Повеќе од 1.000 километри со едно полнење! Ова се најдобрите електрични автомобили за патувања на долги релации
2Повеќе од 1.000 километри со едно полнење! Ова се најдобрите електрични автомобили за патувања на долги релации
Веб ТВПочист воздух во Скопје во следните пет години – ова е целта на новиот планПочист воздух во Скопје во следните пет години – ова е целта на новиот план за борба против аерозагадувањето. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈавна дебата за планот за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје Почист воздух во Скопје во следните пет години – ова е целта на новиот план за борба против аерозагадувањето. Каде е најголемиот проблем и кои мерки би дале најдобри резултати? На денешната дебата беа презентирани анализите за загадувањето во изминатите десет години, како и компјутерски модел кој овозможува да се предвиди како предложените мерки би влијаеле врз квалитетот на воздухот. „Направено е моделирање на аерозагадувањето со светски признат модел, односно софтверот ADMS Urban, кој е развиен од Кембриџ и валидиран со постојната мерна мрежа, односно мониторинг-станиците на Министерството за животна средина и просторно планирање. Направен е еден дигитален близнак на овој модел со којшто може да се прави идно предвидување и моделирање на дополнителни емисии на загадувачки супстанции.“ – доцент на Машински факултет – Скопје. Мерките за намалување на загадувањето опфаќаат повеќе сектори, а нивното влијание врз квалитетот на воздухот се менува во зависност од периодот во годината. Од Машинскиот факултет посочуваат дека во грејната сезона особено се издвојуваат домаќинствата. „Мерките се однесуваат на промена на енергентите што се користат за греење во домаќинствата, субвенционирање на топлински пумпи, користење соларни панели во индустријата, како и примена на најдобрите достапни техники. Во делот на транспортот, предвидена е набавка на електрични автобуси, проширување на велосипедската мрежа и воведување зони со ниски емисии во централното градско подрачје.“ – доцент на Машински факултет – Скопје. Од иницијативата „Стоп за Усје“ реагираат дека мерките што се однесуваат на цементарницата не го адресираат, според нив, главниот проблем со емисиите на азотни оксиди. „NOx е емисијата која што е навистина проблематична за Усје, бидејќи Усје актуелно прави 500 милиграми на метар кубен, вредност која е над европски дозволениот максимум. Затоа апелираме да се направи детална ревизија на предложените мерки и да се применат предлозите и препораките од сите учесници.“- – Марија Манучева, Иницијатива „Стоп за УСЈЕ“. Покрај мерките за намалување на емисиите, потребен е и подобар систем за следење на метеоролошките услови и загадувањето. Лидија Стојова предлага во секоја општина да има автоматска метеоролошка станица и станица за мерење на загадувачките супстанции, со цел попрецизно да се утврди ширењето на загадувањето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеДесет потврдени случаи на ковид во Болницата КозлеДве бебиња со компликации на ковид се примени во Клиниката за белодробни заболувања „Козле“,кај десетина деца е потврден ковидот лабораторски во текот на претходната недела. Едното бебе имало исип и висока температура и имало сомневање за морбили, но лабораторијата потврдила ковид. Педијатарите објаснуваат посебно внимание со новороденчињата и бебињата во овој период, пред се оние кои не се вакцинирани поради малата возрст со МРП вакцина. „Шест месечно бебе доенче, е примено со осип на кожат и висока темпертатра, првите сомнежи беа дека има ситни сипаници. Но, се потврди дека е ковид. Второто дете е старо 40 дена со висока температура и потврден ковид“, вели прим.д-р Елена Ѓиновска Тасевска од детската клиника Козле. Засега нема потврдено грип и РСВ вирус кај малите пациенти од болницата Козле, најчести се респираторните вируси и дневно има до 100 прегледи, за викенд и до 120. „Родителите за секоја температура и настинка да не одат во болница, има поболни деца во чекалните со адено вирус и може да се разболат дополнително“, вели прим. Тасевска. Од ИЈЗ потврдија дека нема нови случаи со морбили, потврдени беа кај пет лица, кои не биле вакцинирани против морбили. Тагови: Ковид-19 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВласта го одби барањето на СДСМ предлог – Законот за јавни набавки да биде повлечен од дневен редВладеачкото мнозинство го отрфли предлогот на пратеничката од опозициската СДСМ Сања Лукаревска да биде повлечен од дневен ред предлог-законот за јавни набавки.Опозициската партија вчера поднесе над две илјади амандмани на предлог – законот, откако претходно претседатлката Сиљановска Давкова стави вето поради членот што овозможуваше неограничената можност за реизбор на составот на Државниата комисија за жалби.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook