Манасиевски: Граѓаните се труеле со години, а СДС и Филипче молчеле иако добиле анализи од приближно 400 испитувања за загадена вода
2Манасиевски: Граѓаните се труеле со години, а СДС и Филипче молчеле иако добиле анализи од приближно 400 испитувања за загадена вода
МакедонијаПочна амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 годинаВо собраниската Комисија за финансирање и буџет почна амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2026 година.Според информациите објавени на веб страницата на Собранието, за Предлог-буџетот се поднесени над 100 амандмани. На седницата е присутна и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која ќе го образложи Предлог-буџетот. Вкупните приходи во Предлог-буџетот за следната година се проектирани на 374,7 милијарди денари, расходите на 413,9 милијарди денари, а капиталните инвестиции на 40,5 милијарди денари или 650 милиони евра. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП. Министерката Димитриеска-Кочоска на 28 октомври, на прес-конференцијата во Владата, кога го презентираше Предлог-буџетот, истакна дека со него се опфатени сите клучни политики што ќе се спроведуваат во следниот период, со јасна цел - да се забрза економскиот раст и да се постигне постепена фискална консолидација. Пленарната седница на која ќе се разгледува Предлог-буџетот за 2026 година, според најавите, е планирано да се одржи на 9 декември. Тагови: ребаланс на Буџетот Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСАД извршија нови воздушни напади врз цели во ИранСАД синоќа извршија нови воздушни напади врз цели во Иран, соопшти американската војска, откако претседателот Доналд Трамп најави одмазда поради, како што рече, иранските напади врз американски војници на Блискиот Исток.Сепак, и покрај заканите и предупредувањата на Трамп, тој не ја исклучи можноста за продолжување на дипломатски разговори меѓу двете страни Од друга страна пак, заменик-министерот за надворешни работи на Иран изјави дека Техеран повеќе од две недели нема побарано обновување на преговорите со САД. Воената ескалација дополнително се усложни со првите јавно потврдени заеднички американско-саудиски напади, кои уследија по нападите со дронови врз Саудиска Арабија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Граѓаните се труеле со години, а СДС и Филипче молчеле иако добиле анализи од приближно 400 испитувања за загадена водаГраѓаните се труеле со години, а СДС и Филипче како министер молчеле иако добиле анализи од приближно 400 испитувања за загадена вода.За 400 испитувања не било постапено, ниту пак биле известени граѓаните да не ја пијат водата. Венко Филипче денеска се обидува да држи лекции за заштита на здравјето на граѓаните, а токму во неговиот мандат како министер за здравство и истоимената институција Министерство за здравство располагале со информации за стотици случаи на неисправна вода, за кои граѓаните и јавноста не биле информирани. Денес, истиот човек кој не им кажал на граѓаните што пијат тогаш, денес се обидува да се претстави како заштитник на јавното здравје. Еве неколку примери: На ден 12.08.2021 година, Чешма во здравствен дом во М.Каменица не била исправна; Понатаму, 27.07.2021 година, чешма пред училиште Гумалево, Зелениково, не била исправна, повторувам чешма пред училиште во Зелениково; Денеска слушаме од СДС говорат за Дебарца па еве тука има документ кој вели на 29.06.2021 година, била земена мостра од вода за пиење од локален водоводен систем и утврдено е дека водата била небезбедна. Односно има отсуство на резидуален хлор. Ете зошто не го решиле проблемот досега. Одиме понатаму, Требеништа, Дебарца, истото место за кое што денеска говореа. Земање на мостра 11.05.2021 година, од место вода за пиење има отсуство на резидуален хлор и микробиолошка контаминација. Присуство на бактеријата Ешерихија Коли.Зошто Филипче како министер и Социјалдемократскиот сојуз тогаш молчеле и не го решиле овој проблем? Во Кочани одморалиште Пониква на 06.07.2021. Сето ова додека Филипче е министер за здравство и до него биле праќани овие извештаи, пишува Министерство за здравство, се вели дека водата не одговара на законски стручни прописи во однос на бактериолошка анализа, затоа што водата за пиење во одмаралиштето Пониква не одговарала на законските и стручните прописи во однос на испитаните параметри и има зголемен број на бактерии и присуство на бактеријата Ешерихија Коли. Повторно прашуваме зошто тука Венко Филипче како министер и Социјалдемократскиот сојуз не реагирале. Поставуваме едно многу едноставно прашање. Ако тогаш Филипче молчел, а имал институционална одговорност, со каков кредибилитет денес тој говори за здравјето на граѓаните? Има пријави до МВР и тие се поднесени. Очекуваме и Јавното обвинителство да го истражи овој скандалозен случај и да се утврди дали со прикривањето на овие информации биле загрозени здравјето и животите на граѓаните. Никој не смее да биде над законот без разлика на функцијата што ја извршувал. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГрад Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33
МакедонијаСудијата Мери Дика Георгиевска денеска започна со работните обврски во Уставниот судСудијата Мери Дика Георгиевска денеска ги започна своите работни обврски во Уставниот суд.Во рамки на првиот работен ден, судијката Георгиевска оствари работен состанок со претседателот д-р Дарко Костадиновски кој ја запозна со внатрешната организација и начинот на функционирање на Уставниот суд, како и со судиите и вработените во стручната служба. На судијата Георгиевска и се доделени работни материјали за претстојните активности на Судот. Во наредниот период на судијата Георгиевска ќе ѝ бидат распределени предмети по кои ќе постапува како судија-известител. Мандатот на судијата Мери Дика Георгиевска во Уставниот суд трае девет години.Тагови: Уставниот суд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter