Почна 50. Меѓународна ликовна колонија „Куманово 2024" - Канал 5

Почна 50. Меѓународна ликовна колонија „Куманово 2024"

 На јубилејното 50-то издание учествуваат десет ликовни автори од нашата земја и од Словенија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговона, Црна Гора и Романија.

Почна 50. Меѓународна ликовна колонија „Куманово 2024"

Почна Меѓународната ликовна колонија „Куманово 2024". На јубилејното 50-то издание учествуваат десет ликовни автори од нашата земја и од Словенија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговона, Црна Гора и Романија. Колонијата ја организира Музеј Куманово, под покровителство на Министерството за култура и туризам и Општина Куманово.

Драгана Спасковска, виш кустос историчар на уметноста, изјави дека станува збор за академски ликовни автори од различни генерации кои работат во различни ликовни правци.

-Наредните денови ќе творат во етнокомплекс „Тимчевски" во општина Старо Нагоричане. Создадената колекција ќе биде достапна за јавноста на 12 август кога ќе биде и завршната вечер. Горди сме што колонијата успешно опстојува 50 години, изјави Спасковска.

Првата креативна средба е одржана во 1974 година во конаците на манастирот „Св. Прохор Пчињски“ и, иако неколку пати ја менуваше локацијата на одржување поради познатите општествено-политички промени, до ден-денес колонијата се организира непрекинато. Резултат на таа континуирана активност е богатата збирка на дела на НУ Музеј-Куманово, која надминува 700 слики и скулптури.

-Нам како музеј ни претставува задоволство што успеваме да овозможиме креативно творење на национални и интернационални уметници. Се надевам дека и оваа година како и претходните, гостите ќе бидат задоволни и ќе си заминат со позитивни искуства, изјави директорката на НУ Музеј, Марија Миљуш Божурска.

Оваа интернационална ликовна колонија важи за една од најистрајните културни манифестации во Куманово, поддржана од локалната самоуправа и од Министерство за култура, а во комплетна организација на Фондацијата за култура и спорт и НУ Музеј - Куманово.

Директорот на Фондацијата, Марио Арангеловски, посочи дека соработката се одвива многу плодно, а колонијата, како што рече, од година во година продуцира се подобри уметнички дела кои подоцна одтануваат во сопственот на Општина Куманово и НУ Музеј.

-Покрај работните обврски, секоја година даваме напори учесниците да бидат максимално анимирани, со пригодни прошетки на некои атрактивни локации, како во Куманово, така и ширум Македонија, изјави Арангеловски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во Кина

Белата куќа потврди. Следната недела во четврток во кинескиот град Шенжен ќе се одржи состанок на Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин, на маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка -АПЕК.

Потврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во Кина

Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, изјави дека една од главните теми на разговорите ќе биде намалувањето на нуклеарното оружје. Претседателот јасно стави до знаење дека ќе се занимава со прашањето за намалување на нуклеарното оружје во светот. Американски претставник, кој зборувал под услов на анонимност, открил дека Трамп планира на средбата да го отвори и прашањето за Иран, а темата за Украина најверојатно нема да биде дел од трилатералните разговори, бидејќи сад водат одделни дипломатски процеси со Киев и Москва, во кои Кина не учествува. Американскиот претседател ќе отпатува во азија во понеделник, а според најавите, најпрво ќе ги посети филипините, по што ќе замине за шенжен, каде ќе се одржи самитот на АПЕК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Куба се подготвува за можен американски воен напад

Куба се подготвува за можен американски воен напад по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои беа протолкувани како закана за воена интервенција. 

Куба се подготвува за можен американски воен напад

Ова го изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој порача дека земјата е подготвена да се брани од секоја странска агресија.

„Одлучни сме да го одбиеме секој обид за странска воена агресија врз нашата земја“, рече Канел. Неговата изјава следува откако Трамп прашан дали би размислил за воена интервенција со цел да ја „ослободи“ Куба, за американски медиуми рече: „Сакам да ја решам Куба пред да си заминам“. Тој додаде дека САД внимателно ја следат ситуацијата на островот, оценувајќи дека земјата е во многу лоша состојба и дека практично е пропадната држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиуми

Кравите од Крива Паланка го обиколуваат Светот.

Кравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиуми

Веста дека стотици говеда шетаат слободно низ градот го објавија неколку угледни светски медиуми, како Асошиејтед прес и Еуроњуз, каде што случајот со кравите се најде во познатата рубрика „без комента“.

Медиумите наведуваат дека жителите на Крива Паланка, опишана како земјоделски град, се бори со повеќе од илјада крави кои им ги уништуваат имотите..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер