Сојузот на борци од Тетово бара да се забрани именување улици по личности поврзани со фашизам и нацизам
2Сојузот на борци од Тетово бара да се забрани именување улици по личности поврзани со фашизам и нацизам
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението
1Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението
КултураПочна „ОФФест“, вечер настапи на „Бои Аки“ и „Куту“Повеќе од 25 години, пејачката и текстописец Моника Акихари и гитаристот и композитор Нилс Браувер се срцето и душата на БОИ АКИ.По синоќешното отворање на 23. издание на „OFFest“ со настапот на „BOMBINO“ и на „BCUC“ (Bantu Continua Uhuru Consciousness), вечер фестивалот продолжува со микс од индиски и африкански влијанија и европски фолк со елементи на импровизирана музика на холандскиот секстет BOI AKIH (БОИ АКИ), во комбинација со оригиналниот и моќен звук на француско-етиописката супер група KUTU (КУТУ). Повеќе од 25 години, пејачката и текстописец Моника Акихари и гитаристот и композитор Нилс Браувер се срцето и душата на БОИ АКИ. Безграничната љубопитност ги наведува на нови експерименти и откритија и тие денес ги чувствуваат блиски музичките традиции од сите страни на светот - од модерниот џез до класичната индиска музика. - Уникатниот звук на Бои Аки произлегува од постојаната интеракција меѓу музичарите и изворите од кои тие црпат. Овој звук, изненадувачки нов, а сепак целосно препознатлив, ги обединува акустичните звуци и електронските звучни пејзажи со сестраниот, топол глас на Моника Акихари, која понекогаш пее на Англиски, а понекогаш на Харуку, јазикот на островот на нејзиниот татко. Во музичките проекти на Бои Аки, нивните длабоки, лични музички истражувања резултираат со хармоничен спој на навидум инкомпатибилни звуци, ритми и тоналитети, поништувајќи ги границите помеѓу старото и модерното, помеѓу музиката, приказната и поезијата и помеѓу Истокот, Западот, Северот и Југот, велат организаторите. КУТУ се формирани во Адис Абеба каде што францускиот виолинист и композитор Тео Секалди го открива симбиотскиот глас на етиопската рок-пејачка Хејван Гебрeволд. Заедно, се впуштаат во авантура на создавање нов импровизаторски концепт кој ги спојува Азмари и Етио-џез корените со поезијата и грувот на светската урбана култура. Во Етиопија бендот се третира како еден вид НЛО поради својот речиси вонземски звук. - Од поезијата на денешницата и селекцијата на етиопски племенски ритми, Тео Секалди гради сончев систем во кој се соединуваат импровизацијата, галопирачките вокали и панк енергијата, поддржани од моќна ритам секција и постава со заразна енергија: електро-вселенски клавијатури, древни перкусии, хипнотичен бас, заносен танц и небески гласови, наведуваат организаторите. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп го одложи воведувањето царини за Канада: Постигнат е договор, се чека потписАмериканскиот претседател Доналд Трамп го одложи за три дена воведувањето нови царини од 50 проценти за канадските стоки, тврдејќи дека Вашингтон и Отава постигнале договор.Новите царински давачки требаше да стапат на сила во денеска и да опфатат околу 20 милијарди долари канадски увоз. Во објава на социјалната мрежа, Трамп изјави дека одлуката за одложување е донесена затоа што двете земји, под услов да се комплетираат документите, постигнале договор кој сè уште не е формално потврден. Една од главните точки на спор беа американските царини за канадските автомобили, за кои се разгледуваше можноста да се намалат од 25 на 15 проценти, но деталите за евентуалниот договор сè уште не се познати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСојузот на борци од Тетово бара да се забрани именување улици по личности поврзани со фашизам и нацизамСојузот на борци на Тетово бара од пратениците со законски измени категорично да се забрани именување улици и инфраструктурни објекти со имиња на фашисти, фашистички организации или нивни соработници. Барањето, како што потврдија за Канал 5, го доставиле до координаторите на парламентарните партии од македонскиот блок - ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ЛЕВИЦА и ЗНАМ, а доаѓа како реакција на новите 145 имиња на улици во Тетово кои Комисијата во Општината ги усвоила пред неколку денови. Меѓу нив се најде и името на Фадил Сулејмани, човек кој, како што тврди Сојузот, го формирал нелегалниот Тетовски Универзитет, и кој во интервју во Софија, пред повеќе години отворено го негирал постоењето на на македонскиот народ. Од Сојузот на борци, велат дека очекуваат законските измени за заштита од фашистички или спорни имиња на улиците да се направат по примерот на оние со кои се интервенираше за заштита на националниот интерес, кога како што велат, низ државата почнале да се формираат бугарски клубови со профашистички имиња. - Очекуваме Собранието да биде конзистентно и да препознае потреба да се превенира, исто и во доменот на определување на имиња на улици и други инфраструктурни објекти. Па затоа предложивме на координаторите на пратеничките групи точни прецизни и веќе скроени измени на 2 члена во законот за определување на имиња на улици. Во смисла на тоа изрично да се забрани именување на улица или инфраструктурен проект со име на фашист, фашистичка организација или нивни соработници или пароли коишто можат да се поврзат со тоа, изјави Даријан Сотировски, член на Претседателството на Сојузот на борци на Тетово. Од Сојузот на борци дополнително бараат покрај претходната согласност од Владата, задолжително да се побара мислење од Комисијата за имиња, која како стручно тело е формирана согласно Законот за здруженија и фондации. Работната група за именување на улици, формирана од страна на Општина Тетово, досега во два наврати излезе со предлог имиња за повеќе од 200 улици во Тетово. Од кабинетот на Касами велат дека постапката во Општината за утврдување нови имиња е се уште во тек, а селекцијата е поделена по групи. Според информациите останува да се усогласат уште неколку имиња на улици, но постои начелен договор меѓу коалициските партнери. Иако временски рок нема, од општина Тетово очекуваат целата постапка да заврши до Нова Година. Уставниот суд во јуни ја укина одлуката одлуката на општина Тетово од 2007 за преименување на улиците во градот поради тоа што пред речиси 2 децении таа не добила согласност од Владата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗападнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
МакедонијаНиту еден македонски универзитет повторно не се најде меѓу 1.000 најдобри на шангајската листаБез пакетот нови закони за високо образование не може драстично да се поткрене квалитетот на македонското образование и наука, вели ресорната министерка Весна Јаневска.Без пакетот нови закони за високо образование не може драстично да се поткрене квалитетот на македонското образование и наука, вели ресорната министерка Весна Јаневска откако и оваа година ниту еден од македонските високообразовни институции не се најде во Шангајската листа на 1000 најдобри универзитети во светот. -Не очекувавме во период од две години, особено без новите закони да има некое драстично придвижување на Шангајската листа, трите закони кои во моментов се во собраниска процедура очекуваме во еден догледен период, бидејќи и за тоа ќе треба време, значајно да го поткренат квалитетот во високото образование но и да се подобрат и другите индикатори, кои ги користат не само Шангајската листа туку и други листи за рангирање за да можеме да се придвижиме на тие листи,- -Весна Јаневска, министерка за образование и наука. Законите за високо образование, научноистражувачка дејност и за квалитет во високото образование и наука засега се блокирани од албанскиот опозициски блок, а Јаневска им порача – ќе се соочиме во Собранието. Обвинувањата од ДУИ дека селективно го применува Бадентерот при гласање на овие закони, Јаневска ги оцени како несоодветни информации за придобивање на гласови во сопствените партиски редови. -Не го оспорувам правото на учење на мајчин јазик, не оспорувам ниту едно право на заедниците кои живеат во нашата држава, ниту Бадентерот. Но, во случај кога политиката навлегува во образованието, сметам дека штетата е за сите. // Ние ќе се соочиме во Парламентот, досега ние имавме дискусии со академската заедница, од политички субјекти, ние сугестии за законите не сме добиле. Таму ќе го решаваме проблемот ако воопшто постои, ако не станува збор само за политика во образование,- -Весна Јаневска, министерка за образование и наука. Според ДУИ, пакетот закони не ги вклучува забелешките на академската заедница кои се однесувале на нарушување на автономијата на универзитетите и привилегирана положба на одредени универзитети. Исто така тие обвинија на неинклузивен пристап при пишувањето на законите и најавија дека доколку останат во ваков вид, тие нема да дадат поддршка за нивно гласање. На Шангајската листа Србија, Бугарија, Хрватска и Словенија се присутни со еден а Грција со четири универзитети. Освен Македонија, од регионот без свои пласирани универзитети на оваа академска листа се и Албанија, Косово, Босна и Херцеговина како и Црна Гора. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook