Почна чистката во ПСЖ, познато е кој е отпишан - Канал 5

Почна чистката во ПСЖ, познато е кој е отпишан

По испаѓањето во осминафиналето од Лигата на шампионите од Реал, ПСЖ веќе се сврте кон новата сезона.

Почна чистката во ПСЖ, познато е кој е отпишан

Француски „Л’Екип“ пишува дека чистката започнала во Париз и дека веќе се знае кои петмина играчи први ќе си заминат. Најголемото име на таа листа е Анхел Ди Марија, 34-годишниот Аргентинец кој има договор со ПСЖ до крајот на сезоната. За Аргентинецот се заинтересирани шпанските гиганти Барселона и Атлетико, а најблиску до негово доведување е италијански Јувентус.

Џулијан Дракслер е уште една ѕвезда што го напушта ПСЖ. Тој требаше да биде еден од клучните играчи на парискиот клуб, но во последните години падна во втор план и ПСЖ сега сака да се ослободи од него. Го бараат германските клубови и Севиља.

Леандро Паредес пред само три години беше платен од ПСЖ 40 милиони евра, а сега 27-годишниот аргентински играч за врска би требало да ја продолжи кариерата во италијанската лига. Лајвин Курзава веќе подолго време е на трансфер листата. Тој има договор за уште две години и најверојатно ПСЖ ќе треба да му плати дел од парите за да се ослободи од него. Последен на оваа листа е Тило Керер, 25-годишен германски дефанзивец. Керер е баран играч на пазарот и на ПСЖ за разлика од Курзава нема да им биде тешко да го продадат.

Се уште не е познато што ќе биде со трите најголеми ѕвезди Килијан Мбапе, Лионел Меси и Нејмар. Мбапе има договор до крајот на сезоната и понуда на Реал, Меси е бесен поради лошата сезона и свирежите на навивачите, а Нејмар изјави дека планира да остане во клубот.

ПСЖ следната сезона би требало да добие нов тренер. На врвот на желбата за нов тренер е легендарниот француски играч Зинедин Зидан, а се споменува и актуелниот тренер на Тотенхем, Антонио Конте. Веројатни се и промени во раководството на клубот, па Бразилецот Леонардо би требало да биде заменет со Арсен Венгер, кој го водеше лондонски Арсенал од 1996 до 2018 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Народната банка привремено го презеде управувањето со Алта банка АД Битола

Народната банка привремено го презеде управувањето со Алта банка АД Битола, откако вчера Народната банка на Србија ја одзеде лиценцата на Алта банка на бизнисменот Давор Мацура .

Народната банка привремено го презеде управувањето со Алта банка АД Битола

Народната банка привремено го презеде управувањето со Алта банка АД Битола, откако вчера Народната банка на Србија ја одзеде лиценцата на Алта банка на бизнисменот Давор Мацура и која спред најавите утре ќе влезе во стечај.

Според одлуката на НБРМ грааните во следниот период ќе можат неделно да подигаа само по 10 ооо денари .За само едноноќие од банката се подигнати околу 2 000 000 евра , соопшти на вонредна прес конференција гувернерот Трајко Славевски.

Одлуката за преземање на банката ја донел Ивршниот одбор на НБРМ и мерката која е веќе на сила е од привремен карактер, за најмалку т месеции е вонредна заради зачувување на имото на банката.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кралицата на Ноќта на вештерките шокира со страшен костим: Огромна крвава дланка ги исплаши луѓето

Славниот топ модел, велемајстото за костими за Ноќта на вештерките, манекенката Хајди Клум уште еднаш докажа зошто ја носи титулата „Кралица на Ноќта на вештерките“ 

Кралицата на Ноќта на вештерките шокира со страшен костим: Огромна крвава дланка ги исплаши луѓето

Славниот топ модел, велемајстото за костими за Ноќта на вештерките, манекенката Хајди Клум уште еднаш докажа зошто ја носи титулата „Кралица на Ноќта на вештерките“ – по овие фотографии, сигурно нема да ви биде важно ништо друго.

Познатиот германски модел, Хајди Клум, приреди вистински спектакл на јубилејното, 25-то издание на нејзината прочуена забава за Ноќта на вештерките во Њујорк, појавувајќи се во костим од кој на многумина им застана здивот – стануваше збор за огромна, крвава, отсечена човечка рака!

Иако со денови наназад наговестуваше детали за тоа каков би можел да биде костимот, никој не можеше да претпостави вакво нешто.

Традиционалната забава се одржа во областа „Катедрал“ на Менхетен и собра бројни славни личности, кои вложија максимални напори да привлечат внимание со своите костими. Сепак, како и секоја година, најголем интерес предизвика домаќинката на вечерта, која уште еднаш ги помести границите на креативноста и трансформацијата.

Годинава, Хајди се одлучи за прилично морничава идеја – човечка рака со црвени нокти, масивни златни прстени и верна реплика на нејзиниот венчален прстен.

Целокупниот изглед беше заокружен со крвави детали, поради што моделот изгледаше како огромен, отсечен дел од човечко тело.

Инаку, Хајди низ годинитеизгради репутација на жена која многу сериозно ги сфаќа костимите за Ноќта на вештерките, а нејзините трансформации редовно се главна тема на разговор по секоја забава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите

Според пресекот направен во 18.30 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:

ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите

Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 8.595, или изразено во проценти 52.90 %., објави Државната изборна комисија.

Во споредба со првиот круг излезноста е зголемена за 8.33 %.

Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 18.30 часот се пристигнати 3 приговори и сите се усвоени. На граѓаните кои ги доставија приговорите им се овозможи да го остварат своето право на глас.

Следната информација за јавноста ќе биде соопштување на првичните и неофицијални резултати веднаш по комплетирање на податоците од избирачките места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер