3Искра Хаџи Василева даде свечена изјава за стапување на функцијата основен јавен обвинител во ОЈОГОКК
КултураПочна 14. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“Во Велес вечерва почна 14. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“. Овогодинешното издание поради реконструкција на Античкиот театар во Стоби Фестивалот се одржува во новиот објект на Велешкиот театар. Фестивалот го отвори министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која рече дека вечерва овој град со респективна културолошка референца повторно станува местото на кое ќе се презентираат најновите и највредните остварувања на театрите од светот кои го негуваат античкиот и амбиенталниот театар и ја доближуваат универзалноста и современоста на мудрите антички приказни. Министерката истакнувајќи дека Фестивалот на античката драма веќе 14 години е интернационална ревија на претставите на ансамблите и авторите кои се препознатливи по својата естетика во меѓународниот театарски контекст, посочи дека „Стоби“ е една голема театарска платформа преку која Република Македонија се претставува и афирмира пред светот но, истовремено го носи и светот кај нас. - Поставувањето на една античка драма на театарската сцена е голем настан за секоја театарска институција, за секој актер која добива неповторливо искуство, да оживее лик создаден пред повеќе од две илјади години во моментот. Како што велел Аристотел, преку драмата, преку нејзиното живо дејствие, преку ликовите, ние гледачите се идентификуваме и доживуваме своевидна катарза, или како што тој вели, си ги прочистуваме чувствата, рече министерката за култура. Таа додаде дека оваа година на фестивалот на античката драма ќе продефилираат голем број комплесни ликови од минатото, креации на уметниците од Турција, Словенија, Грција, Албанија и Македонија кои ќе ги изведат познатите драми и адаптации на делата на Аристофан, Есхил и Софокле и ќе ја доловат нивната фантазија и нивниот разигран и богат јазик. Според уметничкиот директор на Фестивалот Зоран Љутков да се негува фестивал на античка драма значи да се надминува сопствената црвена линија со една единствена цел секое ново издание на фестивалот да биде подобро од претходното. На министерката за култура и градоначалникот на општина Велес Славчо Чадиев им беа доделени благодарници за заложбите за организирање на Фестивалот. Фестивалот беше отворен со концерт на Тони Китановски трио, и претставата „Антигона“ на театарот од Турција, во која настапуваат и двајца македонски актери кои студираат на државниот конзорциум при Истанбулскиот универзитет. Фетсивалот ќе трае до 22 септември, а продолжува на 10 септември со гостување на Ројс Денс компани од Грција со претставата „Античка крв“ која е прва премиера, а по премиерната изведба деновиве на островот Свети Ахил во Преспа. На 13 септември претставата е „Електра“ во режија на Лајтис Василу, на театар Александар Мојсиу од Албанија. На 15 септември ќе биде изведена претставата „Прометеј“ во режија на Дејан Пројковски на Турскиот театар од Скопје. На 17 септември Театарот „Комедија“ од Скопје ќе настапи со „Лисистрата“ во режија на Наташа Поплавска, а на 19 септември е „Електра“ на МНТ. На 20 септември ќе биде изведена претставата „Федра“ по текст на Сашо Димовски, а во режија на Александар Ивановски. Во претставата играат Васил Зафирчев од велешкиот театари и Маруша Облак. На фестивалот кој има натреварувачки карактрер ќе се натпреваруваат седум, од осумтте претстави, а последната „Крал Иби“ со настап на Велешкиот театар на 22 септември на затворањето ќе биде вон конкуренциј, а во чест на наградените На фестивалот ќе бидат доделени наградите Гран при за најдобра претстава, наградите за најдобра женска и машка улога и најдобра режија. Како новина на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби 2015“ годинава ќе има и тркалезна маса односно дебата за претставите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизБлокирана сметката на Јелена Карлеуша поради присилна наплата!!Сметката на Јелена Карлеуша е блокирана поради присилна наплата, должи 800.000 динари, а компанијата и претходно имала проблеми.Компанијата на Јелена Карлеуша, „JK Entertainment“, е во големи проблеми, а сега се дозна дека сметката е блокирана. Пејачката Јелена Карлеуша се најде во сериозни финансиски проблеми, а ова не е првпат таа да се соочи со ваква ситуација. Имено, најновите информации покажуваат дека фирмата во нејзина сопственост, која работи под името „JK Entertainment“, повторно е блокирана поради присилна наплата. Според податоците од официјалните евиденции на Народната банка на Србија, сметката на претприемачкиот субјект „Jelena Karleuša PR performing arts JK Entertainment“ има статус „блокирана поради присилна наплата“, а вкупниот износ на блокадата изнесува 788.703,15 динари. Најновата блокада е евидентирана на 6 ноември оваа година и, според податоците од 11 ноември, таа трае веќе пет дена. Од достапните податоци не може да се утврди кому му се должат парите, ниту пак врз која конкретна основа е покрената присилна наплата. Нејзината сметка и претходно била блокирана Ова не е првпат компанијата на познатата пејачка да се најде во ваква ситуација. Според евиденцијата, сметката била блокирана во пет наврати во текот на изминатите пет години, вклучително и оваа година. Првпат сметката на Карлеуша била во блокада на 17 октомври 2023 година, кога блокадата траела еден ден. Само една недела подоцна, на 25 октомври, сметката повторно била блокирана, овојпат во траење од осум дена. Финансиски тешкотии во вид на блокирани сметки биле забележани и на 26 септември 2024 година, кога блокадата траела еден ден. Слична ситуација се повторила и оваа есен, кога сметката била блокирана во периодот од 1 до 12 октомври, односно вкупно 11 дена, по што повторно била блокирана на 6 ноември. Присилната наплата подразбира постапка во која Народната банка на Србија, врз основа на соодветни извршни одлуки или налози, ги наплатува обврските од сметката на должникот без негова согласност. Ваквата наплата може да се спроведе по различни основи, вклучувајќи даночни и други јавни долгови, судски одлуки, како и одредени налози од доверители. Во овој конкретен случај, јавно достапните податоци го покажуваат износот и времетраењето на блокадата, но не ја откриваат природата на обврската поради која е покрената постапката. Инаку, фирмата „JK Entertainment“ е регистрирана во 2021 година за дејност во областа на изведувачките уметности.Тагови: Јелена Карлеуша Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаКанал 5 Телевизија со барање за извинување од Славе МладеновскиПоради тврдењата на Славе Младеновски од Здружението на медијатори на ЈИЕ, изнесени по електронски пат со содржина:„Има ли некој што мисли дека Канал 5 не добива пари за ваков вид емисии“, Канал 5 Телевизија бара официјално извинување во рок од 24часа Поради тврдењата на Славе Младеновски од Здружението на медијатори на ЈИЕ, изнесени по електронски пат со содржина: „Има ли некој што мисли дека Канал 5 не добива пари за ваков вид емисии“, Канал 5 Телевизија бара официјално извинување во рок од 24 часа. Во спротивно, ваквите инсинуации Младеновски ќе треба да ги докаже на суд. Бришењето на коментарот нема да влијае врз одлуката да се поведе правна постапка. На вчерашниот исечок од емисијата „Само вистина“, Младеновски коментираше и инсинуираше дека Канал 5 добивала пари за емисијата, која е бренд во македонскиот етер. На овој начин, Канал 5 сака да ги заштити својот углед, угледот на новинарите и слободата на говорот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Најпознатата хрватска навивачка покажа како навистина изгледа деколте „до папокот“Најпознатата хрватска навивачка повторно привлекува внимание: Покажа како навистина изгледа деколте „до папокот“.Хрватската навивачка, инфлуенсерка и диџејка Ивана Кнол повторно го привлече вниманието на јавноста со смело модно издание. Овој пат „жешката“ Ивана блесна на еден настап во Лас Вегас, каде што се појави во тесен, проѕирен чипкаст комбинезон кој остави малку простор за имагинацијата. Кнол, која стана позната во јавноста како една од најстрасните навивачки на хрватската фудбалска репрезентација, во последните години гради и диџејска кариера, а нејзините модни избори редовно предизвикуваат коментари на социјалните мрежи. За настапот во Лас Вегас, таа избра црн комбинезон со долги ракави, изработен од проѕирна тантела со цветен дезен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook