Ѓорѓиевски: Во градот недостасува комунална полиција не е важно само да се казнува, важна е и висината на глобата
По иницијатива на Уставниот суд на Македонија основан Охридски форум за дијалог и доверба во уставното судство
1Ѓорѓиевски: Во градот недостасува комунална полиција не е важно само да се казнува, важна е и висината на глобата
2По иницијатива на Уставниот суд на Македонија основан Охридски форум за дијалог и доверба во уставното судство
КултураПочна МТФ „Денови на комедија“ во КумановоВо Куманово вчера свечено беше отворен 27-тиот меѓународент фестивал „Денови на комедија“. На отворањето на фестивалот беше доделена наградата „Васил Иљоски“ на актерот Сашко Коцев, за неговиот особен придонес во комедијата. Лауреатот Коцев пред кумановци рече дека за него најважна е реакцијата на публиката. - За театар се потребни двајца, едниот од оваа сцена да игра, а другиот да гледа тоа сте вие. Ние никогаш не би можеле да постоиме без вас. После ова за мене е уште потешко, затоа што одговорноста е уште поголема и очекувања ссе уште поголеми. Верувам дека нема да ја изневерам публиката и тука сакам да се заблагодарам на советот на фестивалот, на публиката за огромното признание, рече Коцев. Фестивалот го отвори кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски кој рече дека фестивалот го отсликува градот и менталитетот на кумановци. - Сака да се заблагодарам на сите актери кои се вградија во овој фестивал, на гостите кои изминативе 27 години беа гости на фестивалот, рече Димитриевски. Први пред кумановската публика на првата вечер настапи велешкиот театар со „Вечера за глупаци“, вечерва е претставата „Секс, лаги и љубомора“ на народен театар Охрид. Кумановци ќе ги видат и комедиите „Фустан за бегство“ на драматичен куклен театар од Враца, Република Бугарија, „Автопат Сагбама“ на Позориште „Бора Станковиќ“ од Врање, Србија, „Пар распар“ на Театар Комедија од Скопје, „Итроштините на Патук“ од тетовскиот театар, „Се бара нов маж“ од драмско куклен театар Плевен, Бугарија, „Мажи во влечки“ на албанската драма на Театар Куманово, „Женидба“ на Народен театар Штип, „Кокошке“-Народен театар од Ниш. На 8 октомври ќе биде изведена премиерата на „Ноќ спроти Водици (Како што сакате)“ на Театар Куманово во режија на Срѓан Јаниќиевиќ кој традиционално ја затвора фестивалската програма со нова претстава на репертоарот. Освен, официјалната програма на фестивалот како новина е планирана и изведба на студентски претстави. Гледачите ќе имаат можност да проследат две претстави на 30 септември и на 7 октомври Традиционалниот фестивал е поддржан од Министерството за култура со 600.000 денари, а општината со 350.000 денари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Во градот недостасува комунална полиција не е важно само да се казнува, важна е и висината на глобатаУтринава од 10 часот, низ сите скопски општини се одржува голема еколошка акција за чистење на јавните површини, во која ќе учествуваат неколку илјади волонтери.Во акцијата се вклучаени општините и градоначалниците, амбасади, ученици,спортисти, јавни личности и голем број граѓани, со заедничка цел – почисто, поубаво и поздраво Скопје. Градоналникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски вели дека ќе се чисти на 50 локации, а во акцијата ќе бидат вклучени 30 000 луѓе. Акцијата е замислена како почеток на континуирана иницијатива, која ќе продолжи да се организира двапати месечно, со цел грижата за јавниот простор да стане трајна навика и заедничка одговорност. Градоначлникот предупреди дека во градот недостасува комунална полиција , и апелира до пратениците да го донесат законот за локална самоуправо. Зошто според него не е важно само да се казнува, важна е и висината на глобата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Посна торта со мармаладВо среда (23.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Татјана Лазаревска.Состојки за денешниот рецепт: (мерките се со шолји за млеко) 2 шолји брашно 1 шолја шеќер 1 шолја вода половина шолја масло 4 големи лажици мармалад од сливи една рака сецкани ореви 1 лажиче сода бикарбона 1 лажиче цимет 1 ќесичка ванилин шеќер шеќер во прав по потреба Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАПоранешен НБА-шампион уапсен за семејно насилствоПоранешниот НБА-играч и двократен шампион Џеј-Ар Смит е уапсен во Тексас под сомнение за семејно насилство што резултирало со телесни повреди. Според извештаите на „ТМЗ“ (TMZ), 41-годишниот Смит бил приведен откако автоматски систем за читање регистарски таблички го детектирал автомобилот што го управувал. Полициските службеници го запреа возилото и открија активен налог за апсење на поранешниот кошаркар, издаден од локалната полиција. Смит веднаш беше однесен во притворскиот центар на округот Хант, додека автомобилот му беше предаден на неговиот брат, кој се наоѓаше во возилото со него. Надлежните органи ја објавија и неговата полициска фотографија. Деталите во врска со наводното насилство сè уште не се официјално соопштени; следствено на тоа, идентитетот на жртвата, сериозноста на евентуалните повреди и околностите под кои се случил инцидентот остануваат непознати. Во текот на 16 сезони во најсилната светска кошаркарска лига, Смит настапуваше за Њу Орлеанс, Денвер, Њујорк, Кливленд и Лос Анџелес Лејкерс. Тој ги освои двете шампионски титули играјќи покрај Леброн Џејмс – првата со „Кавалирс“ во 2016 година, а втората со „Лејкерс“ во 2020 година – а во 2013 година, додека настапуваше за „Никс“, беше прогласен и за „Шести играч на годината“ во лигата. Ова не е негов прв судир со законот, со оглед на тоа што претходно отслужил 24-дневна затворска казна за несовесно возење по сообраќајна несреќа во 2007 година, во која загинал неговиот сопатник.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook