Николоски - Ивановиќ: На регионот му се потребни партнерства, регионална поврзаност и економска соработка
2Николоски - Ивановиќ: На регионот му се потребни партнерства, регионална поврзаност и економска соработка
КултураПочна 12. Џез фестивал „Прилеп џез викенд“Фестивалот вечер и утревечер на 2 септември кога ќе се заокружи ќе понуди уште 4 концерти. Со два концерта, еден на дуото Добрила-Доријан, вториот на интернационалниот состав на Јордан Костов (Јордан Костов, „Jingarabushi“) на малата сцена во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп и официјално почна 12. Фестивал на џезот – „Прилеп џез викенд“.Му претходеа два настана во придружната програма – во понеделникот концерт на Џенгис Ибрахим на археолошкиот локалитет Врбјанска ќука и на 29 август, во вторникот во Клубот Калинка настапија „Next to Silence“. Фестивалот вечер и утревечер на 2 септември кога ќе се заокружи ќе понуди уште 4 концерти. Публиката ќе ги види и „Soothsayer“, бенд кој го сочинуваат тројца млади, но веќе етаблирани музичари, потоа групата „Фолтин“, а последната вечер се концертите на гостите од Србија „3Gonome3“ и составот „Intergalactic mutant funk“. Добрила Грашеска, од дуото Добрила и Доријан пред публиката го претставија својот проект „Пиле шарено“ кој донесува познати македонски песни со нов аранжман и видување. Има веќе две години како го почнавме овој проект со мојот другар Доријан Јовановиќ со кого свириме заедно во „Чалгија саунд систем“. Во овој проект влеговме како дует. Она што најдобро го знаеме, тоа македонската традиционална музика и ја прикажуваме низ филтерот на нашето видување на музиката. Тоа значи низ нашиот современ спектар на поглед и на разбирање на музиката, на звуците, на шумовите. Во овој проект „Пиле шарено“ внесовме малку повеќе електроника, повеќе експериментирање со музиката.Пристапуваме од поинаков агол на она што го знаеме. А то во џезот е најважно. Во џезот се битни импровизацијата и слободната интерпретација на она што е знајно, рече Грашеска. Доријан Јовановиќ смета дека се потребни повеќе џез фестивали од помал формат за да се претстават сите талентирани изведувачи. -Прилепскиот џез фестивал е многу помал, да речеме од Скопскиот џез фестивал, но овие фестивали, во овој момент, ми се чини, се многу битни зашто може да претстават многу повеќее од помалите артисти, изведувачи кои имаат простор и можност да го покажат она што го работат. Затоа е големо значењето на овој џез фестивал. Треба да ги има повеќе. Во Прилеп има добра почва фестивалот, има традиција и еве се одржува успешно 12 години, смета Јовановиќ. По 12 години прилепскиот џез фестивал има извршено влијание и на публиката и на порезентацијата на музичари од земјава и од Регионот. - „Прилеп џез фестивалот“ продолжува да го претставува најдоброто како од Македонија така и пошироко, од Регионот.Фестивалот е позициониран на мапата на Фестивали и има оставено веќе значајни траги. Сите изведувачи кои настапиле досега во овие години извршиле силно влијание и врз публиката и врз креирање на една фестивалска историја. Им се дава шанса, најмногу на македонски музичари, на млади музичари, се промовираат нивните проекти, експериментални. Секогаш се покануваат и гости од Регионот, рече Снежана Ристеска, советник за култура во Прилеп. Фестивалот „Прилеп џез викенд“ е во организација на здружението за субкултура „ПП Џез фестивал“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизОдложени се концертите на „Парни ваљак“ во Словенија и Швајцарија- пејачот мора на операција Парни ваљак објави дека ги одложува сите концерти планирани за октомври и ноември. Причина е операцијата на гласните жици на која треба да се подложи пејачот Игор Дрвенкар, по што му треба време да се опорави. Пораката на бендот до публиката Бендот се обрати до публиката преку социјалните мрежи. „Поради оперативната интервенција на гласните жици на која мора да се подложи нашиот Игор и потребното време за закрепнување, принудени сме да влеземе во состојба на мирување во текот на 10-тиот и 11-тиот месец од оваа година и да ги одложиме сите концерти во тој период“, се вели во соопштението. View this post on Instagram A post shared by Parni Valjak (@parnivaljak) „Здравјето на Игор е наш прв приоритет, а сега најважно е што има доволно време за целосно закрепнување. Ви благодариме за разбирањето, поддршката и трпението. Се надеваме дека наскоро сите ќе се вратиме на сцената заедно, веќе во 12-тиот месец, каде што сите сме најсреќни - заедно со вас!“ Дрвенкар: Се надевам дека ќе се вратам во декември Самиот пејач Игор Дрвенкар се обрати до јавноста со својата порака. „Драги мои, за жал, дојде време да престанам засега и да се посветам на моето здравје и целосно закрепнување. Знам колку сите се радувавме на концертите што нè очекуваат и верувајте ми, не ми е лесно што ќе мора да ги одложиме“, напиша тој. „Да бидам на сцената, да пеам и да ги споделувам сите тие моменти со вас е нешто што навистина ме исполнува, и затоа оваа пауза ми е уште потешка. Но, здравјето сепак е на прво место и верувам дека ова е само кратка пауза по која ќе се вратиме уште посилни. Се надевам дека во декември повторно ќе бидеме заедно, ќе пееме со сета сила и ќе надоместиме за сè што пропуштивме. Ви благодарам од дното на срцето за вашето разбирање, поддршката и сите убави зборови. Се гледаме наскоро!“ Информации за билетите Одложените концерти се настапот на 17 октомври во Домжале во Словенија (Спортска сала) и 7 ноември во Цирих (Stadthalle Dietikon). Бендот вели дека за сите информации за претходно купени билети и нови датуми, треба да ги контактирате организаторите.Тагови: Парни ваљак Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШасивари - Нгефа: Меѓународниот дијалог отвора нови перспективи за соработкаМинистерот за правда Јетон Шасивари оствари билатерална средба со министерот за правда на Демократска Република Конго, Гијом Нгефа, во Истанбул, каде што двајцата учествуваат на Меѓународниот самит за правда.Средбата беше можност за непосреден разговор за состојбите во правосудството, институционалните искуства и предизвиците со кои се соочуваат државите во обезбедувањето ефикасна и достапна правда. Различните правни системи и институционални искуства нудат можност за размена на гледишта за улогата на правосудството и значењето на владеењето на правото во современите општества. Соговорниците ја истакнаа вредноста на отворениот дијалог и меѓусебното разбирање како основа за развивање контакти и разгледување можности за идна институционална соработка.Тагови: Јетон Шасивари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35
МакедонијаНиколоски - Ивановиќ: На регионот му се потребни партнерства, регионална поврзаност и економска соработкаЗаменик-претседателот на Владата, Александар Николоски во рамки на работната посета на Црна Гора, денеска во Подгорица оствари средба со Филип Ивановиќ, заменик-претседател на Владата на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи.На средбата беа разменети мислења за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, продлабочување на добрососедските односи и можностите за интензивирање на соработката во областите од заемен интерес. Посебен акцент беше ставен на европската интеграција на земјите, регионалната соработка и значењето на заедничката посветеност на европската перспектива на регионот. Беше заклучено дека на регионот му се потребни партнерства, регионална повраност и економска соработка. Македонија е подготвена да биде активен партнер во создавањето таков регион, истакна на средбата вицепремиерот Николоски. Соговорниците ја потврдија важноста на отворениот дијалог и континуираната комуникација, како основа за зајакнување на партнерството меѓу двете земји како и унапредување на стабилноста и просперитетот на регионот.Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter