ЗдравјеПочна истоварот на крузерот во Јокохама, Македонците остануваат во дополнителен карантинПо 14 дена во карантин во пристаништето во Јокохама, почна истоварот на патници од крузерот „Дајмонд Принцес“ на кој во изминатите денови беа утврдени над 500 случаи на корона-вирус.Болеста во поблага форма беше регистрирана и кај еден од тројцата македонски државјани на бродот кој беше сместен во болница во Јокохама. Останатите двајца македонски државјани, кои се дел од екипажот на бродот, согласно протоколот, ќе останат во дополнителен две-неделен карантин заедно со останатите членови на бродскиот персонал. Анализите покажаа дека секој седми патник на бродот бил инфициран од вирусот. Драмата на крузерот со околу 3.700 лица и членови на екипажот од 56 земји, почна на 4-ти февруари кога превентивно беше закотвен на пристаништето, а бродот беше ставен во карантин поради појава на корона вирусот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЧешкиот премиер се извини за берењето цвеќе на планинаЧешкиот премиер Андреј Бабиш се извини што набрал цвеќе во заштитено подрачје на планината Лиса Хора, во источниот дел на земјата, наведувајќи дека ќе плати парична казна доколку се утврди дека ги прекршил прописите. Во видеото објавено на Фејсбук, Бабиш објасни дека го набрал цвеќето во спомен на починат колега од неговото политичко движење АНО, со кого претходно се искачувал на планината. „Можеби сум прекршил закон, за што се извинувам, и секако ќе платам казна доколку е потребно“, рече тој. Видеото од саботното искачување, објавено на Фејсбук-страницата на Бабиш, го прикажува чешкиот премиер како се искачува со мал букет цвеќе, кој подоцна го положил на споменик на планинскиот врв. На врвот висок 1.324 метри – највисоката точка на Моравско-шлеските Бескиди – на Бабиш му се придружија двајца министри кои се членови на движењето АНО, како и бројни поддржувачи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Автомобилизам„Denza N8“-Може да помине над 1.000 километри на електричен погон со едно полнењеКинескиот автомобил „Denza N8“ е опремен со батерија од 130,15 kWh или 105,792 kWh.Најновите регулаторни документи објавени од кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија (MIIT) открија детали за претстојниот модел на BYD, Denza N8, како и за продолжената верзија Denza N8L. Електричниот Denza N8 сега има максимален досег од 1.003 км. Denza N8 е опремен со батерија од 130,15 kWh или 105,792 kWh, а моделот N8 нуди опции за досег од 1.003 км, 970 км, 840 км и 800 км. Во меѓувреме, Denza N8L, користејќи LFP батерија од 130,15 kWh, нуди електричен досег од 960 км според кинескиот систем за мерење (CLTC). Denza N8 е долг 5.150 мм, додека Denza N8L достигнува должина од 5.200 мм. Верзијата со погон на задните тркала и еден мотор е достапна со две нивоа на моќност: 320 kW (429 КС) и 370 kW (497 КС). Достапен е и погон на сите тркала со три мотори. Оваа конфигурација се состои од еден преден мотор (270 kW/362 КС) и два задни мотори (секој со 310 kW/416 КС), што резултира со вкупна моќност од 890 kW (1.193 КС), пишува Car News China.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГрад Скопје: Вечерва се спроведува 13-тата дезинсекција против комарци во СкопјеГрадот Скопје продолжува со системско и континуирано спроведување на мерките за сузбивање на комарците и заштита на јавното здравје.Вечерва на подрачјето на градот Скопје ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против комарци за оваа сезона, со теренски третман против возрасните форми на комарци. Активностите продолжуваат и во наредните денови. Согласно издадените налози, на 20 август ќе се спроведе теренска дезинсекција против возрасни форми на комарци, на 21 август, во раните утрински часови, ќе се изврши авионска дезинсекција, додека во периодот од 23 до 26 август ќе се реализира терестична дезинсекција против возрасни форми на комарци. Сите активности се спроведуваат согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје, одобрен од надлежните здравствени власти. Во текот на сезоната досега се реализирани повеќе третмани за сузбивање и на ларвите и на возрасните форми на комарци. Дезинсекција против ларви: 7 мај – авионска дезинсекција 11 јуни – авионска дезинсекција 26 јуни – теренска дезинсекција 10 јули – авионска дезинсекција 23 јули – теренска дезинсекција 11 август – теренска дезинсекција Дезинсекција против возрасни форми на комарци: 1 и 2 јуни – авионска дезинсекција 18 и 20 јуни – теренска дезинсекција 27 и 28 јуни – авионска дезинсекција 13 и 15 јули – теренска дезинсекција 30 и 31 јули – авионска дезинсекција 4 и 6 август – теренска дезинсекција До крајот на сезоната се планирани повеќе од 20 дезинсекции против комарци, со што се обезбедува континуирано спроведување на мерките согласно однапред утврдена динамика. Градот Скопје продолжува навремено и системски да работи на намалување на бројноста на комарците и на заштита на колективното здравје и благосостојбата на граѓаните. Град СкопјеТагови: комарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook