Почна чистење на трасата на гасоводот Лесковац-Врање - Канал 5

Почна чистење на трасата на гасоводот Лесковац-Врање

Почна чистење на трасата на гасоводот Лесковац-Врање, кој треба да обезбеди интерконекција со Македонија.

Почна чистење на трасата на гасоводот Лесковац-Врање

Фирмата „Милениум тим“ започна со истражни работи на проектот - чистење од експлозивни остатоци од војната на трасата на гасоводот Лесковац-Врање, кој треба да обезбеди интерконекција со гасоводниот систем на Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.

Официјалниот проект го подготви Центарот за деминирање на Република Србија, чии претставници ќе ги контролираат сите работи на реализација на проектот, а во текот на истражното работење нема да биде причинета штета на сопствениците на парцелите соопшти Југпрес.

Планот е да се изгради гасовод за јужна Србија, од Дољевац до македонската граница, кој ќе биде долг 146 километри и кој ќе обезбеди интерконекција со гасоводниот систем на Македонија и предуслови за гасификација на градовите и општините во јужна Поморавље во Србија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?

Стартува судењето против поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. 

Утре почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?

Тој утре за прв пат ќе седне на обвинителна клупа во Кривичен каде што ќе му суди за делото „злоупотреба на службената положба и овластување“ за кое во Кривичниот законик е предвидена затворска казна од најмногу пет години.

Груби додека траеше истрагата првично беше обвинет за потешко кривично дело „проневера во службата“ за кое затворската казна трае и до 20 години, но подоцна истото беше преквалификувано во злоупотреба на службената положба. Тој и уште седум лица се товарат за злоупотреби во „Државна лотарија“. Обвинителниот предлог беше поднесен пред десет дена на 13-ти август, а Груби кој е второбвинет во предметот во моментот се наоѓа во куќен притвор. Првообвинет е Прпарим Бајрами, претседател на Управниот одбор и Генерален директор на Државна лотарија. Тој и натаму е во бегство и е недостапен на органите на прогонот.

Според ОЈО обвинетите иако биле свесни дека Лотарија немала право да приредува електронски игри на среќа на видеолотариски терминали на територијата на државата, сепак започле постапка за набавка на видеолотариски терминали вредна стотици милиони денари, при што го оштетиле акционерското друштво за околу 8,2 милиони евра. Груби, како што е наведено во обвинението на владина седница одржана на 6ти јуни 2023 постапил спротивно на деловникот за работа на Владата и го заобиколил пропишаниот начин на одлучување.

- Вториот обвинет, кој имал реално влијание во раководењето со АД Државна лотарија, во својство на одговорно лице, претседавал со седница на Влада на Република Македонија во својство на собрание на Државната лотарија и предложил вака дополнетата точка на дневен ред да се усвои, иако бил свесен дека одлуката не е во надлежност на Владата како Собрание на Акционерското друштво, соопштија тогаш од Обвинителството

Поднесениот обвинителен предлог против Груби предизвика и низа политики рекации, а отвори и нов фронт во ДУИ. Партиски членови кои отворено излегоа со поддршка за Грби го обвинија партиското раководство дека го оставиле сам да се соочува со обвиненијата. Од ДУИ пак негираа дека внатре во партијата имало дебата околку солидарсноста за Груби и сметаат дека немало докази против него и оти станува збор за политички прогон, а Ахмети во интервју за косовски медиум тврдеше дека тој лично побарал од Груби да се врати во Македонија. Од Влен пак сметаат дека Аеран Груби е „црната кутија на ДУИ“ и дека може да проговори за она што се случвало во Мала Речица со годинни и дека поради тоа изостанала партиската поддршка за долгодогшниот интегративец.

Груби повеќе од една година беше бегалец. Ја напушти државата во декември 2024 преку граничниот премин со Косово и покрај тоа што беше на таканаречената „стоп листа“. По него беше распишана меѓународна потерница. На 23 февруари годинава Груби се појави на граничниот премин „Блаце“, каде што беше приведен и однесен во притвор. Сепак, тој во затворот во Шутка се задржа само неколку часа, бидејќи мерката по неговиот распит во Обвинителството му беше заменета со куќен притвор со 24-часовен полициски надзор врз основа на проценка од МВР и АНБ дека не можела да му се гарантира безбедноста во затвор. Заедно со него утре на обвинителна клупа ќе седнат и уште шест лица. И тие се сомничат за Злоупотреба на службена положба.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали Рама бил погрешно информиран за фестивалот „Преспа“? – Темелко тврди дека албанската химна била интонирана

Македонската химна се интонирала на почетокот, а албанската на крајот на фолклорниот настан „Преспа“ во Пустец, и тоа е технички пропуст- тврди за Канал 5 Едмонд Темелко.

Дали Рама бил погрешно информиран за фестивалот „Преспа“? – Темелко тврди дека албанската химна била интонирана

Македонската химна се интонирала на почетокот, а албанската на крајот на фолклорниот настан „Преспа“ во Пустец, и тоа е технички пропуст- тврди за Канал 5 Едмонд Темелко, поранешниот градоначалник кој е еден од организаторите на овој настан, а објави и видео за кое вели дека е доказ дека химната на Албанија сепак била пуштена пред присутните гости.

По острата реакција од премиерот Еди Рама и албанското МНР дека не се почитувале националните симболи и институционалниот протокол во четвротокот во Пустец, Темелко уверува дека немало никаква тенденција и смета дека медиумите избрзале со оваа вест уште пред да заврши настанот. Дополнително вели дека според закон за невладини организации во Албанија, немаат ниту задолжителна обврска за протокол со химна настан како што е фестивалот „Преспа“.

-Во меѓувреме исто имав и јас една изјава сред фестивал, за националната РТШ има снимки и се слуша и се гледа кај што кажувам дека химната ќе се интонира на крај. Почнуваме со македонската химна, албанската химна ќе се интонира на крај. Технички пропуст во смисла дека не се пушти на почетокот. - Едмонд Темелко – поранешен градоначалник на Пустец и организатор на фестивалот „Преспа 2026“

Темелко потенцира дека Македонците во Албанија се лојални граѓани, а за возврат од албанските институции не добивале поддршка особено кога се соочувале со бугарска асимилација пред последниот попис. Тој е зачуден што експресно добиле негативни реакции за химната, а кога не се почитуваат македонските државни симболи од страна на Албанци во Македонија, вели никој не кажува ниту збор.

-Чудно е како официјална Тирана затвора очи за она што секојдневно се случува во Македонија. Сите гледаме како на фудбалски натпревари во Македонија редовно се исвиркува македонската химна, се веат карти на голема Албанија, се сквернави државата, има провокации, па никаде во ниту една изјава на било кој политичар или медиум во Албанија немам видено реакција.- Едмонд Темелко – поранешен градоначалник на Пустец и организатор на фестивалот „Преспа 2026“

Фестивалот „Преспа“ е посветен на македонската традиција, култура и фолклор и се одржува речиси 30 години и според Темелко секогаш биле поканети и тамошните политичари, но тие никогаш не присуствувале. Годинава таму беше македонскиот премиер Мицкоски, а утредента се огласи Еди Рама на платформата Х со критика поради химната, и напиша дека ваквите појави биле „циркуски трупи кои го загрозуваат суверентитетот на Албанија“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во скопските општини и натаму се наоѓа застоена вода, која е „рај“ за комарците

Министерот за здравство Клековски и експертите за комарци на секоја прес-конференција апелира и објаснува дека најголема причина за прежвивување на комарците се застоените води. 

Во скопските општини и натаму се наоѓа застоена вода, која е „рај“ за комарците

Една таква слики е во урбано место каде претекувањето на езерото во водата формира застојана вода.

И покрај апелите и состаноците со градоначалниците од општините во Град Скопје, за испразнување на фонатани и водни површини во дел од населбите каде водните површини треба да се убав декор и уживање, оставаат слика на места со запуштени вода што се излева од базените и прави застој на вода во плочките до фонтаната во скопски Аеродром. Ентомологот од центарот за јавно здравје Николина Соколовска, објаснува дека обичните домашни комарци се тие што ја пренесуваат нилската треска од како ќе се заразат од птица, најчесто гаврани. Најголем рај за комарците е застоената вода, отпадот што не се собира на време.

Граѓаните раскажуваат дека ги избегнуваат водените површини, она каде што е суво комарци нема.

Соколовска објаснува дека прскањето најмногу зависи од временските услови. Науката објаснува дека најдобро прскањето да биде од крајот на март, а општините да имаат претходен план и навремено треба да ги завршат тендерите за набавка на средства за прскање. Многу често, кај граѓаните преовладува срамот ако член од семејство се заболи од нилска треска, и во неговиот дом и околина треба да се прска против комарци.

Досега кај 43 граѓани е потврдена нилската треска, пет починаа, 21 се лекуваат во инфективната клиника. Сите потврдени се од Скопје.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер