите генерации, затоа што традицијата се чува кога ја живееме и ја пренесуваме. Ги поканувам граѓаните да ни се придружат на Боемска, да запееме и заедно да уживаме во богатството на македонската музика и фолклор“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Со „7/8 Центарски такт“, Општина Центар продолжува да поддржува настани што го негуваат културното наследство и ја доближуваат македонската традиција до сите генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер