Почна јавната расправа за законот за ЈО во Собранието

Во Собранието попладнево на седница на Комисијата за политички систем почна јавната расправа за законот за јавно обвинителство.

Министерката за правда Рената Дескоска очекува конструктивна јавна расправа за законот за јавно обвинителство. Таа изјави дека очекува јавната расправа да даде предлози како да се подобри Предлог-законот, а не да се злоупотребува времето за дебата.

– Дебатата треба да се води по законот по она што е содржано како решение и да слушнеме евентуално ако има предлози за подобрување на текстот. Во спротивно, секое било какво поинакво однесување, особено од опозицијата ќе биде протолкувано како опструкција на процесот и одолговлекување, рече Дескоска.

Додаде дека ако има добра волја може да се донесе законот пред распуштањето на Парламентот.

Министерката изрази надеж дека ќе биде обезбедено потребното мнозинство за да биде донесен законот, но и оти очекува опозицијата да постапи разумно.

Апел до опозицијата за отворена, суштинска и плодна дебата за ова законско решение, упати и СДСМ.

-Ова е можност ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да одлучат, дали ќе застанат зад Законот за јавно обвинителство или како и досега ќе застанат зад криминалот. Законот за јавно обвинителство овозможува сите предмети на СЈО, но и сите останати случаи, да имаат професионална и објективна завршница, затоа што само така ќе се врати довербата на граѓаните во правосудниот систем. Политиката мора да остане надвор од изборот на обвинителите за да им се остави простор за независно, стручно и објективно постапување, а тоа ќе се постигне само ако се донесе законот, соопштија од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, им реплицираа дека Зоран Заев и СДСМ сакаат набрзина да донесат закон, кој ќе го амнестира нивниот криминал.

-Заев и СДСМ бегаат од квалитетен закон за јавно обвинителство, затоа што така нема да може некоја Вилма Русковска или Љубомир Јовески да ги сокрива или ослободува од криминали и афери, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија и забележуваат на власта дека со законот сака повторно да го воскресне СЈО и да ги заштити криминалците од своите редови. Тврдат дека се залагаат за закон кој ќе биде неселективен и пред кој ќе можат да одговараат сите граѓани, а не за некој да биде привилегија, а за некој обратното.

На јавната расправа присуствуваат пратеници од сите пратенички групи, министерката за правда Рената Дескоска, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, обвинители и професори од Правниот факултет и меѓународни претставници./МИА

Вест Хем потврди разделба со Мојс на лето

Тренерот на Вест Хем, Дејвид Мојс ќе го напушти тимот на крајот од актуелната сезона, објави вечерва лондонскиот клуб на својот официјален сајт.

Неговиот договор со клубот истекува на лето, а според информациите, заминувањето на 61-годишниот Шкотланѓанец е резултат на меѓусебен договор.

Мојс е на чело на Вест Хем од декември 2019 година. Во сезоната 2022/23, тимот ја освои Конференциската лига. Шпанецот Хулен Лопетеги е фаворит за наследник на Мојс.

Шолц: Приходите од замрзнатите руски средства треба да се вложат во воена помош за Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека околу 90 отсто од приходите остварени од замрзнатите руски средства треба да се потрошат за купување оружје за Украина.

„Важно е да се согласиме дека овие пари може да се користат за купување оружје не само во ЕУ, туку и ширум светот“, изјави Шолц за новинарите по состанокот со членовите на владите на трите балтички земји во Рига.

Тој изјави дека Германија и трите балтички земји се посветени на брзото проширување на производството на оружје во Европа и додаде дека производството на муниција и системи за противвоздушна одбрана веќе е зголемено.

Четворица македонски тенисери утре на фјучерс во Србија

 Четворица македонски тенисери утре ќе настапат на фјучерс турнирот М25 во српскиот град Куршумлиска бања.

Тројца од нив, Обрад Марковски, Шендрит Деари и Стефан Мицов, ќе ги играат финалните дуели од квалификациите и со победи ќе обезбедат пласман на главниот турнир.

Директен пласман има само Горазд Србљак, кој, пак, утре ќе го игра мечот од првото коло против Никола Јовиќ од Србија.

На женскиот дел од турнирот во Куршумлијска Бања настап во првото коло ќе има Магдалена Стоилковска, чија противничка в среда ќе биде третата носителка Пемра Озген од Турција (37 години, 658 ВТА место).

Најдобрата македонска Лина Ѓорческа е дел од фјучерс турнир во словачкиот град Трнава.

Ѓорческа во првото коло утре ќе игра против младата тенисерка од Русија, Полина Кудерметова (20 години, 178 ВТА место).

притисни ентер