Почна кампањата за Локалните избори

Со ветувања за одговорно управување, подобра иднина и поставување на интересите на граѓаните на прво место, почна кампањата за Локалните избори.

Со пораки за одговорно и отчетно управување, создавање подобра иднина, единство без разлика на етничката припадност и поставувањето на интересите, потребите и барањата на граѓаните на прво место, политичките партии вчера официјално ја започнаа кампањата за Локалните избори закажани за 17 октомври.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев од предизборниот собир во Битола порача дека власта четири години поставува стандарди на одговорно и отчетно управување со државата, ја развива земјата на меѓународен, а општините на домашен план.

– Го унапредуваме квалитетот на животот. Расте животниот стандард. Земјата заедно ја поставивме на вистинскиот пат, патот е прав. Конечно тргнавме напред, посочи Заев. Тој уште еднаш ја потврди владината поддршка за локалната самоуправа која, како што рече, е континуирана.

– За предизвиците на централно ниво најдовме решение за клучните прашања, а тоа отвори простор многу пофокусирано да се посветиме на предизвиците на локално ниво. Од централниот буџет обезбедивме средства да ги раздолжиме општините. 50 милиони евра не за споменици, туку да ги направиме општините да бидат поефикасни. Како никогаш досега се инвестира во општините. Со СДСМ на локално ниво ќе продолжи развојот на општините, тие ќе продолжат да работат одговорно, отчетно и транспарентно во интерес на граѓаните, нагласи Заев.

Заев истакна дела разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е огромна и затоа коалицијата предводена од неговата партија ќе победи на локалните избори.

– Ќе победиме затоа што сите знаат дека ВМРО ДПМНЕ, ваква нереформирана, прорежимска, на овие избори не е воопшто подобна. Христијан Мицкоски се одлучи и на некрофилски политики, иако со нив повредува и загрижува луѓе. Покажа незрелост со тоа што нема став по ниту едно државничко прашање и за се е против. Со ВМРО-ДПМНЕ ќе има повторна кавга дома, кавга со соседите и повторно проблеми, ретроградни процеси и разочарувања. Тоа никому не треба и затоа огромна е разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ ја донесе транспарентноста и отчетноста на највисоко ниво, истакна Заев.

Од друга страна лидерот ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од предизборен собир во Охрид порача дека „народот на претстојните избори достоинствено ќе и покаже на власта дека нема да дозволи повторно да биде излажан".

– Да создадеме сите заедно една нова поинаква различна подобра иднина. Иднината ако продолжи оваа власт јасно е каква ќе биде. Да си одговориме на прашањето дали сме подготвени да им подариме уште нови четири години на истите луѓе кои веќе двапати брутално ги изневерија очекувањата, не го држеа зборот, даваа лажни ветувања. Вие сте тие коишто знаат да оценат што е најдобро, а што не е. Треба да се направат промени во однесувањето на сите во државата и да се создаде една нова поинаква, подобра иднина за сите. Иднина на развој, просперитет, напредок, подобар живот, иднина на промени, проекти и победи, рече Мицкоски.

Тој ги повика граѓаните да донесат, како што рече, вистинска одлука за себе и своите семејства, за иднината што ја сакаат и заслужуваат, да покажат дека се „за нова иднина во која татковината Македонија ќе биде нормално, убаво место за живеење".

– Време е за нова страница, за нова борба, за нов патриотизам којшто ќе не обедини леви и десни од сите националности и вери. Ви зборувам за држава која нема да се задоволува со ситни победи, туку со крупни успеси и големи чекори напред. Да ги надраснеме поделбите, да ги срушиме ѕидовите... Оваа борба е заедничка, победите ќе ни бидат заеднички. Сите од сите краеви се обединуваме во нова чиста заедничка цел, а тоа е напредокот, тоа е иднината, тоа е успехот. Зборувам за победи кои земјава ќе ја однесат меѓу најдобрите во Европа. Македонија е Европа и нема алтернатива од тој пат. Македонија е победник, Македонија е успешна приказна затоа што ние друга опција и татковина немаме. Ова е тоа единственото за кое што се бориме и живееме, рече Мицкоски.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети од собир во Гостивар порача дека неговата партија под мотото „Одбери живот, гласај зелено" и овој пат има понуда која ќе им биде од корист на сите граѓани, без разлика на нивната етничка припадност.

– Работиме посветено за да ја направиме земјата подобра од вчера. Да имаме почиста животна средина, поздрав живот. Така, на 17 октомври не само оние што гласаа за ДУИ, така и сите граѓани, не само Албанци, туку и Македонци, Турци, Бошњаци, Срби треба да гласаат за агенда која е смела и го штити здравјето на сите. Ние ја имаме најдобрата понуда, подвлече Ахмети.

Тој нагласи дека ДУИ нуди платформа за „зелена агенда, агенда за живот", која бара знаење, внимание, експерти, а најави и натамошните планови, кои ги нарече задачи што треба да се завршат, како проверката (ветингот), судските реформи, борбата против корупцијата и криминалот. Зборувајќи за надворешната политика и актуелните состојби лидерот на ДУИ нагласи дека како што бил решен проблемот со Грција, така ќе се реши и проблемот со Бугарија.

На стартот на изборниот караван на движењето „Одлучно за промени", водено од ДОМ и ЛДП, на собир во Скопје, лидерката на ДОМ, Маја Морачанин порача дека е време е да престане бетонизирањето на секоја слободна површина во градовите, да се понуди чист воздух, да се поттикне органското производство на храна, да се вложува во развојот на еко-туризмот и дигитализацијата на општини, бидејќи и ние и поколенијата коишто доаѓаат по нас сакаат да живеат во модерни современи средини.

Таа нагласи дека нивното Движење навистина е одлучно во сите општини да донесе промени за кои „сите мечтаеме и кои ни се на сите нас потребни, за да можеме да имаме еден здрав, квалитетен живот, да гледаме среќни луѓе на нашите улици".

Лидерот на ЛДП, Горан Милевски посочи дека направиле една моќна политичка групација на силни индивидуи, интелектуалци, луѓе кои размислуваат со сопствената глава.

– Сакаме граѓаните да бидат на прво место, нивните интереси, потреби и барања. Сакаме да живееме во места кои ќе зрачат со топлина и светлина. Места во кои ќе има зелени паркови и детски катчиња, места каде нема да има загаден воздух, застој во сообраќајот, гужви на шалтерите. Сакаме градоначалници кои водат грижа за нашите возрасни граѓани, за пензионерите. Сакаме да направиме општини каде нема да мора да фаќате врски да запишете дете во градинка, каде нема да ви требаат врски да најдете место во старски дом. Општини кои ќе овозможат нашите идни генерации да спортуваат и да водат здрав живот, нагласи Милевски.

Според досегашните најави, коалицијата предводена од владејачката СДСМ денеска ќе го продолжи изборниот караван „Најдоброто за мојата општина” со собир во Петровец. Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата, денеска под слоганот „Создади нова иднина!" ќе ја претстави својата изборна кампања во Вевчани, Дебарца, Струга и Ресен. Демократската унија за интеграција (ДУИ) својата програма за претстојните локални избори ќе ја презентира пред граѓаните во Тетово, а Движењето „Одлучно за промени" на ДОМ и ЛДП во Виница и Берово.

Грција во шок: Кум со години силувал момче, ги злоставувал и неговите две сестри

На 50-годишниот кум, кој е обвинет за сексуално вознемирување и силување на момче (18), од деветгодишна возраст, со согласност на истражителот и обвинителот на Ираклион, Крит, одредена му е мерка притвор.

Осомничениот маж признал дел од своите дејствија и сега се очекува да биде префрлен во затвор во Триполи.

Тој признал дека се случиле два од 10-те инциденти за кои неговото кумче, сега полнолетен, кажал дека се случиле.

Како што пренесува neakriti.gr, 50-годишникот тврдел дека тоа го предизвикал младиот човек и изјавил дека е „уништен и болен“.

Мажот е обвинет и за злоставување на уште две девојчиња, меѓу кои и сестрата на момчето што наводно ја силувал.

Информациите укажуваат дека има и порнографски материјал кој го покажува неговиот грозоморен чин. Поточно, видеото наводно го снимил 50-годишниот маж, за да докаже дека детето, кое тогаш имало 15 години, го провоцирало. Како што рече, на видеото се чини дека сексуалната иницијатива дошла од младиот човек. Тој исто така тврдел дека инцидентот се случил во неговата канцеларија и дека го снимал во случај во одреден момент да биде кривично гонет.

Во исто време, тој останал на ставот дека никогаш не ги малтретирал девојките.

Тој е уапсен вечерта на Велика среда, додека против него е поведена постапка за злоупотреба на малолетник кој не наполнил 14 години и на малолетник над 14 години.

Тој е обвинет и за детска порнографија во форма на производство и поседување видеа во кои има малолетник кој не наполнил 15 години.

Случајот бил откриен на Божиќ, кога кумот дошол да го посети семејството, но момчето одбило да седне на иста маса со него.

Кога родителите побарале од детето да го објасни своето однесување, тоа се скршило и открило што се случило и дека било жртва на малтретирање од страна на кумот.

Истовремено, има информации и за сестрата на младиот човек, која моментално има 24 години, како и за малолетната сестра, која моментално има 17 години. Според нивните пријави, делата ги извршил кога девојчињата имале 6 и 5 години.

Според податоците на полицијата, несоодветните дејствија првично се одвивале од 2006 до 2019 година.

Ибрахимовиќ искрено: Сега живеам поинаку, ми беше тешко поради моето его

Поминаа осум месеци откако Златан Ибрахимовиќ ги закачи копачките, а во неодамнешна изјава Златан се потсети колку му било тешко.

Како што вели, егото му правело проблем...

- Добро сум, имам добар живот. Престанав да играм пред осум месеци, сега имам поинаков живот. Прифатив да престанам што беше тешко поради моето его, начинот на кој размислувам за себе. Мислам дека сум најдобар, сепак најдобар, можев да продолжам, но избрав да престанам. Зошто? Затоа што сакам добар живот за моето семејство. Да имам време за моите синови, последица е што немаше да можам да го направам тоа бидејќи имав проблеми со колената. Така ја прифатив пензијата, стигнав дури до моментот кога си реков, океј, остави сѐ и почни ново поглавје во животот – започна Ибрахимовиќ.

Сепак, веднаш по завршувањето на кариерата доби нова функција ...

- Неколку месеци подоцна го запознав Гери Кардинале, кој го контролира фондот „Црвена птица“ што го купи Милан. Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Почнав да работам во Милано, таму сум три-четири месеци, добро се однесуваат со мене, морам да го кажам тоа.

Тој го допре и својот поранешен агент Мино Раиола, кој почина.

- Кога почина Мино, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев, се уште не престанувам бидејќи секогаш се сеќавам на некои работи. Многу ми недостига. Сите што ме познаваат знаат колку ми беше близок. Што би му рекол ако можам да му напишам порака токму сега? Ми недостигаш – подвлече Ибрахимовиќ.

„Одред за уживање“ на Ким Џонг ун - секоја година избира по 25 девици и ги дели на три групи

Девојка која успеала да побегне од Северна Кореја, на својот канал на Јутјуб открива дека диктаторот Ким Џонг-ун секоја година избира 25 девици за својот „Одред за задоволство“.

Девојките се избираат поради нивната физичка привлечност, тврди 30-годишната Јутјуберка Јеонми Парк, но и поради нивната политичка лојалност, пренесува Дејли Стар.

Парк вели дека „агентите“ на Ким ја забележале во два наврати затоа што била лојален следбеник на партијата, но никогаш не ја избрале поради нејзиниот „семеен статус“.

- Провалуваат во сите училници, дури и ги обиколуваат училишните дворови за да не пропуштат некоја згодна девојка - рече таа.

- Кога ќе најдат убави девојки, го проверуваат нивниот семеен и политички статус. Така, тие елиминираат девојки чии членови на семејството се дезертери или имаат роднини во Јужна Кореја или други земји.

- Следен чекор е лекарски преглед, утврдуваат дали девојките се девици. Кандидатките кои ќе го положат тестот се подложени на подетални лекарски прегледи, каде што и најмалата мана - како мала рана каде било на телото - е доволна причина за дисквалификација.

Ригорозната анализа остава „само неколку девојки од цела Северна Кореја“, кои потоа се испраќаат во Пјонгјанг. Откако ќе бидат избрани, Парк вели, „нивната единствена цел во животот е да му угодат на диктаторот“.

Ким Џонг-II го смислил „Одредот за задоволство“ уште во 1970-тите, објаснува Парк.

- Мислеше „ако изберам неколку убави девојки и ги одведам кај татко ми Ким II-сунг, ќе биде многу задоволна“, рече таа.

- Потоа избрал убави жени и ги сместил во одморалиште каде што ги посетува Ким II-Сунг. Неговиот татко бил толку трогнат што неговиот син помислил на неговото задоволство, а тоа е една од причините зошто го избрал за свој наследник.

Десет години подоцна, Ким Џонг-II создал друг тим за свои потреби. Парк вели дека одредите и групите се менувале со текот на годините бидејќи диктаторите имале различни вкусови.

- Ким II-Сунг имаше традиционален вкус за жени, бидејќи беше постар, па неговата група беше наречена Електронски Почонбо Ансамбл. Ким Џонг-II го нарече својот бенд за лесна музика „Wangjaesan“. Ким Џонг-II претпочиташе жени повисоки од 160 см - рече таа.

Ким Џонг-ун има тенденција да избира „витки“ жени и фаворизира жени со „западен изглед“. „Се шпекулира дека неговата сопруга била член на Одредот за задоволство“, додаде Парк.

Во рамките на „ Одредот за задоволство “ има три различни дивизии. Првите се обучени за масажа, вториот оддел е специјализиран за пеење и танцување за забава на лидерот и неговиот внатрешен круг. Оваа група понекогаш настапува јавно како бенд Моранбонг.

Третата група е „одредот за сексуална активност“, рече Парк.

- Тие мора да бидат сексуално интимни со диктаторот и другите мажи. Мора да научат како да ги задоволат овие мажи - тоа е нивната единствена цел.

Најубавите девојки се резервирани само за Ким, додека останатите членови на одредот треба да ги задоволуваат генералите и другите моќни луѓе.

Условите за живот во Северна Кореја се толку сурови што родителите често се среќни што нивните ќерки ги избираат за „Одредот за задоволство“, бидејќи тоа значи дека барем девојчињата нема да гладуваат.

Откако ќе стигнат до средината на 20-тите години, нивното време истекува. Тие често се во брак со телохранителите на Ким. Парк вели дека е привилегија за членовите на Одредот да изберат со кој член на безбедносните служби сакаат да се омажат. Парк, чии приказни за животот во Северна Кореја се опишани како претерани од некои критичари, вели дека династијата Ким се „педофили кои очекуваат да бидат обожувани како богови“.

притисни ентер