Почна канењето за Пијанечко-малешевската свадба - Канал 5

Почна канењето за Пијанечко-малешевската свадба

Со посета на институции и канење на гостите, членовите на КУД „Гоце Делчев" од Делчево ги почнаа активностите за 13-тото издание на Пијанечко-малешевската свадба. 

Почна канењето за Пијанечко-малешевската свадба

Манифестацијата се одвива неколку дена, а главниот дел ќе се одржи в сабота, на 7 септември, кога својата љубов пред присутните гости, ќе ја крунисаат младоженците Наталија Богатинова и Александар Петровски.

Како што истакна организаторот Зенил Реџепов, денешниот адет на канење на гостите, се прави на стар автентичен начин, како што некогаш налагале обичаите на овие простори.

– Денес е чинот на канење на гостите за свадбата со шарени бонбони, погача и ракија. Како дел од старите свадбарски обичаи, потоа имаме месење на погача „плетеница" во куќата на идната невеста, како и „плетеница" погача во куќата на момчето. Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев" е подготвено за главниот настан во сабота и во оваа прилика ги поканувам гостите да повелат во сабота на летната сцена во Делчево од 11:30 до 16 часот и да ја проследат оваа културна манифестација, истакна Реџепов.

Паралелно со овој настан ќе се одржи и Меѓународниот фолклорен фестивал „Делчево Фест 2019", фестивал на кој, како што дополни Реџепов, ќе настапат фоклорни групи и ансамбли од земјава и странство.

– По 43-ти пат сме организатори на Меѓународниот музички и фолклорен фестивал „Делчево Фест 2019". И овојпат имаме збогатување на содржините. Во рамки на програмата ќе имаме саем на храна „Некогаш и сега", ќе имаме јубилеен концерт на летната сцена во Делчево, на кој покрај нашето културно-уметничко друштво, ќе настапат и друштвото за култура „Каблови" од Јагодина,Р Србија, Ансамблот за народни танци и песни „Атанас Манчев" од Бургас, Р. Бугарија и други групи од земјава и странство, додаде Реџепов.

Покровител на настанот е градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски, поддржувачи се Министерството за култура, Агенција за промоција и поддршка на туризмот, невладини организации од регионот како и бизнис-секторот./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американски суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓани

Забраната за имигрантски визи за граѓани на 75 земји, меѓу кои и Македонија, воведена од администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп, денеска е поништена од федерална судијка како „спротивна на законот“, објави СНН.

Американски суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓани

Одлуката ја донесе судијката Џенет Варгас од федералниот окружен суд во Менхетен.

Таа оцени дека државниот секретар Марко Рубио ги надминал своите законски овластувања со забраната, донесена со образложение дека ќе го спречи влезот на луѓе кои би користеле социјална помош и јавни бенефиции. Судијката утврди дека американските службеници во пракса биле упатени да ги одбијат барањата за виза од апликантите, дури и од оние кои можеле да се издржуваат сами, единствено врз основа на нивната земја на потекло.

Во јануари, Стејт департментот го суспендираше издавањето имигрантски визи за земји каде што живее речиси 40% од светското население, а меѓу нив од регионот се најдоа и Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италијанскиот пливач Алесио Окипинти победи на Охридскиот маратон

Италијанскиот пливач, Алесио Окипинти, е победник на 39-тиот Охридски пливачки маратон.

Италијанскиот пливач Алесио Окипинти победи на Охридскиот маратон

Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри денеска ја исплива за 5:03.44 часа.

Најдобар македонски претставиик денеска беше Петар Цеков кој низ целта мина како третопласиран.

На целта на кејот „Македонија“ пливачите ги пречека претседателката Гордана Сиљановска- Давкова која е главен покровител на маратонот.

Наградниот фонд на трката изнесува 15 илјади долари, распределни соодветно за првите тројца во двете категории

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР ги остранува хаварисаните и запленити возила кои со години се трупаа во дворовите на полициските станици

Сите овие запленети возила кои ја нарушуваа репрезентативноста на полициските станици и ги затрупуваа нивните дворови, конечно се отстрануваат.

МВР ги остранува хаварисаните и запленити возила кои со години се трупаа во дворовите на полициските станици

Секое од возилата во себе носи приказна, со едно се превезувале мигранти и било дел од филмска брканица, со друго се краделе дрва, некои се и поради безобѕирно возење, а за она што се случувало со дел од нив, најголем сведок и денеска остануваат дупките од куршуми.

Сите овие запленети возила кои ја нарушуваа репрезентативноста на полициските станици и ги затрупуваа нивните дворови, конечно се отстрануваат далеку од очите на службениците и граѓаните на кои им пречеа секојдневно.

-Ова возило кое било дел од огнена пресметка во ПС Арачиново било околу половина година, а во моментов ќе се транспортира во посебно место во Орман, кое што е дел од МВР

Кога екипата на Канал 5 пристигна во полициската станица во Арачиново, акцијата веќе беше во тек. Четири шлеп – возила на МВР ги товареа возилата едно по едно, извлекувајќи ги од обраснатата трева. Поголемиот дел од нив беа полни со оси, отежнувајќи им ја работата на службениците.

Најпоразителен беше изгледот на ПС во Автокоманда, кој со толку возила на поприлично широкиот двор, наликуваше на отпад за автомобили. Дел од нив, немајќи каде, беа паркирани и надвор од оградата – па оваа полициска станица, а граѓаните во околината конечно „продишија“.

-Полициската станица во Автокоманда повторно си го доби назад својот простор, ова место кое беше пренатрупано со автомобили и изгледаше како отпад за автомобили, веќе целото е испразнето, а автомобилите се однесени на друго посебно место..

Полициските станици и граѓаните, наместо ѓубришта, мора да добијат пристоен простор, порача министерот Панче Тошковски, кој најави чистка набргу во секоја станица во земјава.

-Полициските станици беа малтене ѓубришта. Грда слика беше она кое го имавме до вчера, сите станици беа пренатрупани со возила,сега се исчистени и функционални. Сметам дека една ваква акција требаше многу порано да биде направена, но за жал еден децениски проблем кој бил присутен во рамките на сите станици, го расчистивме Скопје првично, продолжуваме понатаму со останатите СВР, ќе бидат расчистени сите полициски станици кои ги имаме во Македонија со цел да имаме еден репрезентативен објект којшто ќе биде и те како пофункционален - Панче Тошковски: Министер за внатрешни работи

Возилата веќе месец и половина и секојдневно се отстрануваат од своите долгогодишни „паркинзи“. Од почетокот на јули, службите на МВР отстраниле 400тини возила и 150 мотоцикли.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер