Почна откупот на дебарските јагниња

Во Дебар денеска почна откупот на јагнињата. Изнесувањето од градот кој е под карантин, е преку штафетен утовар и истовар.

Според Скендер Аме, претседател на здружението на одгледувачи на овци „Даши" кое ги опфаќа сточарите од Дебар и Центар Жупа, откуп вршеле две фирми, една од Скопје и една од Кавадарци.

-Денеска, на првиот ден од откупот, фирмите „Серта" од Кавадарци презема над 1.500 јагниња, додека фирмата „Стокопромет" од Скопоје преку 300. Очекуваме деновиве откупот на продолжи. Откупната цена по килограм жива мера изнесува 120 денари, што е за 20-25 денари помала споредено со лани, изјави Аме за МИА.

Додаде и дека поради фактот што сточарте одлучиле да остават за приплод поголем број од јагнињата, за откуп имало околу 10.000 грла од двете општини. За откуп остануваат уште околу 8.000 јагниња.

-Јагнињата од нашиот регион поради квалитетното месо ќе бидат испорачани на италијанскиот пазар, рече Аме и искажа голема благодарност до Владата и локалната власт на Дебар и Центар Жупа што овозможија откуп, а претходно го решија и проблемот со откупот на млекото.

Одлуката за откуп на дебарските јагниња ја донесе Владата на вчерашната седница./МИА

Фламенго по само пет месеци го отпушти Сампаоли

 Бразилскиот прволигаш Фламенго објави синоќа дека ја раскина соработката со аргентинскиот фудбалски стратег Хорхе Сампаоли по неуспехот во финалето на бразилскиот куп против Сао Паоло (0-1, 1-1).

-Тренерот Хорхе Сампаоли и неговиот стручен тим веќе нема да го водат црвено – црниот тим, објави Фламенго на социјалните мрежи, посакувајќи му на аргентинскиот стратег „среќа“ во продолжението на кариерата.

Сампаоли е отпуштен по само пет месеци откако дојде во Фламенго од редовите на шпанска Севиља, каде, исто така, претходниот ангажман му траеше пет месеци.

Сампаоли со Фламенго потпиша договор до крајот на 2024 година, и според локалните медиуми, клубот поради предвремениот раскин на соработката ќе треба да плати обесштетување од 1,8 милиони евра.

Медиумите наведуваат дека главен кандидат за наследник на Сампаоли на клупата на клубот од Рио де Жанеиро е поранешниот бразилски селектор Тите.

Утре без вода дел од булеварот „8-ми Септември“

Од ЈП Водовод и канализација - Скопје информираат  дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со санација на дефектот. 

Поради дефект на затворач ф-300 мм на крстосницата бул.„8-ми Септември“/ бул. „Партизански Одреди“, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од бул. „8-ми Септември“, додека намален притисок на водоснабдувањето ќе имаат корисниците ул. „Дрезденска“ и „Анкарска“.

Од ЈП Водовод и канализација - Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Лавров: САД и НАТО да ја препознаат одговорноста за ситуацијата во Авганистан

Русија очекува САД и НАТО да ја препознаат одговорноста за ситуацијата во Авганистан, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Целосното обединување на напорите на земјите од регионот и земјите од НАТО е можно само доколку Алијансата ја признае одговорноста за катастрофалниот исход од нејзиното воено присуство во Авганистан, се вели во обраќањето на рускиот министер на 5. состанок за Авганистан во „московски формат“ кој се одржува во Казан.

Неговиот говор го прочита специјалниот претставник на рускиот претседател за Авганистан, Замир Кабулов.

Лавров посочи дека земјите од Западот нанеле непоправлива штета на народот на Авганистан и затоа мора да го понесат најголемиот товар за обнова на земјата во постконфликтниот период.

„Во врска со тоа, блокадата на авганистанските сметки што ја спроведува Вашингтон е контрапродуктивна и само ја отежнува ситуацијата и ги влошува тешките услови во кои живеат Авганистанците“, наведе Лавров.

Како што додаде, Москва смета дека враќањето на воената инфраструктура на САД и НАТО на територијата на Авганистан и соседните земји е неприфатливо, без оглед на причините за таквиот чекор.

На средбата во Казан учествуваат претставници на Авганистан и на соседните земји.

Фото: ЕПА

притисни ентер