Почит кон жртвите и поддршка за повредените – во Кочани продолжува одбележувањето на годишнината од трагедијата - Канал 5

Почит кон жртвите и поддршка за повредените – во Кочани продолжува одбележувањето на годишнината од трагедијата

По една година помината во лекување во болниците, редовни медицински контроли, закажување на нови интервенции поради повредите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, за прв пат денеска ги облекоа патиките и дресовите и играа кошарка.

Почит кон жртвите и поддршка за повредените – во Кочани продолжува одбележувањето на годишнината од трагедијата

Повредените играа турнир во чест на нивните загинати другари. 36 годишниот Драган Давитковски е со повреди од кобната ноќ. Многу се чувствувам подобро, одам редовно на ласерски третман во Скопје, редовно доаѓаат пулмолози во Кочани, вели Дејан. Денеска среќен што со неговите сограѓани кои заедно се бореле за живот во болницата денеска веќе може да спортуваат.

Голема поддршка во лекувањето на физичките рани, но и со разговори е докторката и директорка на кочанската болница Катерина Паниќ Мирчовска. Таа денеска на теренот беше среќна што играат кошарка. Овие млади луѓе ќе имаат нова предизвикувачка година кај дел ќе требаат нови хируршки интервенции, но се треба да е внимателно и без брзање потенцира Мирчовска.

Најголема поддршка на младите кошаркари им дадода нивните граѓани кои со насмевка ги бодреа и во натпреварот и во борбата во лекувањето.

На градскиот плоштад велосиопедисти со возење на неколку рути одаде почит на загинатите во пожарот и поддршка за повредените.

Денеска и утре продолжуваат активностите посветени на една година од пожарот во Кочани, каде загинаа 63 луѓе, а 200 беа повредени.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шкода Славија добива голема надградба: Нов изглед, поголеми екрани и 8-степен автоматски менувач

Шкода го претстави моделот Славија во Индија пред речиси пет години, а сега на локалниот пазар му ја претстави освежената верзија на овој модел.

Шкода Славија добива голема надградба: Нов изглед, поголеми екрани и 8-степен автоматски менувач

Славија е еден од клучните модели на понудата на Шкода „Made in India, for India“, а ажурираната верзија доби модифицирана предна решетка со нови фарови. Исто така, има редизајниран браник со поспортски отвори за воздух, нови светла за магла и поширока хромирана лента.

На остатокот од каросеријата, промените се многу подискретни. Автомобилот сега има редизајнирани бандажи, додека нови светла со секвенцијални трепкачи се инсталирани на задниот дел, објавува „CarScoops“.

Промените во кабината се поскромни, но Шкода подготви нови комбинации на бои и материјали, како и интересна новина за задните патници - функција за масажа на задните седишта.

Исто така, има и нов мултимедијален систем со дијагонален екран од 10,1 инчи. Дел од него е „AI Companion“, базиран на технологијата „Google Cloud Automotive AI Agent“. Системот е специјално адаптиран за индискиот пазар и може да ги препознае различните акценти на англискиот јазик што се користи во Индија.

Асистентот со вештачка интелигенција овозможува контрола без раце на музиката, повиците и поставките на климатизацијата. Инструменталната табла е исто така подобрена, па затоа Славија сега има поголем дигитален екран од 10,25 инчи.

Исти мотори, но нов автоматски менувач

Шкода Славија сè уште ја користи локално развиената платформа „MQB-A0-IN“, додека познатите 1,0 и 1,5-литарски „TSI“ мотори се задржани во понудата.

Послабиот „1,0 TSI“ развива 115 КС и 178 Nm, и може да се комбинира со шестстепен мануелен менувач или нов осумстепен автоматски менувач. Го заменува претходниот шестстепен автоматски менувач.

Помоќниот „1,5 TSI“ произведува 150 КС и 250 Nm и сè уште е комбиниран со седумстепен „DSG“ менувач. Сепак, Шкода направи уште една техничка промена, па верзиите со овој мотор сега имаат диск сопирачки на задната страна наместо барабани.

Иако Славија е првенствено наменета за индискиот пазар, Шкода го извезува овој модел и во други земји во Азија, Африка и Блискиот Исток. Се очекува оваа практика да продолжи и со рестилизираната верзија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муртезани ја презема функцијата амбасадор во НАТО

Поранешниот министер за европски прашања Орхан Муртезани објави дека ја презема функцијата амбасадор и постојан претставник на земјава во НАТО.

Муртезани ја презема функцијата амбасадор во НАТО

Тој е еден од деветтемина нови амбасадори чии имиња поминаа на владина седница во февруари годинава..

-Нова должност, иста одговорност. За мене ова е ново професионално поглавје, но истовремено и продолжение на истата определба –Македонија да биде сигурна дома, кредибилен сојузник и држава која има свој глас и придонес во евроатлантското семејство. особено денес, кога безбедноста не може да се зема здраво за готово, членството во нато носи и привилегија и одговорност, напиша Муртезани во објава на фејсбук..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вработен во банка во Гевгелија украл над 145 илјади евра од сметките на двајца клиенти

Вработен во банка во Гевгелија доби кривична пријава бидејќи со месеци неовластено пристапувал до сметките на двајца клиенти и присвоил речиси 150.000 евра.

Вработен во банка во Гевгелија украл над 145 илјади евра од сметките на двајца клиенти

„ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против 52-годишниот К.К од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘проневера во службата’.

Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца корисници, при што причинил материјална штета на банката“, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер