Почна Фестивалот на дувачки оркестри во Пехчево

 Повеќе од три илјади посетители присуствуваа синоќа на градскиот плоштад во Пехчево, каде беше отворен Фестивалот на дувачки оркестри, а потоа свој настап имаше и пејачот Влатко Лозаноски.

На отворањето на Фестивалот се обрати градоначалникот на Пехчево, Драган Тренчовски, кој рече дека и годинава со поддршка на спонозорите успеале да ја продолжат традицијата на натсвирување на оркестрите.

– Иако фестивалот има ревијален карактер, сепак покажува дека Пехчево може да се гордее на големиот број музичари кои имаат дарба за овој вид музика по која сите не препознаваат. Се надевам и во рамки на вториот ден, сите патишта повторно ќе водат кон Пехчево за фестивалот и на самиот празник на градот – Павловден, ќе имаме уште повеќе гости, истакна Тренчовски.

Гости имаше и од соседните градови, како и од Република Бугарија. Тие изразија задоволство што можеа да го видат својот миленик Влатко Лозаноски.

– Ние сме група млади од Делчево. Пехчево ни е сосем близу и затоа одлучивме вечерва да го проследиме концертот на Влатко Лозаноски. Навистина е многу убаво, плоштадот е преполн, уживаме во музиката и ќе останеме до самиот крај на фестивалот, истакнаа посетители пд соседното Делчево.

Освен Влатко Лозаноски, во рамки на синоќешната програма настапија и дувачките оркестри Ќоровци, Сенад Бенд и Џафер Бенд, како и скопските рокери Purple Zeppelin. Вториот фестивалски ден продолжува со традиционалниот Етно-саем Пехчевски Павловден, како и целодневна програма со традиционалните етно групи од земјава и странство.

На бината на градскиот плоштад во Пехчево вечер ќе настапат дувачките оркестри Уска Кан, Џипси Тајфа, како и екс-ју звездата Ален Исламовиќ и неговиот бенд „Кад би био бјело дугме". Фестивалот ќе го затворат љубителите на пехчевската публика Brass Brothers.

Прва победа за Норис во трка од шампионатот во Формула 1

 Возачот на Мекларен, Ландо Норис синоќа победи на трката од Формула 1 шампионатот возена за Големата награда на Мајами.

Дваесет и четиригодишниот Британец првпат во кариерата заврши на највисокото место на подиумот.

Второто место му припадна на возачот на Ред Бул, Макс Верстапен со заостанување од 7,612 секунди, а првата тројка ја комплетираше Шарл Леклер од Ферари со 9,92 секунди побавно време од победникот.

Актуелниот шампион, Верстапен по втор пат оваа сезона не заврши на првото место.

Најдобриот пласман во кариерата на Норис пред оваа трка беа петте втори места.

Во Топ 10 на трката во Мајами се најдоа и: Карлос Сајнц (Ферари), Серхио Перез (Ред Бул), Луис Хамилтон (Мерцедес), Јуки Цунода (РБ), Џорџ Расел (Мерцедес), Фернандо Алонсо (Астон Мартин) и Естебан Окон (Алпин).

Во Генералниот пласман лидер е Верстапен со 136 бода, пред Перез кој има 103, трет е Леклер со 98, Норис и Сајнц имаат по 83.

Сончево со јужен ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. 

Попладне во планинските региони ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд. Минималните температури ќе бидат во интервал од 3 до 10, а максималните ќе достигнат од 20 до 26 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала облачност и со слаб ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 8, а максималните ќе достигнат до 26 степени.

Во вторник попладне ќе има локална појава на нестабилност, а во среда и четврток под влијание на нов влажен бран во поголем дел од земјава ќе има пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со пообилни врнежи и засилен ветер. Потоа условите за нестабилно време ќе се намалуваат.

Дневен хороскоп за 6. мај 2024 година

Дневен хороскоп за понеделник, 6. мај 2024 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Додека вие ќе имате потреба од физичка љубов , вашата сакана личност повеќе ќе ја цени онаа на емотивно ниво. Усогласете се.

Кариера

Ќе бидете склони да ги мешате чувствата со работата , што моментално не е добро. Затоа обидете се тоа јасно да го разделите.

Здравје и совет

Некои ќе го преспијат утрото.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Доколку некој од саканите блиски или сакани лица ви изгледа примитивен , заборавете го тоа чувство , барем за кратко.

Кариера

Ќе се обидете да ги поврзете искинатите врски и да ја поправите штетата што други ја направиле. Главно ќе бидете успешни.

Здравје и совет

Кашлица и нервоза.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе има такви кои ќе бараат неможно , а свесни дека пред нив е убава шанса за љубов.

Кариера

Вработените во мали приватни компании ќе добијат нов поттик , што ќе ги натера да работат подобро.

Здравје и совет

Не се откажувајте.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Во текот на денешниот ден постојано ќе наидувате на шанси за разговори , дружења, собири и нови познанства. Одлично за оние кои уште се сами.

Кариера

Ќе успеете да ги усогласите своите ставови со мислењата на своите соработници и ќе бидете задоволни поради таквиот развој на настаните.

Здравје и совет

Ќе бидете расположени.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Денеска е ден за муабети со кафе. Можно е да чуете озборување , во кое и вие ќе бидете вмешани. Игнорирајте го.

Кариера

Денеска ќе бидете многу снаодливи , па и најголемите проблеми ќе ви станат решливи.Инстинктивно ќе знаете што треба да направите.

Здравје и совет

Мали , минливи нервози.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашиот партнер би можел да покаже нетрпеливост кон некој член од вашето пошироко семејство. Не се нервирајте.

Кариера

Пред вас е ден во кој не треба се да работите по секоја цена. Подобро оставете го времето да работи за вас.

Здравје и совет

Опуштете се со помош на техники за релаксација.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ни денеска ќе нема многу разбирање меѓу вас и еден член на семејството, но ако останете смирени , се ќе помине безболно.

Кариера

Дел од вашите соработници се подготвуваат да ви дадат голема и значајна поддршка за она што го работите.

Здравје и совет

Излезете на свеж воздух.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Од дневниот ред ќе ги тргнете грижите и проблемите на својот партнер за кои цело време ви зборува. Двајцата ќе се разведрите.

Кариера

Имате големи амбиции и планови , но денеска не сте сигурни што и колку ќе треба да смените за да ги остварите.

Здравје и совет

Останете будни.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Оние во врска денеска ќе ги активираат своите еротски особини и ќе го заведуваат партнерот во секој момент. Осамените тивко ќе освојуваат.

Кариера

Бидете малку воздражни во изразување на своите големи планови , зашто сите немаат оптимизам како вашиот.

Здравје и совет

Лесно на другите ќе им се вовлечете под кожа.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Вашите зборови ќе имаат силно влијание врз саканата личност. Затоа пазете што зборувате и како се однесувате.

Кариера

Вашите соработници и колегите со своите револуционерни потези ќе ги нарушат преговорите што вие ги водите.

Здравје и совет

Обидете се да не им се вратитена лошите стари навики.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Нема да бидете сигурни што да направите. Можеби најпаметно е да почекате , додека целата ситуација не се разбистри.

Кариера

Време е да премиенете од зборови на дела , а тоа за вас не е секогаш лесно. Сега треба да покажете дека сте дораснати на работата.

Здравје и совет

Разбудете се.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

И вие и вашата најсакана личност денеска ќе бидете многу под влијание на впечатоци и емоции. Многумина ќе и се предадат на љубовта без граници.

Кариера

Најмногу би сакале да се повлечете и да работите осамени , што не е типично за вас. Доколку можете , дистанцирајте се.

Здравје и совет

Нека ве води интуицијата.

притисни ентер